Оваа недела ќе почнам со млечно па за две недели и тестенини, предлози за тестенини во 8ми месец кои дававте и како ги спремавте?
Мислам дека пола јадење го фрлам кога ги вадам нив мислев да не има некоја финта ама изгледа ќе мора така
Тарана или јуфки давам со грчки јогурт/кисело млеко многу ги сака а друга паста обична пченична како за нас ама отпосле изгмечена со вилушка на ситни и со некој зеленчуков сос зависи што имам во фрижидер (имав пишано некоја комбинација во темава)
Тргај ги лушпите пред да ги измешаш со кашата, изгмечи ги прво нив во тањирче (боровинки, цреши, било што), па после додади се друго. А ако се замрзнати претходно, под млаз вода многу лесно се одделува лушпата.
Истава мојава многу ја сака, дури и ручек зеленчук ако не и погодам и го мешам со оваа и грчки и јаде земав сеа некоја друга со јајца следно таа ќе ја пробаме оваа малце бљунткава е
Исто и кускус давам често дека и ние го јадеме заборавив да го спомнам. Со грчки или кисело млеко или нешто зеленчук тиквичка, модар, лукче некоја таква мешавина. Имам исто нешто споделено низ темава побарај
Мислам дека ја има и во Кам, јас во локален маркет ја зедов. Некаде како да прочитав низ темиве ја имало во Стокомак. Исто без јајце ги зедов макароните со леќа од Дм, ама мојов не ги сакаше.
9+++ Д: гриз со пасирано јаболко Р: риба компир модар лук кромид маслиново + малку тарана и кисело млеко(не и се допадна рибата мислам па да и замаскирам вкус) В: палента грчки јогурт авокадо маслиново
Слично имам давано на ќерка ми и се свиѓаше многу, можеш лажица грчки јогурт ако нешто не е по ќејф ама подобро без
Знам затоа пишав подобро без грчки и мојава нема нешто висок хемоглобин, ама додавам грчки кога нема да и е по ќејф неам чаре