8+ Доручек: просо со јаболко и тиква и малку кокосово масло. Ручек: црвена леќа, пилешко месо, батат, морков, маслиново масло. Ужинка: оризови галети со боровинка. Вечера: хипп каша со бисквити.
8+ П: овес, сливи и јаболко Р: компир, спанаќ, батат и телешко месо В: палента со грчки јогурт и моцарела
Нашите се три недели разлика отприлика вие имате и вечера и ужинка од кога ги воведе? Знам дека не си во мк, овде подијатрите сите со поделени мислења за вечера некои од 8+ некои од 9+
Почнавме со вкусови на полни 5, на 6 веќе воведов вечера а преку ден пробувавме вкусови и пополека тоа и стана ручек. Јас на крај воведов доручек зошто ја дојам кога ќе стане (зошто многу млеко имам насабајле заради тоа што пролактинот е тогаш највисок) а и за кратко после тоа и е првата дремка па ми одбиваше доручек и решив тој последен да го воведам. На околу 7 ипол месеци и воведов ужинка, некогаш и давам шмукалче некогаш смока или малку лепче (парченца) зошто ја гледам дека сака да џвака. И пак се доиме 4-5 пати дневно. На сабајле, пред дремките и пред спиење и ноќе минимум 1 станува за цицање. Инаку не мерам колку ќе изеде по оброк, и давам додека отвара уста. Кога ќе почне да врти глава и да ми ја бутка раката престануваме. Ако после тоа огладне пак и давам ужинка или ако останало многу од ручекот продолжуваме со ручек. Ова се препораките од мојот педијатар (сликата подоле), јас по ова се водев. Не знам дали се разбира ама има и сликички. Само што мене ми немаше логика да давам житарки со овошје пред вечерата, во Мк се рачуна тоа како доручек па затоа од 7 месеци тоа го давав како доручек иако до ден денес не го обожава баш доручекот и често знае да го скокне.
8+++ Д: Hipp инстант каша (житарки со бисквити) + круша, костен, цимет Р: Просо, спанаќ, магдонос, лук, маслиново масло + грчки јогурт В: Овес, банана, вишни, цвекло, кокосово масло
Јас со жолчката искинав живци, месец ипол жолчка и давам, првиот ден нема ништо вториот ден црвени обравчиња па правам пауза од недела дена, па пак давам два дена исто црвени обравчиња, и еве денес пак само што ја допрев со кашата на обравче се зацрвени,и не и давам повеќе ќе почекам некаде на 10 месеци ќе дадам пак
8+ Д: палента + јаболко + праска + кокосово масло. Р: компир + телешко месо + спанаќ + тиквичка + маслиново масло. У: двопек. В: житарки со млеко.
8++ Д: Палента со готова кашичка јаболко и манго, малку сируп од урма Р: Печена белвица со печен компир и батат