Јас на 21ви треба да (не)добијам ама искрено не се надевам многу а и никакви симптоми немам дури ни за добивање. Речиси година дена кај што пробуваме и не бидува, па треба хсг да правам. Така што многу среќа на другитеее кои се во исчекување
@Perla* ти честитам од срце мами, имај си лесна бременост! . . Како сте ми девојчиња? Јас сум добро, ви благодарам што ме помисливте, само во последно време немам ништо ново што да ви кажам, уствари немам нешто позитивно, па нејќам да ја трупам само темава со непотребни работи кои ме мачат. Би сакала да имам нешто убаво да кажам, ама ете немам. Период ли е, што ли е, еве немам појма, само што побрзо нека помини. Од друга страна, следно (не)добивање ми е на 11ти Април. Оф мајко, колку само далеку ми изгледа, ама да се надеваме на позитивно оваа пролет. Се надевам дека сте ми добро, и за брзо да видам еден куп позитивни тестови, па да се префрлиме во поубавите теми. Извинете за долгиот пост и ви благодарам на секоја поддршка која ми ја давате, единствени сте!
Многу позитивни работи ќе имаш да кажуваш мила за многу кратко време, верувај После дожд иде сонце и се ќе биде како што треба Мене следно не добивање ми е на 9ти Април, овој месец се надеваме на најубавовото. Инаку овој месец од вчера почнав да правам тестови за овулација зошто осеќав тапи болки и грчеви како за овулација иако беше тек 7ми ден од менст и имаше бледа цртка па ќе видиме во текот на деновиве како ќе биде и кога ќе биде темна. Ве гушкам сите и чекаме позитивниии тестовиии
Велиш после дожд иде сонце? Го знам убаво ова, ама изгледа сум го заборавила во последно време, паметот незнам каде ми е, на сите страни заминал. Ете, знам нешто заборавив да кажам, и јас си купив вчера тестови за овулација, баш да се тестирам еднаш да видам кога ќе ми покажи пик и да видам дали се совпаѓа со Flo, па ајде Боже покажи ни 2 жар црвени црти, па за брзо и во тестовите за бременост да се истите, колку ги посакувааам! Те гушкам душа моја, бескрајно ти благодарам на поддршката, следниот месец сме ние на ред, верувам дека Бог ќе не израдува, Аминнн!!
Јас ги порачав оние од Ибеј, за тие можам да ти кажам, за Али незнам, може друга девојка знае. Не ти ги препорачувам, катастрофа се, ги фрлив одма. Потемна црта никако не покажуваат, втората црта едвај е видлива. Барам линк да ти ги пратам кои се, ама ги тргнале од продажба и тоа доста зборува за нив. Вчера зедов од зегин, па ќе видеме како ќе ми се покажат тие.
https://www.iherb.com/pr/fairhaven-...-strips-40-ovulation-10-pregnancy-tests/74036 Мене овие ми се покажаа како многу успешни и ептен убаво се обојуваа. Во прилог и сликичка да видиш како се обојуваа линиите па со нив ќе знаеш кога е правото време за акција
Истите ги порачав и редовно ги користам, можам да кажам дека супер се. Но, бидејќи мене до сега не ми имаат покажано овулација мислев дека проблемот е во тестовите ама и на прегледи и на фоликулометрија видовме дека всушност има таканаречена "минимална овулација" но фолекулот не ми растеше мене па претпоставувам дека затоа бил таков резултатот на тестовите. Ти посакувам што поскоро жар цртки и на овој за овулација и на тој за бременост, и на сите други Ми мириса на пролет полна со мешиња
Мене сѐ уште ми е желба со стомак да се прчам во летно фустанче имам фора уште месец за до август да се покаже, а? Ах...
Имаш имаш јас лани во април дознав дека сум бремена во август веќе имав големо стомаче. Мене баш во јули нагло почна да ми се гледа дека е Труднички сеа се смеам сама со себе бевме на роденден и во летно фустанче ме гледа другар и ми вика пу пу машала порасна.
И јас многу имам мерак да бидам летна трудница. Минатата бременост ми беше во зима. Сега веќе почнав да си правам филмови какви фустани ќе носам летото. Втората бременос викаат дека секогаш побрзо почнува да се приметува.