Деновите во болница

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 5 септември 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Како ви поминаа деновите во болница, што правевте на што размислувавте пред пораѓањето.
    А како ви поминаа по породувањето?
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Баш интересна тема браво Сноу :clap:

    Јас во ГАК бев вкупно 11 ден,3 дена пред и 8 дена после пораѓај.
    Дента кога ме задржаа бев отидена на ЦТГ на контрола ама имав контракции и ми рекоа морало да останам дека до вечерта ке сум се породела(а имав уште 7 дена до термин и немав ни болки ни ми беше пукнат водењакот) и останав да чекам.
    Беше петок и после пладне како да беше пуста цела болница,доле на патолошка немаше никој само една сестра дежурна и толку.До вечерта се породија три жени а јас уште си чекав и си чекав,утре дента исто ќе дојде некоја жена ке ја качат горе ке се породи ја дремам само јадам,пијам и чекам(како да сум во некој хотел,а не сум дошла да раѓам) и на крај во понеделникот сабајлето ме фатија болки и конечно ми дојде и мене редот,ме качија горе ми дадоа провокација и божем природно да се породам ама не успеав(малата беше замотана со папочната) и ајде на царски.
    После царскиот тие денови ми беа хорор,ми се вртеше од спиналната,ми се повраќаше,бебето имаше инфекција абе катастрофа.
    Тие ми беа ем најубавите ем најлошите денови во животот.Само чекав да ми кажат дека бебето е добро и дека може да си одиме дома.

    Извинете за долгиот пост,денеска сум нешто многу расположена за муабет :D
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    4.201
    Pa me soprea vo sabota sabajle mi stavija cepce i cel den so mm niz bolnica se setkavme ,jadev piev.vecerta nakaj 22 mm si otide a jas nemozev da spijam,se vrtev de na edna de na druga strana.Vo nedela dojde sabajle mm so bolki bev pa se porodiv i me stavija vo soba a cimerka mi bese edna rodilka od Kazakstan. E da vidite kako sme se razbirale (imase bliznaci masko i zensko.maskoto imase zoltica i bea veke 4-5 dena vo boln.) Zboruvavme na angliski na germanski jas na makedonski taa na ruski (ruski zboruvaat ) samo i samo da se razbereme :)) so muabet skapavme. I na kraj ne pustija vo isti den vo sreda. A imeto na kerka i go bese stavila isto kako moeto. Imam ubavo ime ama ne vi go kazuvam :P se izv za lat
     
  4. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Aj da si pisam na vakva povedra tema.Jas stasav na bolnica vo 10 sabajleto.Bidejki bev na dogovoren carski koga vlegovme se prijavivme na priemno i vednas izleze sestra me zede i pocnaa so ispituvanja prv kaj anesteziolog pa ekg pa kilaza pritisok krvna slika.Me kacija smestija vo sobata stavija na ctg potoa mi stavija cepcinja i koga seto toa zavrsi mi stavija sistem i na kolicka vo porodilna sala me odnesoa.Za eden cas se razbudiv na intenzivna nega pobarav da si go vidam sinceto mi go donesoa se iznaplakav koga go vidov.I potoa cela nok na mobilen skisnav sp site se slusnav mi cestitaa.drugiot den sabajleto me prefrlija vo sobata.Malce dosadnicko mi bese bidejki nemav nikoj so mene.Sinceto si go barav da mi go nosat ama posto bev carski ne mozev da go krevam pa znaese da placi i morav na sestrite da im zvonam da go zemat.Cetrvrtiot den sabajleto dojde doktorot mi ja vide ranata i mi rece slobodna si moze da si odite so sinceto.Odma mu se javiv namm doleta bt za pola saat i si zaminavme.Se na se da kazam prekrasno pominati denovi vo plodnost.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    27ми Декември, во 14:05 се породив ... вечерта до 23ч. само на телефон и со пораки.
    Вториот ден, буквално го поминав во нервоза и исчекување на син ми, сите бебиња ги носеа само моето не. Попладнето околу 17ч. мислам беше, веќе од кога го донесоа се беше ново чудно интересно :lol:
    Ноќта ми летна зошто буквално бдеев над него.
    А сабајлето ми беше вечно-од што неможев да издржам за да си одам.
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.972
    Пол:
    Женски
    Моите денови во болница:) ден и пол, навечер се породив, цела вечер бев без бебето па се одморив, утредента дури во шест попладне ми го донесоа бебето ама златно на мајка си спиеше, ние сите серии ги изгледавме и утредента ми најавија дека ќе ме пуштаат и немав кревет од 9.30 до 13 часот, нс кошот седев:) среќа што беше краток престојот и среќа што бевме добри и двајцата:)
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Се породив вечерта во 20 и 55. После 2 часа ме однесоа во соба. Цело време примав честитки на телефонот. Заспав дури во 4 часот, а се разбудив во 6 часот. Во 8 часот го донесоа појадокот и после некое време ми го донесоа синчето. Бев пресреќна кога го земав во раце. Единствен проблем за време на престојот ми беа креветите. Не се спиеше убаво на нив. Едвај чекав да си дојдам дома и да се наспијам како што треба.
     
