Млечен производ дека е. Млечно не се меша со продукти кои содржат железо, за да може поубаво да се ,,врзе”. Во ситуации каде е супер хемоглобин и железо,може да си јаде/јадеме. Вака лаички објаснето.
Кај малата нон стоп е на граница не се поправат со исхраната, давам и витамин ц капки ама бадилаја исто си е
Јас сум цел живот анемична, и сум под терапија нон стоп, обавезно кога пијам терапија за железо пијам и витамин ц, а кафе чај и млечни производи по два часа може да се пије или јаде
9+ Д: овес, банана, цвекло, јаболко, вишна Р: кус-кус со путер и спанаќ + грчки јогурт со жолчка В: Hipp ноќна каша со банана и какао
9+++ Д: мултигреин на хип со крушка и цвекло Р: пилешко на холе со компир модар домат цвекло лук кромид маслиново В: тарана амарант кисело млеко авокадо спанаќ маслиново денеска се изнајаде на сите оброци ама вечерава ептен и се погоди во еден здив ја смачка
Сега со пастава пак треба да ставаме и житарка или така се погодила вечерава кај вас? За недела две планирам да почнеме со тестенини па учам
9+ П: овес со јаболки и круша У: грчки јогурт Р: компир, спанаќ, телешко В: палента со путер и кисело млеко
Прашањево е зошто мешам тарана јас со други житарки? Посебна љубов има мојава во тоа зрнцата тарана а не сакам да и давам само тарана често и затоа помала доза и ја мешам понекогаш со некоја нутритивна житарка. Истава вечера да и ја дадам без тарана ќе ја изеде пола, а сега изеде 200г со сласт прв пат од кога е родена
Хах ќути, 2 месеци само фрлав храна…Среќа се разјаде периодов не знам што и стана, дали едноставно прашање на време било или јас и го сфатив осетот за вкус па почнав да и погодувам тоа што и е вкусно.
Почна со ужинки за во градинка да се навикне така? Што друго планираш да даваш? Треба и јас полека да и воведам за да заменам еден подој па се мислам што би и давала: грчки јогурт, кисело млеко, банана, шмукалче, некои смоки/оризови галети ми беа на ум друго не знам хмм
Почнав со ужинка оти се вратив на работа, таа е дома со бебиситерка, пред 2год нема да трга во градинка. Ама не си одам за подој на сред работно време, туку на крајот, саат порано си одам. И затоа наместо подојот меѓу појадок и ручек, сега има ужинка, најчесто грчки или кисело млеко, оти за појадок јаде житарка со овошје.
9+ Д: киноа, круша, киви и цимет Р: телешко месо, батат, модар патлиџан, маслиново масло В: палента со путер, лук и спанаќ + грчки јогурт