Јас сега кога останав бремена имав односи еднаш, еден ден после добиено мислам, а овулацијата ми беше после 5 дена според календарот .. Што бидна како бидна не знам
А на денот на овулација имавте? И ние така. И јас мислам дека треба порано да се почне, пример неколку дена пред овулација, за да се начекаат. А вака ако е скоро случена овулацијата, и тогаш однос, може и да помине а да не стигне пливач. Читав дека и во секој однос имало од 10 до 33 % шанси за оплодување, природата си поставила правила за да успее најдобриот сперматозоид, затоа не можеме од секој однос да забремениме.
Ние па два- три дена пред да треба да добијам дури по 2 недели од доцнење слаба линија имав на тест. И овулациите не се тоа што беа
Чудна работа А тој ден кога беше овулацијата баш имав исцедок ко белка од јајце. Си викам браво за спермата од мм, преживеала скоро 6 дена Ќе се испратам сама ај
Јас среда бев ма гинеколог, виде два фоликула, четвртокот сабајле праев тест за овулација, беше жар црвена, следниот ден петок изутрина правев пак тедт за овулација, линијата беше побледа од претходната но не беше невидлива, петок попладне имав таков исцедок како белка од јајце ама потемна боја, и вечерта односи… не се фати, најверојатно четвртокот била овулацијата… за тоа најдобро 3/4 дена односи пред можна овулација, штом толку денови можат да издржат внатре сперматозоидите…
Ова ќе го пробам следниот пат Штом толку долго можат да живеат внатре спераматозоидите… btw со среќа бременост! Ти посакувам убава лесна и школска да ти биде
Секој со различна приказна. Нема правило и овде некое ептен цврсто. Инаку да, според сѐ што студирав по нет, подобро порано 5 дена пред овулација отколку подоцна 1 ден. И гинекологот ми вели, штом завршува менструација почнувајте си одма. @elenaklasik да не закажа за хсг? @Homme веројатно сте задоцниле малку штом цртата веќе била побледа.
Ајде еден update од мене, да се размрда темава. Бев денес пак на мерење. На лев овариум имам корпус лутеум од 18мм, ендометриум 12мм. Докторката рече ако сте биле активни големи се шансите. Нејзина претпоставка е дека вчера била овулацијата. Ние не знам бевме ли доволно активни. Односи имавме само два пати неделава, во вторникот и вчера. Ама не се оптеретувам со тоа, ако треба да биде нека биде. За две недели ќе видиме на што сме.
Убави вести се тоа. Ајде за две недели уште поубави. Јас имам прашање. Петти ден ми е менструација, а ми трае 6-7 дена од прилика. Кога е најдобро да одам на мерење според вас?
На 11ти 12ти ден да почнеш. Па по потреба се повторува уште еднаш. Така мислам јас, види доктор секако што ќе рече
Мој совет е само што ќе ти заврши да одиш, според b-hcg јас забременив одма после циклус. Дај боже се да биде ок од нареден месец јас така ќе правам уште на 7 ден ќе одам на ехо.
Пуштам среќичка и baby dust за две недели да ни пратиш две жар црвени цртки П.с Јас кога останав бремена само 2 пати односи имавме тој месец така да сè е можно
Јас кога останав бремена тој месец баш не бевме многу активни со мм, и реално баш на тој ден кога имав овулација јас бев на гости кај моите и наредните два дена, немавме односи така да ти пуштам среќичка и чекаме да не израдуваш