После 4 месеци помалку качуваат килажа а повеќе се издолжуваат. Мојава качуваше супер на почетокот дур беше само на доење, како почна да јаде цврста храна и да е поактивна така се послабо. Последниов месец дури и ослабена беше малку од што дур ги вадеше горните заби ништо не сакаше па после болна повраќаше шлаем… крвната слика и е супер и е весела па не се замарам најискрено. Еве сега почна поубаво да јаде можеби ќе се врати во нормала со растот.
На почеток се секирав многу, и мојата беше ослабена, многу заби наеднаш извади 4 горе 4 долу. На почеток кога беше само на млеко ептен се секирав, не пиеше млеко, слабо напредуваше крвната слика хемоглобинот на граница хаос бев
Хемоглобинот на мојата е близу граница од 2 месеци, пиеше и суплементи едно време ама исто си седи цело време не паѓа повеќе. Еве и сега со нејадењево болна дур беше кога и земаа крв се изненадив дека не и паднал. Не мора да значи дека ќе падне ако е на долна граница не се секирај толку, провери го да знаеш ама и да падне има суплементи не е толку страшно
9+++ Д: палента со пасирано јаболко и кокосово масло + хип каша праска крушка Р: пилешко(холе тегла) со модар домат морков леќа кромид маслиново В: кисело млеко со овес и амарант
9 Д: Holle кутија житарка со банана + круша Р: Телешко месо, компир, кромид, пиперка, маслиново масло В: Кус-кус со путер и грчки јогурт
И кај нас е на граница кога и да и провериме,јас на почеток се секирав кога беше само на млеко значи бебето не напредуваше, сега барем ке се напие млеко малку каша малку не е без ништо
9м д - киноа, јаболко и праска Р - телешко, морков, компир, модар патлиџан и кромид В - гриз и банана измеѓу смоки на хипп
9м Д: овес, банана, спанаќ, киви, кокосово масло Р: црвена леќа, модар домат, тиквичка, зелена пиперка, кромид, лук, магдонос, маслиново масло В: киноа, јаболко, круша и цимет
Не сум правела од таа конкретно, ама да не ја ставаш во многу топла вода? Генерално заради тоа се прават грутки, или стави ја во ладна и стави на на шорет, или на шпорет згреј си вода, а во мало филџанче измешај ја дозата со ладна вода колку да се раствори само.
Јас имам ваков проблем со бебуш откако сме почнати со цврста храна. На почетокот читав дека е нормално да има промена во столицата ама еве веќе месец дена трае. Бебуш е точно 7 месеци, секој ден кака по неколку пати ама малку и тврдо како да неможе да си се испразни целосно. Пробувам да давам почесто круша, слива ама не помага многу. Секој совет е добредојден.
Како ја правиш? Јас ја имам истата на Хип, убаво се прави, нема грутчиња. Јас ја правам со ад, прво млекото си го правам со млака вода, го ставам во чиничето, а потоа ставам две лажици семолина и мешам, таа количина ја правам. Низ неа има многу ситни зрнца, ама нема грутки.
Нормално е да е потврда столицата некогаш, но битно е да не се мачи неколку дена да не може да се искака. Кога има мака треба да се избегнуваат: морков, компир, ориз, банана, а почесто да се дава слива, круша, овес, чиа, мешунки, тиквичка, брокула. Можете и потечно да давате како манџички ако ептен имаат мака
Во секој ручек ставам пола мала лажичка маслиново масло, во секој доручек кокосово масло. Ептен ретко давам компир, а морков скоро никогаш не и давам. Исто ориз и гриз избегнувам пошто и тоа стврднува. Наместо компир и морков давам тиква или батат, пашканат.
11+++ Д: омлет со спанаќ + тостирано лебче со кисело млеко Р: грашок манџа со стек У: хипп бисквитче В: чиа пудинг со банана, боровинки и малку путер од кикиритки
Исти случај малата има 9 месеци и сеуште така тврдо какат, по три пати се какат ама тврдо, давам суви сливи круша, ама нема подобрување, тиква кога и давам за ручек знае да и омекне столица ама не многу, секој ден не можам едно исто да и давам само на слива да е или круша