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    29.970
    Пол:
    Женски
    Се породив во сабота во 11:40. И после пораѓајот, ме однесоа во шок соба во 12 часот. А јас бидејќи толку сакав да ја видам ќерка ми, неможев да издржам и барав да ме симнат на одделение во 5 часот. Кога се симнав, едвај чекав да ја изгушкам. Па ја гледав, ја анализирав. Во понеделникот конечно станав од креветот, и веднаш отидов да се истуширам. А веќе во средата бевме дома.
     
    Последна измена: 1 мај 2017
    На Petar80 и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    5.599
    Пол:
    Женски
    Се породив во понеделник во 14:25,после цел ден и цела ноќ на интензивна.Наредниот ден се преместив во собата,а си заминав во петок.Инаку деновите на болница ми беа одлични од услуга,доктори,сестри,храна... одвај чекав да си дојдиме дома со бебуш :inlove:
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.745
    Допаѓања:
    254.296
    Пол:
    Женски
    Се породив ноќта измегу среда и четврток(во 2 по полноќ) дома си заминав во петок наутро
     
    На iki26 и victoria им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    72.453
    Јас 24 саати бев само и толку беше кратко што не знам што правев
     
    На mal.ecka и victoria им се допаѓа ова.
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    25.377
    Пол:
    Женски
    Да можаж дома да си се породам, ич да не одам најубаво :) се породив во среда, саботата бевме дома... Блазеси ви вам толку бргу.. Во мојава блиска околина со другсрки пред 3дена со природен пораѓај никој не си заминал дома
     
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.156
    Допаѓања:
    65.189
    Пол:
    Женски
    Во сабота ме задржаа, недела рано сабајле се породив... спиев 3 ноќи, тек среда дома ме пуштија и тоа со потпис мој, сакаа уште да ме држат поради мојата здравствена состојба, но им реков дека и дома ке се пазам :)
     
  14. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Со првата ќерка лежев 7 дена, имаше некоја инфекција па мораше да останеме, напорно и тешко ми беше, болки, крварење, па и бебето не беше до мене, мислам дека најдолгите денови во мојот живот ми беа
    Со втората ќерка, ме примија во 4,30 утрото , во 6,30 бев веќе породена, утредента не пуштија
     
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    13.813
    Пол:
    Женски
    Ми недостасуваат тие денови. Во четврток наутро се породив, во недела заминав. Оттогаш, па наваму сум фултајм мами без минутка слободно време. И тоа е убаво не се жалам, но понекогаш носталгично си ги спомнувам деновите во болница, сама во соба, мир, посета нема, само мм, мазена, пазена, јадења по мени, кафенце, бебуш искапен, среден, стручна помош за доење, ѕвонче за се што ти треба......и многу други убавини.
     
    На Cka, TutiFuti и majavel1 им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.596
    Допаѓања:
    232.457
    Првиот пат бев 5 дена.
    Се ме болеше, бев како сомелена па едвај едвај вршев обврските околу детето. Среќа со мене беше мајка ми во собата, па имав помош од самиот старт. Тие денови и те како тоа ми беше потребно.


    Вториот пат поминав полесно на пораѓајот и испаднав после 4 дена. Мажот ми беше со мене во соба тие денови. Големата дома со баба и, а он со мене и бебето. Исто ми помагаше од сам старт. Беше задолжен за думкањето навечер или подавање на ситници и помош околу мене.

    Презадоволна од персоналот во болницата и советувањата после пораѓајот.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    29.357
    Пол:
    Женски
    Поминав 8 дена во болница, еден ден пред пораѓај на кој што го паметам многу убаво со болки со викања
    во неделата се породив и останавме до сабота бидејќи бебуш имаше инфекција.
    Ми фали тој одмор така го нареков бидејќи се роди бебуш во средина на лето.
     
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.444
    Се породив во Среда во 19:00 часот.Ме пуштија во Понеделникот. Едвај чекав да заминам, не бев бањата, во косата катастрофа. Едвај издржав. Мака ми беше додека да станам дека царски породена. Дури еднаш и ми се слоши само што станав. Најлоши денови ми беа тие во болница.
     
  19. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    6.623
    Пол:
    Женски
    Мамички, во тие три дена додека лежите после пораѓај, тие што не сте од Скопје, каде отседнува сопругот? Се враќа дома или ве чека се додека не ве пуштат од болницата?
     
  20. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.992
    Наташа, каде планираш да се пораѓаш?