Давам овес почесто го мешам со слива круша ставам малку јаболко кокосово масло, обавезно за ручек маслиново масло, ама целосно не ги избегнувам компирот морковот, сепак со нешто треба да се направи јадење, нетреба ни палента да се дава ама јас давам еднаш неделно,банана кога давам гледам да е помека,вчера го прашав матичниот вика нормално е додека се привикне стомачето
Обавезно за ручек маслиново за доручек кокосово и ставам,гриз не и давам, ориз еднаш неделно, исто и со компирот еднаш неделно, не и давам секој ден, ама сакам да и е разновидна исхраната да не е едно исто, па затоа и тие намирници што стврднуваат столица ги давам, се нема случено да не какат неколку дена тоа веќе е запек, какат секој ден ама тврдо
Па како што пишува во упатството.. топлам вода да зоврие па ја оставам до 50 степени да се излади, ставам 3 големи лажици семолина и одозгора водата 120мл и мешам ама ептен грутки големи некако а ако ставам уште вода претечно е...Ова за 4 месеци количинава како на упатството.. нешто погрешно правам чим не ми се меша а не змам што
Јас обично кога ќе и дадам слива и круша следен пат не и е толку тврда столицата нас само тоа не спасува.
Еве 10м ќе прави и уште така некогаш кака ама не сум помислила дека е проблем бидејќи по неколку пати во ден се олеснува. Исто и јас давам компир, морков, ориз не и ги тргам од исхрана ем ги сака ем се нутритивни.
Мајки, препорака за некои вечерни каши со добар состав? Дома имам на нутрино житна ама гледам не е добар составот
@Guns N` Roses Зошто ја правиш со формула? Нели има во самата семолина од Хип млеко . @Aledarkali Пробај тиквица да ставиш. @Baby warrior Од дм е убаво има две големини на теглички.
9+++ Д: амарант со каша хип праска крушка + парченце од baby торта Р: пилешко (холе) со цвекло батат морков спанаќ кромид маслиново В: инстант овес со јаболко ноќна каша на хип со малку какао банана и малина (не и беше по ќејф па јадеше смока и бисквита )
А мене ме интересира дали вие сите со бебиња од 7 месеци нагоре, менијата што ги пишувате со месо или со ориз или паста, дали тоа се се кашички блендирани или и како парчиња давате? Цело време отварам тука пратм се спремам и јас ама не знам дали се парчиња или кашички
Месо блендирам, знам по некој од зеленчукот да испасирам да има текстура. Само мелено давам на парченца Ориз прво давав од кутија бебешки, после 9м веќе давам цело зрно. Паста од старт давам парченца
9+++ Д: мултигреин хип со јаболко цвекло кокосово Р: кускус цвекло батат модар морков спанаќ кромид маслиново В: тарана и експандирана хељда со грчки јогурт
Месо сецкам (освен мелено, нели), ориз давам цело зрно од старт, само малку повеќе разварен, не блендирам ништо.
И јас гледам да не блендирам веќе ништо ама не ми успева со некои работи, пример со вишни, боровинки и слично. Како ги пасираш без да се одвојат лушпите? Страв ми е од тие лушпи, некако ми се тегнат големки