11 Д: овесна каша со јаболко и цимет У: банана и круша со путер од лешник Р: боранија, грашак, пченка, кромид, зачин без сол, маслиново и лебче У: портокал В: проја мафин со урда и грчки јогурт на страна
9м Д: овесна каша со адаптирано+јаболка+круша Р: телешко месо+ младо компирче+ црвена пиперка+кромид+ модар патлиџан В: хипп/ семолина со праска и јаболка
10+ П: хељда, банана, авокадо и цимет У: кисело млеко Р: боранија со пилешко месо и зеленчуци В: хипп инстант со бисквити
10+++ Д: варено јајце, кисело млеко и интегрален леб У: банана Р: компир, спанаќ, кромид и тиквица В: тарана со котиџ
10+ Д: мусли со млеко. У: парченца јагоди и грозје. Р: авокадо, цвекло, морков, грашок, карфиол. В: палента со моцарела и јогурт.
Да, на парченца, не ја мешам со палентата туку посебно прво лажичка палента па моцарела па јогуртче или ќе и оставам парчиња и она сама си зима.
11 Д: гриз со какао, банана и лажичка путер од лешник У: микс од смоква, праска, цреши со грчки јогурт Р: пире од компир, морков, брокула, путер и зачин без сол У: кива В: мафин со јогурт
Вчера направив лебче со банана за денес да и дадам, и надробив од лебчето ставив путер од лешник и настрана грчки јогурт, само што касна све исповрати, не знам што е проблемов со парченца за една недела 11 месеци прави не е мала,и да направам мафини палачинки бадијала се гади све тоа со каши сме
10+ П: овесна каша со грчки, ленено и чиа семе, банана и круша У: шмукалче со киви Р: пире и печен лосос В: хипп ноќна со јаболко и праска
Не може одеднаш да прифати парчиња и нормално е на почеток да први фаци како за повраќање. Почни да мешаш во кашички пример ориз убаво сварен цели зрна, а зеленчукот блендиран. Овошје блендирано со мелени бисквити измешано, или банана, круша само згмечени, давај и по некое парче сама да пробува пример свари убаво брокула, тиквичка, морков да биде убаво меко и давај и по неколку парченца. Треба време и мојата е 11 месеци па уште се случува некогаш да прави фаци за повраќање плус сега веќе сака сама да држи па и давам парчиња сама да става во уста а јас измеѓу со лажичка и давам да јаде. Мојата пример повеќе сака палачинки одколку мафини мислам дека затоа што се помеки палачинките. Треба време да се навикне сепак за нив е тоа ново
Истото мислење го делам како членката претходно. До сега како јаде, само мазни каши или со текстура??
10+++ Д: овес, цвекло, банана, вишни У: лепче со грчки јогурт Р: Hipp кашичка лосос со компир и морков У: печен компир В: тарана со путер, спанаќ и котиџ
10+ Д: овесни палачинки со банана и малку таан. Р: киноа, пилешко, спанаќ, тиквица, масло од репка + за прв пат проба шпецле (германски шпагети) и бараше уште У: јагода и киви. В: 5 корн инстант каша со ад млеко.
Мојата не само што се гади него повраќат, јас со страв и давам парченца, сега почнав секој ден по едно парче да и давам ако се згади одма прекинувам утре ке и дадам две па би требало да се навикне, мене тоа повраќањето ме нервира значи толку многу се гади што дури и низ носот повраќа па ајде плачки уплашена пресоблекување миење