Мајки ако вие од помош исечоков е од прирачник за правилна исхрана на доенчиња и мали деца побарајте го на нет,
Prvo bebuvce mi e I slusam pedijatarot mi rece of polni sest zolcka I meso zolcka davam prv pat ama ne bese voodusevena,
Жолчка се дава со полни седум месеци. Прво една осминка, по неколку дена четвртинка и се така додека се стигне до цела. Постепено. Секаде така се советува. Поздрав Едит И јас со првото не бев нешто запозната со начинот на исхрана. Затоа сега со второво си читам искуства и препораки, секако и педијатар и собирам повеќе мислења, за да на крај дадам тоа што треба. Некогаш грешам, ама од грешките се учи
Не е мајката воопшто крива, и мене педијатарот, а и докторката кај што ја носам на вакцина малата дека жолчка може со полни 6 месеци, ама јас бидејќи Ве читам овде дека повеќето мајки дале со полни 8 месеци решив да почекам.
И мене таа докторка од на здраво ми рече и месо и за жолчка дури ми даде и листа во која го пишува тоа
Многу едуцирани доктори имаме, што да кажам?! Туку се надевам дека станува збор за доктори пред пензија (стар кадар) зошто ужасно многу ме лути помислата да млад доктор нема интерес да се дообразува, да се едуцира. Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (10:30-11:30) - Каша/ Банана, круша и авокадо со рогач * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (14:30-15:30) - Каша/ Телешко месо, грашок, морков, зелена пиперка, кромид, лук и пченка + маслиново масло * Доење кога сака колку сака! - Ужина (18:00) - Јогурт со 'ржани и јачменови снегулки - Вечера (20:00-21:00) - Каша/ Палента со кисело млеко
А мојот педијатаρ? Цедени поρтоκали и лимони,жолчκа,јогуρт,супа со ПЕТЕЛ,спанаќ виκа не од сега ρано му е,смоκва и не паметам уште што. Навистина човеκ да не знае κаκо да постапува.
И јас се залетав еднаш по дуња по препорака од педијатар, ама овде ме предупредија. Среќа што прашав тука пред да дадам. Да напоменам, се работи за доста млад доктор.
Според вас педијатрите погрешно ве информираат, ама затоа овде на фемина знаат повеќе. Зошто воопшто одите на педијатар, лечете се овде. Еден совет од педијатар за вас не чини, ама советот од некоја мајка која ќе прогугла на интернет е далеку поточен.
Не, грешно си сфатила. Според мене педијатрите имаат различни мислења како и членовите овде на форумов и се што е сервирано на интернет. Наше е да одлучиме што ќе прифатиме за точно (кога ние не знаеме што навистина е точно). Во тој случај, кога за нешто не сум сигурна подобро е да го одложам/избегнам, отколку да ризикувам. Јас искрено имам неколку личности кои редовно си ги следам и најчесто се сложувам со нивните аргументи. Од трите педијатри кои ме советуваат еден ми е најверодостоен. Од сите портали и статии јас бирам со што се согласувам, а со што не. И да, ако не се согласувам со одреден педијатар/доктор, мој избор е дали ќе се лечам кај него или кај друг. Не сите се со соодветни совети, за жал. А според тебе треба да се верува на се што е со титула доктор и покрај најконтрадикторните мислења? Баш ме интересира како постапуваш ти во таков случај.
Доручек: Јаболко, круша и банана Ручек: Морков, брокула, карфиол, тиквичка, маслиново масло и 1/4 јаболко 50 мл. вода и цицање кога сака и колку сака Почнуваме да се враќаме во форма, добро е
Значи дека педијатрите се за слушање, нормално доктори се, но како што кажаа погоре има и стари кои не се дообразуваат, а препораките од СЗО се менуваат согласно истражувањата, како за доење така и за дохрана, АМА кога некој таков 'стар' ќе ми рече да дадам жолчка на 6 месеци а бебето само цицало до 6 или уќини ноќни подои бебето ти е дебело ( а тоа не е ни на лик ниту на килажа), или доста доење вече нема корист итн.да не набројувам не го слушам и нема да го слушам. Он топик: - јуфки брз јајца и кисело млеко - кус кус, банана, јаболко и малку рогач - пилешко домашно, шери домата, кромид, карфиол и модар патлиџан - палента со малку јаболка.
Во врска со здравејто на син ми и верувам на педијатарот, а не на форумите. Овде можам да прочитам слично искуство, некој совет, ама во никој случај не ги мерам со оние на лекарот. Ако се сомневам во дијагнозата барам второ мислење од друг лекар. Интернетот е корисен, но знае и да те зезне и те како. За исхраната ќе лажам ако кажам дека не читав и од интернет, кое секако се поклопи со советите од педијатарот. Јас зборам за оние мајки кои и покрај препишана дијагноза, терапија сепак прашуваат дали да го следат педијатарот или форумот. Секое дете е различно, едно е храна, друго е да кажам болест.
За болест да, дијагноза од интернет никако. Ама за дохрана некако повеќе искуства за начин на прифаќање, комбинации и сл,е поубаво да се види/прочита искуството од мајките.
Тоа и јас сакав да кажам. И никој не рече дека сите доктори не знаат, ниту пак дека сите на форумов или по интернетов се постручни. Не генерализирам воопшто. Различни мислења, различни ставови и слобода на информирање и одлучување имаме сите. Едит: Да додадам уште и дека сите мајки овде се советувани од разни педијатри, па така ги споделуваме мислењата и на педијатрите. Не си ги измислуваме самите ние.
-ad mleko - kasa oriz so ovosje na hipp -ad mleko -kasa kajsija - telesko so kompir morkov + maslinovo maslo -kasa corn fruits na hipp -ad mleko malku cajce izmegu obroci
Мој терк на исхрана ми се допаѓа, дали можеш да ми пишеш каква е цорн фруитс каша на хип не сме ја пробале таа?
Извинете што имам 2 поста ама закаснив од мое искуство секоја мајка сама да си биде доктор оти само та си го знае бебето, верувајте дека е така а нека си чита форуми, статии, доктори, комшии ама сама нека си одлучува.
Денешното мени: -12:00 круша и житарици (Хипп 190гр) -15:00 жолчка, компир, карфиол и кромид (220гр) -18:00 печена тиква -20:00 палента со кисело млеко (180гр)