Денешното мени: -09:30- круша 150гр -13:00 боранија, пилешко и пашканат (малку маслиново масло) 200гр Вечера најверојатно јогурт со овесни снегулки. Денес многу вода пиеме... не знам што така . Обично преку цел ден пие 200мл, а денес до сега 200 има испиено. Не сакаше и да цица, најверојатно многу и дојде водата. Јас сакав да прашам дали е погрешно тоа што секојдневно и давам месо (пилешко или телешко)? Секоја зеленчукова каша ни е со месо, па погоре прочитав една мајка беше пишала дека еднаш неделно дава телешко, па се замислив дали е тоа некое правило или...?
Баш на последната контрола кај педијатарот прашав колку пати неделно да му давам месо- рече секој втор ден ама не е страшно и да е секој ден.
За месо два до три пати неделно јас знам дека треба. @Nova јас при крај на варење ставам малку магданос, мислеше варен да биде? Те молам коментирај и исправај не кога грешиме, јас барем сакам да читам некој со искуство.
Мајки јас го ставам барем 5 минути пред да биде се останато готово. Барем малку да се обари. Свежи зачини над година. Месо најдобро е 3 пати неделно, ако има проблем со крвна слика може и до 6 пати неделно не повеќе од 50 грама на оброк. Не дека е страшно секој ден ама факт е дека има многу масти кои на таа возраст го оперетуваат организамот. Ако давате секој ден намалете на количината. Јас само телешко давам. Давав пилешко кога ми најдоа домашни две кокошки колку да проба.
Auu dobro sto mi kaza voopsto ne sum razmislila za toa, a cesto pravam takva kombinacija. Fala ti Nova Inaku jas od denes pocnav so celer. Imame skoro 8 meseci. A magdonos prv pat i dadov pred nekolku dena i nemase nikakva reakcija.
Уф, јас лук не јадам и не можам да го поднесам. Ама ќе пробам да му дадам. А кромитче кај нас на пазар никаде нема и по маркетиве во околинава не сум нашла. Затоа прашав конкретно од каде земате.
И јас сакав баш да прашам за младо кромидче и лукче дали има периодов и каде, добро @zuto што праша Нас ни е рано сега за сега, ама за 2-3 недели ќе ни треба И сакав да прашам кога се дава прв пат кромидче и лукче се дава од перките или од белото?
Јас од веро купувам во тафталиџе. Инаку лук никако не јадам ама по ептен малку од младиот ставам во кашичките и убаво мириса, не е лошо. Од белиот дел по макс.еден см од лукчето давам а кромидче 2-3 см. Јас бидејќи набавив домашно пилешко сега давам два пати бифтек јунешки и еднаш пилешко. Другите денови или жолчка или само зеленчук. А дајкон кога се дава, за нас дома инаку не го користам а маж ми купил ?
Во врска со младиот кромид, јас решив да почекам додека му дојде сезона. Сите се залагаме храната на бебушките да им биде што поздрава, а кромидчево моментално што го нудат е она растено под пластеници. Исто како патлиџан и краставица да купиме сега. Решив да давам она што ни нуди сезоната, ништо што е на "сила" зреено, или увозно.
Кромидот расте во фолија која се затоплува, а дали сега и тогаш кога му е сезона го третираат хемиски не знаеме, штом купуваме од маркет/пазар. Сепак, почитувам нечие мислење, па секој како сака.
Нашето денешно мени Појадок: Јаболко, тиквица и оризови снегулки. Ручек: Спанаќ, боранија, морков, карфиол, брокула и цела жолчка од домашни јајца. Спојлер во еден прирачник читав дека цела жолчка се препорачува на 10 месеци, а јас имам дадено цела пред да наполни 9. Немаше реакција, но да знаев можеби не би дала. Инаку давам домашни јајца, од наши кокошки Вечера: Палента. Спојлер по колку пашканат ставате во кашичките?
Јас ставам пи малку, како зачин го третирам, може 3-4 см должина, од парче дебело 1.5 см. Ми тргна со сантиметрите