Па еве, грешка сум прочитала. Не е во 4 туку во 5 саат. И истото прашање дали сте само на цицање до спиење?? На овој пост пишуваш 4ти оброк кон 5 саат, а на последниот кај што ме имаш цитирано велиш јадете во 9 и во 5-6 зависи. ( ако четврриот оброк ти е во 5 како што пиша, тогаш во девет часот ти е петиот оброк ептеееен бејасно напишано )Ај нема врска - батали .Епа без разлика дали јаделе или не солено или благо ВОДА СЕ НУДИ Преку целиот ден. ( не се нуди по оброк веднаш како шо пиша)Не пиј вода ти цел ден а јади цврста храна. Плус зошто се лутиш и опнуваш??? Што се случи? Неколку пати те поддржав што имаше пишувано и бев фер и фина и сега наеднаш оти ти пишав дека не ми се допаѓа тоа, право излегува деку сум лоша. И со кое мерило измери дека ако не знаеш ти да правиш здрави оброци, јас не знам ич?? Јас не пишав ништо лошо и навредливо ниту се скарав, туку знаев дека ќе ме сватиш грешка и затоа напишав дека не се расправам туку добронамерно пишав. Ама ти ептен нервозно човече си одма пукаш ако некој те прекори и не се согласи со тебе. Сигурно си така и во приватниот живот. И порано имаше вакви испади. Да те потсетам за 360 степени си пак на исто!!!!!И што сега, не сме пријателки повеќе оти те цитирав и пишев директно како што мислам?? Ај ептен сум оффф - овошен јогурт од банана и круша (домашен и не беше вооопшто воодушевена) не јадеше многу - Млечна каша од хип со вода - Боранија манџа (со морков, лук и кромид) - млеко со бисквити.
Се сложувам со девојче.Вода си е вода.Зар и во лето на 40 степени нема да нудите вода?Може грешам ама обавезно откако ке се најаде кашичка и нудам вода.
Ставаш мајмунче (@) и одма споено до него името на членот, односно никот и ќе ти понуди опции ако има повеќе и го одбираш тој што ти треба, пробај.
@Jagoda123 @leona83 тетрапак млеко со висока масленост. 3,2% , 3,5%, или 3,8%. Допрва адаптирано ми нема логика и смисла. Не го разредувам со вода ама го превривам, да фати малку кајмаче. Приметив дека ако давам секој ден млеко со бисквити си кака кашњсто. Незнам дали ја прекарува или од запчињата и е.?
Со мало бебе морам на кратко да пишувам сама сум со него и и да пишам нешто накратко не треба да е проблем. Извинување се прифаќа и се е по старо. 1 оброк е во 10 30 до 11 00 втор во 14 30 до 15 00, трет 17 00 до 18 00 и четврт 20 30 до 21 00. Без вода не почнуваме ни да јадеме а камоли да го оставам цел ден, му давам и чај а поретко и сок.Поздрав.
Нашето денешно мени: Појадок: Банана и круша (мама ги изеде) Ручек Јогурт и малку лебче Вечера: Кисело млеко и леб Освен јогурт и кисело млеко не сака ништо друго да јаде.
Незнам дали да прекинам извесен период, мислам не е лошо што кака кашесто, оти кога кака тврдо се мачи. Мојата пеперутка уште не е заспана. Ако поседи уште малку треба уште еден оброк да и дадам
И ние денес двапати вечеравме, еднаш во 20 часот и сега пред 23 уште еднаш. Мислев порано ќе заспие бидејќи денес рано станавме, ама се зезнав пак до 23 си беше будна.
Појадок- гриз од чоколадо со жолчка и свежо јаболко ручек- пилешко домашно со карфиол, брокула, пашканат, компир и кокосово масло ужина- овес со јогурт и чајче вечера- фрутолино
Misirkino pred nekoj den prv pat dadov,neznam od koga treba ama jas na 12+meseci dadov. Junesko imam dadeno pred 2meseca tocno ne pametam,nekade 10+meseci.
Денешното мени: -11:00 авокадо, јаболко и банана (200гр) -14:00 телешко, тиквица, брокула и малиново масло (200гр) -18:00 компир со јогурт -Вечерата ќе ни биде во 21 часот најверојатно ноќна Хипп каша со вкус на ванила (омилената ) Денес слабо пиевме вода, а и јогурт од шише не сакаше...
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (09:30-10:30) - Каша/ Киноа, банана, круша и рогач * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (13:30-14:30) - Каша/ Карфиол, брокула, цвекло, келераба и зелена пиперка + маслиново масло * Доење кога сака колку сака! - Ужина (18:00) - Каша/ Тиква - Вечера (20:00-21:00) - Кус-кус со кисело млеко и семки од тиква + масло од тиква (Помеѓу оброците парче јаболко во хранилка со мрежичка) Овие денови сакам да воведам риба, што би ме посоветувале, каква риба да му спремам на беби?
И јас уште не сум дала риба баш затоа што не знам каква. Знам дека треба да се почне со езерска/речна риба, не морска, на пр,пастрмка ама ми е страв од коски,... Денешното мени: - авокадо, круша, рогач и 2 мали хип бисквитчиња - батат со карфиол - бифтек, грашок, пашканат, брокула - каша од хумана, хељда со јаболко. За утре: - јуфки интегрални со кисело млеко - гриз, модра слива и рогач малку - црвена лека, модар патлиџан, лукче, пашканат ( како зачин) и зелена пиперка - овесни со кис.млеко.