1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    26.987
    Пол:
    Женски
    Дајте ми некој рецепт за палачинки, со јајце, банана нешто да ја пробам малава?
    И кај мене исто не сака пасирано да јаде а камоли парчиња. И давам бебешки смоки/бисквити, само ги допира до устата и плука, и се гади, нагони за повраќање одма и доаѓаат.
     
  2. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Блендирани давам мазни каши, малку да има нешто не изблендирано во кашата одма има нагон за повраќање, еве денес сабајле мусли и направив нема шанси, вчера и направив макарони со сос од брокула само ги изгмечив да не се цели и тие ги фрлив, и на крај и дадов готова каша си ја изеде со сласт,единствено од што не се гади е морков на пареа и давам си јаде без гадење
     
  3. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    На почеток пробај со нешто што ќе биде баш меко, пример тиквичка, компирче, брокула.. кај мене исто некогаш и се гади, а на почеток цело време беше фацата сега ќе повратам ама нема повратно. Јас сеуште и давам мешано не сме скроз на парчиња, не ја форсирам и за неа тоа е нова вештина па одам полека мешано, најчесто и давам само гмечено сега плус парчиња. Оди полека како што кажа секој ден по едно парче не брзај ќе се навикне, не е поентата и двете да се паничете ако не оди денес пробај утре, дај и да држи во рака, покажи и ти однеси и го рачето до уста да почне сама и ќе се навикне. Не се сите деца исти на некои им треба повеќе време, на некои помалку. Има време ќе ја совлада и таа вештина чекор по чекор
     
    На Aledarkali и happygirl им се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    2.001
    Пол:
    Женски
    Јас правам и за нас и за неа исто: 1 голема мека банана, 2 јајца, малку овесни снегулки (50тина грама од око ставам) и малку (50тина мл од око) било какво млеко(кравјо, кокосово, бадемово…).
     
    На Peperutce6 и happygirl им се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    2.001
    Пол:
    Женски
    Ти пишаа и други членки истото го мислам и јас: пробувај со една од намирниците да е пасирана другото мазно, пример каша блендирана житарки + пасирана банана/авокадо/крушка… или во зеленчукова каша со месо + пасиран морков/батат/спанаќ… може тесто структура потешко прифаќа, пробај ете овошје или зеленчук пасирани. Веќе на 10 месеци можат и ситни залчиња да фаќаат сами така да можеш да нудиш некои овошја/зеленчуци меки сама да ги зима да јаде, можеби така ќе и е поинтересно и нема да се гади. И мафин/палачинка ако нудиш пример не го давај цел, туку на ситни залчиња, да не гризнува многу па да и доаѓа нагон за повраќање од тоа.

    Јас искрено со ќерка ми немав мака, од старт и нудев пасирано па лесно прифати парчиња и сама почна да бара ама она приметив дека се разјаде по парчести текстури кога почнав јуфки да и давам само гмечени со вилушка и грчки јогурт. Пробај ете така некоја полесна варијанта, не мора да има брокула плус таа е тешка на вкус, мојава ич не ја ни сака.
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    1 банана, 1 јајце и три лажици овес. Можеш да ставиш и грчки јогурт ама не мораш, ако ставиш појачај на овес. Ова ти е најосновни и се баш мекички :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога пробувам да и дадам мафини или палачинки се на сити парченца, знае сама да си земе ама уште да не се гадеше ќе беше супер, на пример морковот си го јаде сама,вчера така парченца банана не сакаше,се си мислам да не ја има фатено страв од повраќањето па сега затоа одбиват, сабајлево јас не бев тука сопругот спремаше за неа имав од холе двопек за со млеко,кашата е доста густа не е мазна, едно пробување и јазикот надвор, па ајде ми се јави ми вика кажувај друго што да и дадам
     
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    18.356
    Пол:
    Женски
    За почеток давај и меки парчиња како морковот, варен батат, тиквица, нешто со мека текстура, не може од блендирано одма да јаде цврсто, тврдо(двопек).
    Сте пробале ли овес варен со овошно пире или амарант со пире, со текстура, но сепак да е меко.
    Кај мене од почеток и давам со текстура и парчиња, па пак знае првото залче некогаш да го бутне со јазикот, пробува што е и прави фаци.
     
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    26.987
    Пол:
    Женски
    10+
    П: амарант, банана, кива и авокадо
    У: кисело млеко
    Р: грашок со мисиркино месо
    В: палента, урда и грчки
     
  10. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    upload_2026-3-24_12-36-46.jpeg
    Баш денес правев и ги бендиса. На излед не се нешто ама вкусни се. Банана, јајце, млеко, суви сливи (само внатрешноста без лушпата), овесно брашно. Од око ставав се, ги правев на малку путер.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    18.356
    Пол:
    Женски
    7
    Од вчера
    П: Гриз(Хип) со банана и стиснав малку сок од портокал
    Р: Пилешко со компир, домат(дмБио кашичка)

    Денес
    П: Амарант со овошно пире јаболко, боровинка, кајсија(Холе)
    Р: Спанаќ, ориз, морков со кисело млеко
     
  12. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    11 +
    Д: овес со малини, банана, манго
    У: палачинки од овес и банана
    Р: леќа, кромид, лук, маслиново масло, зачин без сол и леб
    У: портокал
    В: телешко, боранија, пченка, компир, праз, маслиново масло
     
  13. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    10+
    Д: овесни палачинки со банана и суви сливи + грчки јогурт.
    Р: телешко месо, пашканат, батат, аспарагус, кромид, масло од репка.
    У: двопек.
    В: просо со морков и јаболко.
     
  14. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    11

    Вчера:
    Д: чиа пудинг + овес, јаболко и праска
    У: лепче со абц
    Р: палента со спанаќ, јајце и кисело млеко
    У: пола банана
    В: Hipp good night кашичка

    За денес:
    Д: киноа, киви, банана и цимет
    У: кисело млеко
    Р: лосос и компир
    У: смоки
    В: тарана со блитва и котиџ
     
  15. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    10++
    Д: просо, јаболко, путер од кикирики.
    У: јагода.
    Р: пашканат, батат, карфиол, пченка, цвекло.
    У: лепче со крем сир и домат.
    В: овес со банана и млеко.
     
  16. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    11
    Д: кајгана на путер со лепче и јогурт
    У: шмукалче јаболко банана
    Р: компир, пченка, прокељ
    У: чиа пудинг со киви
    В: макарони со абц
     
  17. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    11+
    Д: манго, банана, бисквита
    У: кисело млеко со краставица
    Р: проќељ со ориз
    В: смути со овес, јаболко, банана и бобинки
     
  18. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Кажете ми убав рецепт за проја (може и како мафини ама и не мора) ама да е цврста, да не се распаѓа многу. Свекрва ми прави убава проја ама многу се распаѓа, сакам некоја што ќе може да си ја држи во раката и да си ја грицка.
     
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    4 јајца
    4 шољи кисела вода
    2 шољи зејтин
    2 шољи брашно
    4 шољи пченкарно брашно
    1 пециво
    Сирење/салама по желба.
    Јас правам упола од меркиве, не е сува сочна испаѓа ама мора малце да се рони, сепак убаво се кине на парчиња бебка јадеше последен пат сама.
     
  20. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.802
    Пол:
    Женски
    10++
    Д: мусли, јогурт.
    Р: ориз, жолчка, пашканат, аспарагус, лук.
    У: авокадо, јагоди.
    В: палента со моцарела.