7++ Д : јуфки со урда Р: леќа со тиква и морков Од доручек касна малку ,од ручек речиси ич ... сеа гриза банана во оние цуцлите
Ја да те охрабрам еве и мојава денес ми правеше шоу мислам ради кокосовото во кашата сабајле прв пат и ставам и ми ја буткаше раката изеде со судни маки 130гр а превкусно беше ја си ја дојадов
10м Д:експандирани амарант и хељда со слива кајсија авокадо банана + неколку боровинки Р:риба со батат и кромид (со молење едвај 100г, давајте предлог за други комбинации со риба) + смоки В: ноќна каша житарки дмбио + пола шмукалче
Абе ја имам снимени не сакам да ја пуштам по форуми мафта со глава вика не не Викам на мм леле тешко нас ќе е со ова уште 7 месеци ,,не" знаела што е
Хахахаха мојава кога пробувам да ја успијам а се инати ми вика ЊЕ! И се фрла цела од раце ќе ми стане мислиш драмааааа. Засега Мама и Ње ни се два зборови што ги знае хахаха
Бебка цица уште, ноќе се буди 2 пати секако за доење, последниот подој и е отприлика околу 05-06ч и потоа се буди околу 07/07:30ч. Кога ќе стане, после пола саат јаде појадок, не цица пак.
Мама /вава/баба ама некако без знаење мислам дека се ама за ,,НЕ" знам дека е со значење затоа шо дури и со глава пафта
Кај мене во 7:30 станува и давам млеко, па после млекото каша ама не е баш гладна, ако и го скратам и тоа млеко ќе пие само навечер а тоа така е малку, иначе има само насабајле млеко и пред спиење навечер
Колку месеци е? Бебка преку ден цица кога си доаѓам од работа поручек, и пред спиење, значи 2 пати само. И плус 2 пати ноќе што уште се буди.
9 месеци има на ад млеко сме, насабајле пие и пред спиење, понекогаш успевам да и вметнам пред вечера уште едно шише, инале на сабајле кога и давам млело слабо јаде каша некогаш и заспиват
Нормално ако пие млеко, дека нема да јаде. Давај и меѓу оброци. Незнам каков распоред имате, ама пред денска дремка и давав.
Па затоа не јаде наутро, оти е сита од млекото. Зошто и даваш млеко наместо појадок наутро? Пред да тргнам на раб бебка цицаше меѓу појадок и ручек (сега има ужинка тоа време), и меѓу ручек и вечера - уште цица. После дури пред спиење пак.
Мислев дека треба прво млеко па каша, ќе го тргнам тоа млеко на сабајле ке и дадам измеѓу поручек и ручек, фала ти многу мислев да не и го укинам млекото па да останеме на едно шише цел ден затоа што навечер спие цела ноќ
Па знам дека некаде правев утка со оброциве пишував и предходно ама ете кај била во млекото, јас прво и давав млеко и после тоа или задпиваше или не јадеше каша, вака сега подобро ќе биде ке се средиме
Оброк ти е замена за подој/ шише млеко. Млеко давај како ужина меѓу оброци. Па и да остане само на вечерното млеко, ако си јаде убаво, внесува млечно преку каши и си спие цела ноќ, не се грижи.
Хахаха сопругот ми вика абе детево е нон стоп со јадење,нему така му изгледа дека само што се напило млеко иде кашата па заспало па ручекот па вечерата и пак млеко