Кога почнавте со парченца? Јас ако и дадам повраќат и тоа што го изела предходно ќе го поврати од толку што се гади, а заби има 4 горе 4 долу 9 месеци е малото
Нудев и на 7м ама тогаш слабо јадеше било што дека вадеше многу заби одеднаш. На 9м почна повеќе да јаде и да и нудам повеќе парчиња особено сеа деновиве пак вади заб и многу е пребирлива нема апетит само сака да грицка нешто. Нема врска повраќањето со тоа колку заби има, тоа е нагон/рефлекс што со тек на време се стабилизирува. Јас од старт нудам секакви текстури и блендирано и пасирано и парчиња и со се имала мал гагинг/нагон за повраќање, не дека со парчиња има повеќе, баш некогаш со блендирано знае да се погоди да има. Инаку 6ти заб сега вади веќе има 5, а 10м е
Му се гадеше и на моето кога беше 8,9м, а од тогаш почнав да му нудам парченца. Еден период па ич ме ми прифаќаше парченца, строго пасирано со виљушка. Ама еве од 11,12м почна сам да бара парченца и сега да го видеш како џвака охооо, со мераци. Па дури шлапа и превртува очи хахах. Не се сите спремни на 9м, не форсирај ништо. Ама во меѓувреме нуди по малку, па ќе прифати кога ќе биди спремно.
10+ Д: палачинките од вчера (овес банана јајце млеко) со путер од кикирики, капини, грчки јогурт + шмукалче Р: телешко со црвена пиперка компир кромид У: шмукалче В: тарана со урда и кисело млеко секако дека највише изеде од тараната, заборави дека ја боли забот дур ја јадеше
Частам ,јаде Е сеа шмукалчиња и директно од тоа (знам дека не е препорачливо) ама касна нешто Д : бебивите шмукалче од банана јаболка и боровинки Р: направив леќа со тиквичка и спанаќ касна 3 л понудив шмукалче го ишмука. Сеа нели имаше едни како рефил такви да ги полниш со домашни каши? Која фирма ,кај да барам ?
На хаака имам видено не знам за на друго место можда дм https://haakaa.mk/product/kese-za-hranenje-mece/
9++ Д: тиква, боровинки, амарант Р: Hipp кашичка шпагети болоњезе и малку леб В: тарана со путер и сос од спанаќ и тиквица + грчки јогурт
Има и на Twistshake. Ги имам видено во Еурофарм во Дајмонд, а ги продаваат и на Ананас (https://ananas.mk/proizvod/twistshake-vrekicki-za-kasicki-x-8-220ml-78619/2929725)
Јас веќе се плашам да и дадам парченца секогаш кога и давам повраќа, почнав да и давам тарана абе изгледа како цревата да ќе ги поврати од таков нагон што добива за повраќање сега паузирав не и давам па од кај 10 месеци ке почнам пак
Не и давам сега периодов многу ми повраќаше, трошка да е ќе и се згади ќе поврати, мене ми беше чудно има заби а не прифаќа парченца ама ете не било до тоа,уште нешто да прашам малечкото е на ад млеко,прво на сабајле и давав млеко па каша, сега пред два дена и менив и давам каша па млеко и тоа млеко што треба навечер пред спиње да го испие овие два дена ми го одби не го пие,и останавме на едно шише млеко на ден не знам што да правам
Ама тарана не се рачуна за парченца, повеќе би рекла како пасирана структура. Можеби од такви повеќе има мака, пробај баш парче нешто меко малецко: мафин, палачинче, кифличка па сама да гризнува и да џвака. Смоки/бисквити јаде ли?
Д: тиква и круша P : пилешко, тиквица, маслиново масло и кромид Д: авокадо, круша и банана Р: Пилешко со ориз и кромид Денеска Д; семолина и јаболко Р: компир, бујон, морков и пашканат
Мислам дека треба да додадеш житарка во доручеците, освен тој со семолина таму семолината ти е житарка. Најдобронамерен совет за да имаш потполен доручек, само овошје не е доволно.
Секако, секој совет е добредојден. Обично секогаш ставам мојава си е јадач и не ја држи. Убаво што пиша за да поправам завчера палента сум ставила а вчера така авокадо круша банана само хаха леле душичка може не и било доволно
9 Д: гриз, јаболко, круша, кокосово м. Р: компир, телешко месо, праз, тиквичка, малку путер. У: 2 смоки. В: палента со јогурт.
Имам пробано смоки, лепче бисквита исто и се повраќа, па сега ми е страв да и давам ќе видам понавака, единствено не и се повраќаше од морков варен него си го јадеше без проблем, јас се плашам дека кога ќе добие нагон за повраќање дури и низ носот и излегува страшно е
Дајте ми ве молам совет ми го одбиват млекото не знам што е работава 9 месеци има овие два дена не сакат млеко само на едно шише е, денеска и тоа од сабајле не го испи не може само на поручек ручек и вечера да е