Може во болница, ама со доплата. Искрено, нема да имаш некоја голема потреба од него. Цело време ќе лежиш и ќе доиш. Ќе ја гушкаш беба и ќе потгледнуваш тв. Тие денови се за полнење батерии. Ако си природно, сопругот ќе биде тука првиот ден кога ќе се породиш, ќе се погушкате, па ти ќе се комираш другиот ден, па ќе дојди пак за да ве земе. Не си фрлај пари, а исто така, уживај во негата и последните моменти поминати со лежење пред тв
Кај ќе се пораѓаш? Ако е Систина си кажуваш кога да ти го носат, само за визита мора да е кај нив да го прегледаат. Мали беше цело време со мене.
Кога ќе ја побараш ја носат, а ја земаат кога ти ќе им кажеш. Наутро рано ја носат за доење во 6, па ја земаат за визита и бањање. После ти е на располагање кога сакаш. Ако не ја побараш сигурно ќе ти ја донесат на доење, ама ќе ја побараш сигурно Мој совет ти е дои ја, гушкање и после викај ги да ја земат, отспиј и барај ја пак. Оти ќе заборавиш после на помош и спиење ова за плодност, ама горе долу исто е...