Јас не броев грамажа на почетокот. Колку сака, толку. Битно е ми беше да пробува вкусови, не да се најаде. *** 9м Д: Гриз со слива Р: Просо, жолчка, брокула, блитва (воведуваме јајце, втор ден) В: Тиквичка со овес и грчки јогурт
Утре почнуваме со воведување вкусови Од првото бебче помина доста време (скоро 7 години) па сум заборавила како одат работите Ми треба помош со кој вкусови се почнуваше До кога е на еден оброк после колку време се воведува ручек па вечера Секој совет би ми бил добредојден Во благодарам
Од различни педијатри добив различни препораки, па ќе ти кажам тоа што јас решив да следам. Почнувам со зеленчуци, три дена давам ист зеленчук, потоа нов исто три дена, со тоа што откако внесов втор, веќе почнав и да ги комбинирам. Од педијатар добив препорака прв ден 5 лажички, втор ден 10, трет ден 15. Јас давав толку колку што сака да изеде. Пример: Прв до трет ден - морковче Четврт и петти ден - компир (еднаш со млеко еднаш со вода) Шести ден морков и компир Седми ден морков и пашканат… итн Потоа додадов и оризова каша и овес освен зеленчуци. Втор оброк планирам после 3-4 недели и ќе почнам со овошја, со тоа што зеленчуковите каши ќе ги поместам за ручек, а доручекот ќе и бидат овошја со житарки.
Јас од ДМ користам, Gold Hirse пишува на паковката (на рафтот имаше уште еден тип ако не се лажам, затоа ти го кажувам вака).
9+м Д: Каша варено јаболко, варени костени, варена тиква У: Гриз каша Р: Риба со зеленчук В: Просо со тиквичка, морков, грчки јогурт
Бела пастрмка. Вчера.... Д: Гриз со јаболко и слива Р: Макарони со мелено мисиркино, кромид, сос од патлиџан...како болоњезе В: Јуфки со грчки јогурт