Хахах same here. Денес треба да ми дојде, не си верувам сама на себе и на (не)симптомите. Еве не знам... Ќе ми пробие мислам. А инаку побурно, оноа вивид дримс имав во бременост (заврши со спонтан), а во пмс не сум нешто посебно приметила.
Напраив јас тест, не знам шо ѓавол ме тераше, импулсивно од работа накај дома купив. Негативен. Знаев, ама исто боли. Буквално скршена сум. Маж на пат, се надевав ќе го израдувам, а сега си навеав сама да си плачнувам. Хах. Чекам убави вести од вас
Ќе биде, не се разочарувај мила Јас кога реков не бива и тргнав да правам испитувања затоа што сметав дека нешто не е во ред, тогаш бидна. Знам дека е тешко и само тоа ти е во глава ама ќе биде да знаеш
Ама сѐ уште не доби нели? Имаш нешто симптом сега? Разбирам колкаво огромно разочарување е, и веќе се смачува и чекање и надевање. Изгледа кога ќе нѝ скисне еден ден, ќе бидне. Шо знам, ете. И една моја познаничка велеше дека после година обиди, си рекла ете не бидува демек, со царски сум за првото, затоа не успева да се зачне. После тоа забременала. Изгледа она опуштање со мислите кое не знам како изгледа, делува кај некои. Можда бебето си сака на одреден датум да се роди, не успева баш во тој период кога ние сакаме и тоа е.
Девојки, мене ми е 11 ти ден подле ризичен однос а според вас за моите симптоми дека бев во пикот на овулација Симптоми исти како пмс, мислам у секој момент ќе пробие… освен одеќам ко да имам нешо зголемен бело-бледо жолт исцедок. 26 ти дем ми е денес од последен циклус, и не знам… мислам и се измачувам, тешко е ова чекање многу, ама мислам оти ќе ми дојде…
Јас баш благодарение на нив сега сум 12та недела Еве ќе пратам и слика да видеш позитивен тест од нив
Ме израдува со лесно бременоста. Кажи ми кога доби позитивен тест на овулација тогаш имавте односи, следевте можеби фоликули плус на ехо ?
Не следев фолекули на ехо. Односи имавме сабајле на 17ти (вечерта имав позитивен тест) и на 18ти вечерта. Кој од двата дена бил моментот не знам, ама среќа го погодивме Со среќа и тебе
Ајде здраво, јас требаше да добијам вчера, уште ништо, немам ни симптоми, а правев тест и вчера и денес, негативен. Мислења?
Апсолутно ништо, само чувствителни гради. Правев од оние тенките тестови, слични како за овулација, не знам како се вика.
Ако имаш можност провери преку крв или купи селф клеар. Што се однесува до симптомите немав ама баш ни еден симптом што би ми укажал дека сум бремена се надевам така е и кај тебе. Исто редовен циклус на 28 дена, знаев дека сум бремена штом не добив до пладне
Здравооо да ги прашам јас поискусните… вака, имам обично редовна менструација на 28-29 дена подледнава година. И овулација на средина на циклус, познавам по исцедокот. Последен пат добив на 20 февруари, и требаше да добијам околу 20 овој месец. Арно ама ништо на повидок… тест негативен. Нешто што ме замисли е што исцедок како за овулација имав на 12 март овој пат :/ и сега не знам дали да правам пак тест, и кога би бил најрелевантен тестот. Секако наредна недела ќе одам на гинеколог, ама до тогаш ќе си мислам имал некој ваква ситуација?
Здраво другаркиии, да се јавам и јас. Денеска е 14 ти ден од циклус, а овулацијата никаде ја нема Се тестирам со тестови за овулација ама ништо и се нервирам... А циклусот последните три четири месеци ми е пореметен и добивам на 25/26 дена. Претходно цел живот ми бил на 28 дена како саат точен. И сега се мислам дека нема шанси да ми е доцна овулација а да добивам на 25 дена. И така ке продолжам да правам тестови па како биде биде. Вие како сте миии, што ново има кај вас