Ориз давам како за нас, или печен во релна или варен со зеленчук. Спанаќот најчесто комбинација со ориз и грчки, ја обожава оваа комбинација.
За вчера 9+++ Д: крушка + слива + палента У: шмукалче јаболко банана бисквита Р: пилешко со рижото со златна мешавина В: ја оставив со баба / се јавувам во 19:00 и заспала без вечера како бе мене еднаш не ми заспие така сама од себе туку нишкам
7+++ П: Овес, банана, авокадо(+парчиња) Р: Палента, тиквица(парчиња) + грчки јогурт Дали се ок парчињава?? Кога ги зема во раце одма и се дробат и се нервира, не може да ги земе да ги стави во уста, а сака брзо да се најде и чека да и дадам . Спојлер
Да не и се многу меки? Треба ти кога ќе стиснеш со два прста да е меко ама па не скроз онака да се распаѓа. Авокадото пример е лизгаво бајаги кога е убаво созреано, тешко им е така да го јадат сами, по блв апликацииве советуваа да се мацне во некои семки/трошки. Јас после 10м почнав да и го давам како парчиња (откога почна да јаде ситни парчиња со пинцета фат) баш ради тоа што се нервираше некако а и не го сакаше само авокадо на вкус туку мешано во каша. Тиквичката можеш да пробаш да ја испечеш, друга структура добива така а и повкусна е па може повеќе ќе и оди така да ја јаде.
Изледа не ги погодувам, цело време и се дробат само што ќе го земе во рачето и пробува тоа што ќе и остане во рака да го стави во уста, па ќе и падне, не може да го земе и ме гледа за да и дадам.
7+++ П: Гриз(Холе) + кашичка(дмБио) јаболко, малина, боровинка Р: Телешко, грашок, морков и компир(рендан) како манџичка + маслиново масло
Прво го ставам телешкото да се вари 10-15 минути цело парче да омекне може и подолго ако треба, грашкот замрзнат го ставив во вода да постои и лушпите ги вадев едно по едно, па го додадов заедно со ренданиот морков и компир да се вари уште 10-15 минути. Месото го вадам и сецкам многу ситно, во мало чиниче ставам од грашокот, компир, морков, месото сецкано и од течноста за да биде како манџичка и кратко блендирам со рачен блендер на прва брзина колку смесата да се иситни малку, додавам маслиново масло.
9+++ Д: кус кус + јајце + урда Р: тиквичка + батат + морков + кромид + маслиново В: јаболко + праска + семолина хип
11+ П: просо, цвекло и јаболки У: кисело млеко Р: црвена леќа со сос од домати и мисиркино месо У: шмукалче В: кус кус со урда и грчки
7+++ П: Пченкарна каша(Хип)+ овошна (дмБио) кашичка Р: Мусака со тиквички и пилешко, рендан морков и кромид, маслиново масло + грчки јогурт Спојлер
11++ Д: овесна каша со јагода и круша У: ѓеврече со јогурт Р: телешко со компир, пченка и грашок У: банана и киви (омилено овошје и е ) В: просо со модар домат, спанаќ, лукче, моцарела + грчки јогурт
Ориз обично додавам кога се вари зеленчукот околу една лажица, го правам како рижото. Спанаќ исто како за нас кога правам, го ставам во тенџере, додавам морков(ситно сецкан или рендан), многу малку ориз, убаво да се свари, динста, кратко го блендирам само спанаќот малку поситен да биде + кисело млеко или грчки.
9+++ Д: праска + јаболко + амарант Р: шпагети болоњезе У: холе шмукалче морков манго банана круша В: кремаста попара со лепче грчки јогурт и абц
Одредени работи не мораш да ги лупиш (тиквичка, компир, сладок компир, модар патлиџан - на овие ми текнува во моментот) и поради тоа што имаат лушпа нема да се радпаѓаат толку виид на солидс стартс ќе ти каже
9+++ Д: овесна каша со крушка + цимет Р: вегетаријанска мусака од наут и црн патлиџан В: морков + манго + банана + интегрално домшно лепче
11++ Д: варено јајце и грчки јогурт со лепче У: банана, боровинка и јагода смути Р: мисиркино, батат, пченка и боранија У: шмукалче (круша и киви) В: проја со грчки
Како за нас само без сол мусака си направив со црн патлиџан класично и плус наут изгмечен обарен. Со мевце мелено мешано за нас за нејзе без пошто 3дена јадеше меса
10 месеци Д: хип кашичка јаболко праска ориз Р: блитва + праз + ориз + телешко В: семолина + шмукалче holle tropical tiger