11++ шише млеко (почнавме кравјо по препорака на педијатар и го обожава до капка го пие. Се доиме само навечер пред спиење) Д: мусли со малина и јогурт. У: пола банана и 2 јагоди. Р: домашни болоњезе макарони + авокадо. У: оризови галети со вкус на малина. В: овес со кокосово млеко, банана и кокосово масло. + шише млеко.
Леле и мојава никако со парчиња да се научиме. Онака се грози дури и повраќа. Инаку е 11 месеци без неколку дена. Банана јаде пример гмечена со вилушка, ама зеленчук така не и не. Мислам полека полека треба да се пробува. Прво поситно па поголемко. Јаде ли бисквитчиња или смоки некои? Памтам првото дете уште на 8 месеци знаеше по некоја смока или бисквитка да џвака дур го шетам и дојдам до дома ако почне да кенка, ќерчево едвај некако, многу сум понесигурна со неа. Првото ми јадеше се, тарана цепаше по 3-4 пати неделно, ама второво ништо живо. Јас почнав поупорно да пробувам барем во еден оброк да има парченца па ќе се навикне некако тоа е.
7 Д: авокадо + јаболко + хељда Р: спанаќ + морков + компир + кромид + лук Од колку месеци воведовте вечера и млечни производи?
Млечни од 6 јас, кисело млеко, грчки јогурт, павлака. Највеќе грчки му давам и сака. Вечера планирам околу 8 полни, со 2 оброци сме на 7 месеци, со вкусови на 5++ почнавме.
И јас почнав со вкусови од 5м, ама млечно им немам ништо дадено. Сега сме 7 и сме со доручек и ручек. Д: просо + банана + круша Р: компир + морков + кромид + модар патлиџан
8+++ Вчера П: Палента, урда, грчки јогурт Р: Лосос со компрчиња печени В: Овошно шмукалче Холе Денес П: Гриз, крушка Р: Спанаќ, ориз, морков како манџичка В: Чоколино со банана
10+++ Д: авокадо+банана+ 7типови на житарки Р: просо+ тиквица+ кромид+ мисиркино В: хип ноќна/ банана какао житарки
Лососот кко го спремаш и нудиш? Ручекот дали пасирано (оризот) или баш се нормално како за нас И каква урда
Лососот котлети земам, парчиња сечени. Го печам на програма со топол воздух, го прави мек, како обарен, на лососот ставам само маслиново масло. Го кинам на ситни парченца и јас и го давам да го јаде, оти сама ако јаде се ќе распрета и ништо нема да изеде. Убаво да е разварен оризот, кога го правам со спанаќ, со рачен блендер само да се иситни, така го правам. Урда на здравје радово во црвена опаковка.
8+++ Вчера П: Овес, крушка, цвекло Р: Бебешка мусака со црн домат, компир, морков, кромид и говедско мелено месо В: Гриз, банана и кива Денес П: Кајсија(кашичка Хип), амарант + бисквита Хип Р: Макарони(иситнети) со тиквица и батат В: Грчки јогурт со лепче