Која паста ја даваш? Пробав со таа од Дм од црвена леќа, не ја сака. Д: Овес+јаболко+малини+боровинки Р: Телешки бифтек+тиква+тиквичка+батат В: Хип ноќна каша со 7 житарици
Сега дадов од Лидл свежа што имав земено некоја (пченична), ама давам и јуфки често. Од леќа не сум дала, со нејадачкава прво вака да пројаде нешто по како за нас па ќе пробувам поздрави варијанти. Од леќа ни мм не можам да го натерам да јаде не па ќерка ми хах
9 Д: овес, цвекло, вишна, јаболко, банана Р: мисиркино месо, боранија, блитва, лук, маслиново масло, кус-кус В: Hipp кутија milk & cereal
7++ Д: печена тиква + семолина Р: грашок + кромид + пилешко + парченца надробени домашно интегрално лепче
9+++ Д: мултигреин на хип со јаболко и кајсија Р: телешко компир морков грашок тиквичка пашканат кромид лук маслиново В: ориз со авокадо и кисело млеко
8++ Д: амарант + јаболко + круша + кокосово масло. Р: компир + морков + пашканат + грашок + кромид + маслиново масло. У: хипп бисквита. В: палента со грчки јогурт.
Д: Овесна каша со банана, круша, сува кајсија, путер од бадем и малку цимет Р: Ориз со пилешко и брокула (плус кромид, морков, пашканат) В: Ноќна каша на хип со јаболко и бисквита
9+++ Д: палента со јаболко авокадо крушка Р: ориз со кисело млеко спанаќ грашок тиквичка пашканат лук маслиново В: хип овес со јаболко ноќна инстант каша + банана и какао
Здраво како го спремаш оризот со кисело млеко? Можи малку глупо прашање ама подобро да прашам него да правам без врска, дали киселото млеко го додаваш во кашата или наизменично го даваш
Одозгора или на страна ставам и не мешам скроз па црпнувам по малце во секое лажиче. така и мене лично ми е поубаво а и на ќерка ми.
Баш ми е мило, еве и мојава не е некоја јадачка ама и се допадна вчера. Е ако си ставила лукче спреми се да и смрди устичето до утре хах
Денеска бевме на контрола за три месеци е само 1100 поправена се насекирав,крвна слика утре ќе и направиме, вака весела е активна ама нејадач е од кога е родена, на почеток се борев со млекото сега и со млекото и со кашите