Јас на поголемата кога беше бебе во солените кашички кога не ги сакаше и додавав 2-3 лажички од готовите кашичка од модра слива и така ги јадеше.
10+++ Д: варена овесна каша со млеко, крушка, банана и путер од кикирики(не и беше баш по ќејф) + парчиња мандарина У: шмукалче Р: од се по малце: тегличка готова каша + зеленчукови мафини + печен млад компир + малку цепкано свинско (ова омилено и беше, од моето јадење уствари ) В: амарант и хељда со рикота и кисело млеко (единствениот успешен едноставен оброк без молење пола саат)
8+ Д: палента + банана + грчки јогурт Р: блитва + тиквица + ориз + грчки јогурт В: 7 вида житарици > излегов ја остаив татко и да ја нарани и ништо не изела
8+ Д: палента, тиква и жолчка Р: ориз, спанаќ, тиквица В: гриз, банана и грчки Денес се ни се допадна и изедовме се
6++ Д: младо компирче, батат, морков, пашканат, грашок (пасирано)+ маслиново масло Вака пасирано и се допадна комбинацијата
10 Д: киноа, цвекло, банана, боровинки, вишни, кокосово масло Р: мисиркино и компир со пченка, прокељ и маслиново В: ориз со пиперка, модар домат, спанаќ и кромид + грчки јогурт
8++ Д: јаболко + кекс + мешавина житарици + цимет Р: телешко + батат + младо кромидче + маслиново и бујон В: хип ноќна | банана какао гриз
Д: јаболко, палента, грчки јогурт и овес( првпат и дадов еве мислев содржи глутен а тоа само траги да ти биле ) Р: телешко, маслиново, компир, брокула и кромид. Д: авокадо, банана, овес и една лажичка гриз од биокосмос за прв пат ( некако ич не и се бендиса можеби дека со вода го направив овесот) Р: батат, тиквица, морков , кромид праз, бујон, маслиново масло. П.с дали можам телешкото и бујонот во ист оброк да ги давам? До сега вака давав: 3 дена телешко, 1 пилешко, 1 само зеленчук и 2 Бујон.. Да не е многу месо..да менувам распоред?
9+ П: овес, круша и авокадо У: грчки јогурт Р: компир, спанаќ, пашканат, целер и телешко В: хипп ноќна со јаболко и праска
Мене педијатарот ми рече 3 пати неделно месо или му доаѓа преку еден ден. Јас ставам и месо и бујон во ручек повеќе вкус има
10+++ Вади некој заб, хаос ни е јадењево пак деновиве многу е пребирлива Вчера: Д: скремблд јајца пржени на путер со урда и кисело млеко + краставица У: пола тегла хип 7 житарки и млеко + крушка Р1: леќа манџа со лепче (нејќеше да јаде) Р2: ќофтенца од зеленчук (касна неколку залчиња и почна да драматизира) Р3: болоњезе готова каша (касна неколку лажици) + парченца кашкавал (тоа не одбива хах) В: амарант и хељда со јаболко и слива Денес: Д: 7житарки инстант кутија од дм со јаболко, путер од бадем, и цимет + мини банана палачинки (банана јајце овес млеко) со путер од бадем У: кисело млеко со капини Р: ќофтиња од мелено телешко + печен помфрит од сладок компир (касна малку од помфритот а од ќофтињата едвај неколку залчиња измешани со кисело млеко) У: шмукалче В: интегрални јуфки со урда и јогурт
Leerdammer холандскиот го купувам обично, не е многу солен и мекичок е за грицкање. Еднаш и дадов на 10м и сега се радува плеска кога идам накај фрижидер дур јаде, чека да и исечам парче
Здраво Гледам пишувате за бујон па ми треба консултација ако некој е упатен Од телешки коски е бујонот, свекрва ми го сварила во јануари и замрзнат го дала на маж ми. Тој го ставил во гепек вечерта и дури сабајлето му текна дека има бујон. Ова беше во јануари кога беше поладно времето. Дали има шанси да се расипал бујонот? Кога го зедовме беше некои 70% одмрзнат Не знам каде можам да испитам да не створил бактерија или токсина а едвај најдовме од човек домашно месо и коски не сакам од месара да купувам Фала ❤️
Ја не би дала на бебе одмрзнат замрзнат не би ризикувала. Ништо битно нема да пропушти и ако ручка друго место бујонот