9 Вчера П: Гриз, банана, кајсија Р: Мелено говедско, компир, морков, црн домат, пиперка В: Грчки јогурт, авокадо, лепче
9 П: Овес, крушка, банана, јагода, кокосово масло Р: Пилешко, тиквица, морков, пиперка, кромид В: Банана лепче + праска
9 П: Јајце пржено со путер, домат, кисело млеко + лепче Р: Тиквица, компир, морков, карфиол, амарант, маслиново масло В: Baby musli со малина и банана на Holle
7++++ Д: гриз+јаболко+цимет Р: морков+компир+кромид+пашканат+пиперка+брокула В: овесни снегулки+јогурт
Исто како палента. Ставам вода во ѓезве чекам да зоври и ставам 2 лаж.гриз мешам цело време за да не се направат грутки и да има густина.
На 9 м може цело јајце и јагоди читам исто претходно? Некако мислам дека бавно му воведувам јас на моето бебе намирници изгледа тек сега на 9 м ќе дадам прв пат млечни производи
Јас на Solid Starts апликацијата гледав, мислам сè што имам видено вика од 6 месеци може. И јагода конкретно може после 6 месеци. Јас му дадов веќе, кој стигна ме искара...
Па да и мене И за парченца тек сега му давам со страв оти така ми набиваа сите страв Да не ја оптоварувам темава Благодарам многу за одговорот
Чим си одлучила да следиш нови препораки за цврста храна ќе бидеш “карана” од тие што следат стари препораки ама не се замарај терај си по твое како што мислиш дека е најдобро за детето. Јас за чудо немав некои карања иако давав и парчиња и јатки(во путер) и цело јајце и риба и што све не пред годинка
Исто и јас скоро се имам дадено, освен јатки што немаме воведено сеуште, да не ја подречам ама се си јаде и кашесто и парчиња, почна веќе и сама да си зима мали парченца, мерак ми е да и готвам кога гледам како со апетит си јаде.
После ова ми јави алергија, дефинитивно ние сме алергични на јајце, во палачинки, банана лепче не и се јавува, а кога јаде само јајце се нафрлува. Јагоди и давам имаме домашни многу ги сака, по 2-3 во денот јаде. Со јајцето внимателно пред да се воведе цело.
Истоо. Хахах Како сум смеела јагода пред година? Риба штом сум и дала покасно ќе прозбори, јајце и млеко на 6м? не си нормална ми викаат
8м Д. Мелена плазма со банана + авокадо Р. Благ компир + спанаќ + павлака + лепче В. Палента со јогурт
Хахаха за рибата уз муабет спомнав дека сакам да дадам, леле кој поглед бешеее немооој немооој дур не прозборииии!!! Прашувам зошто? Дека рибата била нема, не зборела, и затоа не се давала пред да прозбори бебе... Многу ми е интересно дека сега ние читаме, гледаме да нудиме поздрави оброци, да има железо, да има ова, да има она. И ќе најдат со некое вакво или слично тврдење ќе пробаат да нè закочат. Еве да се надоврзам и на примерот со јагодите, како тоа сум дала јагоди толку рано, а па уште не сум дала Стоби флипс смоки. Дека без Стоби флипс не може, нели Да не сум скроз офтопик, денес бебе јадеше телешко месо со компир Малку касна, малку си поигра, многу се извалка...
8 Д: палента+јајце+кисело млеко Р: грашок+морков+компир+кромид+пиперка В: ноќна кашичка на хип јаболко и бисквита