Да, втората бременост побрзо се покажува. И мене во втората бременост, првиот месец два можев да го замаскирам, ама веќе после 4ти едно фустанче знам носев, беше октомври, се чувствував како во 6ти да сум, ваљда дека незнајка бев, немав осет. Инаку првата бременост ми траеше два месеци вонматерично, е сега организмот памти, нема врска шо беше неуспешна, сепак успешнава му доаѓа како втора, нели? И април да зачнеме имаме фора за летно пупаче
Ај да пријавам.. Утре треба да ми дојде според Мај календар, немам нешто симптоми. Градите не ме болат, пред 2-3 дена болка така поостра во лев јајник или матка не знам...тоа едино. Симптоми ни за бременост ни за мензис имам. А каква трудница би била сеедно буквално. Така од другарка знам, голем стомак и 40 степени август не било фино
Кога многу посакуваш бременост и долго ја чекаш сигурно се е подносливо. Ама крај на бременост да тераш во јули не е фино. Посебно ако си балон како мене.
Да, киселини и жештини гадна комбинација, ама ќе издржам. Немам гајле, ќе издржам, сакам. А пак, кога бев со поголем стомак зимски месеци, ми беше страв да не се лизнам негде да паднам, па студено да не настинам. Летно време вируси има, а бе немаме гајле, ќе издржам само да биде сѐ во ред
Чекајтеееее! Дали тоа пролетта ќе ја започниме со еден куп позитивни тестовиии?! Аааа, утре ќе биде убава ден, ми мириса на пролет полна со 2 цртииии! Без разлика кога ќе правите тест дами, со нетрпение ги чекам вашите резултати. Велите сакате да сте летни мешковци? Ќе бидитеее, и сите ќе бидеме со мешковци во среде август, ама тогаш па друга беља. Ќе ни бидат големи мешковците па од некоја плажа ''ќе се жалиме'' како неможеме да пливаме оти не клоцат бебкитее. Шала на страна души, нормално секоја од нас си има по некоја желба, ама кога и да бидеме со големи мешковци, само до крај да си ги износиме бебушките со лесно и да ни се родат живи и здрави, друго ништо не барам. И еден апдејт за мене - Flo вака вели: You've just entered your fertile days, па дами мои, акцијата може да почнееее!
Па не знам како е точно, мислам дека матката е пофлексибилна и побрзо се шири во следни бремености па затоа. Не е ни важно толку, само да забремениме и да си износиме живи и здрави деца, се друго е споредно. Може не е најсовршено да си летна трудница, жешко итн. Ама сите знаеме дека сѐ ќе издржиме и издржуваме за да дочекаме деца.
Исто сме значи јас и ти мегле @Peanut Butter како си ти? Нешто да пријавиш? @Iris-1234 не туку лајкај, кажувај како си
Нека не доаѓа . Јас немав никакви симптоми кога забременив додуше ја неам ни ПМС симптоми, знаев дека сум бремена штом не ми дојде до кај 13 саат и тој ден на 15 мин одев у тоалет да се проверам. За големиот стомак и август ич да не се секираш нема толку голем да ти биде тогаш сепак 6ти месец би била и плус секоја бременост е различна. Мајка ми сите бремености и биле со термини Јули, август и септември па вика воопшто не и било тешко. Само ние побрзо да останеме бремени за друго после ќе издржиме
Мислам дека ќе се радуваме повеќе кога ќе клоцаат нема да се жалиме. Значи ос вечер да спиеме облечени пошто следуваат јаки земјотреси . Ајде за 14 дена тука да видиме две црти.
Мила фала што ме помислуваш. Добра сум, паничам и го анализирам секој симптом. Од симптоми освен грчеви во стомак и болки во половина немам ништо друго. Сакам само да видам дека се е во ред и да уживам, ако е можно тоа Плус трчам на секое во тоалет затоа што мислам дека сум добила Само се молам се да биде добро Како сте вие дами? Дали ќе правите тестче?
Jaс да пријавам дека нема да се тестирам дур не ми доцни барем 3 дена. Од напатеност. Што е сигурно, сигурно е
Немам ништо да пријавам, немам никакви симптоми, чекам да ми закасни за да правам тест. Праќам среќа на сите.
@Bella_Stella ќе забремениш и ќе биде сѐ во ред, верувај. Знам колкав ти е стравот, ама втора бременост ќе биде сѐ добро, Господ ќе те награди со една Stella - Ѕвезда да знаеш. И сѐ се издржува и секако кога си бремена, е сѐ малку понапорно, ама жалби поплаки како било што било, ич ама ич не прифаќам и не ги ни слушам од други. Најмалку стомачето големко во август треба да нѐ грижи, па тоа е слаткост. Баш убавина И сите што подолго и пократко време се обидувате, едвај чекам да ве видам бремени, ви посакувам оваа година да ви се исполни топлата желба.
Жено трудна, не си прави стересови безврска. Цртата на тестот супер ти се појачала Закажи си ехо за недела-две и уживај. Јас си чекам овулација, денес 13ти ден со ептееен бледа црта на тестот. Се надевам нема да треба да ја чекам до 24-25 ден како минатите два месеци. Се нервирам што си го немам циклусот под контрола ама што е тоа е. Кога сме кај летните фустанчиња, сакам тесно фустанче со тенки прерамки и трудничко меше
Фала ти на позитивата Елена. Стравот е тука и ќе биде дур во раце не дочекам живо и здраво дете. Ама желбта за поубава иднина го надвладува и не му дава да ме обесхрабри. На сите што сте во борбава од срце ви посакувам што поскоро да се радувате на едни мили мали очиња. Бог има убав план за сите нас, сигурна сум.
Уште 6 или 8 дена до недобивање соодветно на нов и стар календар. Болки околу половината, како некое лошење минимално ко тешкотија во желудник. Пак чат пат грбот ми студи, значи ќе добивам, освен некогаш да се покаже поинаку. Во нозеве долу како тешко ми е, ко да ме вијат. Може да врне. Навечер сѐ уште не се потам, што ми е симптом на добивање. Градиве џомти ми се сензитивни, а ги фатам ништо не осеќам. Дали сонувате побурно пред добивање? Сѐ на сѐ луд збуњен нормалан