Квинке од кај ги нарача тестовиве и колку се во едно паковање? Сакам да нарачам, ми се поремети скроз менструацијава дали од вакцинава или не знам, па здравје од мај би почнала со тестови за овулација.
Мила, овие тестови се 5 теста во едно пакување кое што мислам дека чинеше 348 денари и ги има само во Зегин. На паковањето имаат слика со бебе, ако ти е нешто од помош. Ако ти е пораметена менструацијата почни порано со тестирање, некаде околу 7/8 ден или уште убаво - како ќе ти заврши, одма почни си за да ја фатеш убаво овулацијата. Исто така можеш и од тука да ги порачаш - лично не сум порачала, ама читав биле доста брзи и стигале одма утредента од нарачката. И да, тука на страната се поскапи за некој денар. https://24apteka.mk/product/oview-test/ Се надевам дека ти помогнав колку-толку мила, друго што и да те интересира, пиши ми слободно!
Што е бе ова менструални болки на 6 дпо Згора на се, вчера на тренинг си ја повредив ногата и изгледа ќе морам да ја снимам. И сега?
Почекај за снимањето освен ако не е ептен итно. Јас денес пак лигле исцедок и болки во јајници. Кој ќе знае што се дешава..
Не, не е итно, си кривам, си рипкам на една нога Ставам некоја водичка за отокот (бабина работа) ама кога се разбудив сабајлево и стапнав на ногата, дедо боже го видов. Колку и да боли ќе морам да чекам. Исцедок... час густ, час воден и таман ми иде со грчевиве, мислам дека сум добила. Тебе кој ден ти е?
Пред да дознаам дека сум бремена снимав бели дробови, после ме јадеше црвот па прашав ми кажаа повеќе зрачење има од апарати околу нас, башка и да има нешто тоа уште "патува".
Мене 20ти ден. Не бројам дпо пошто не знам кога точно ми била овулацијата, според др на 17ти ден во неделата, ама не знам ќе видиме.. Појди си на лекар за ногата најдобро, нема зошто да трпиш болка. Мада што и да е набиено знае да боли многу.
Од мене ништо месецов, ми дојде и со страшни болки сум. Не ни бевме нешто многу активни, но сепак нели надежта последна умира хехе. Ве гушкам сите и ви пуштам среќичка за жар цртки, јас со уште поголема желба влегувам во новиот месец, храбро и борбено во први редови
Уф ама се тешки двете недели до НЕдобивање... ептен сум во забуна бидејќи последен однос беше 3 дена по овалуација... не знам ама се надевам дека ќе има две цртки. На 5ти треба да добијам, а после односи, по два дена веќе почнаја осетливи гради, пецкање во јајнци, бело-жолт исцедок и болки во половина исто како што ми е баш за време на менс. Ми е чудно што ако се ПМС многу рано ги добив... 11 дена пред добивање, а секогаш ПМС ми се 6-7 дена пред добивање. Ве молам за мислење од поискусни, дали имам надеж или ? Исто да напоменам дека пецкање во јајници и исцедокот не ми се воопшто во ПМС ...
Месецот кога останав бремена, одма после овулација почнаа градиве ненормално многу да ме болат. Не знам дали имаше врска со бременоста ама тоа ми беше сомнително И деновите пред да требаше да добијам имав постојано чувство дека секој момент ќе добијам. Кога не добив на датумот (мене порано знаеше да ми дојде но никогаш не ми доцнеше) веќе ептен се посомневав. А само 2 пати имавме односи тој месец и некако не се надевав. Почекав 3 дена да ми доцни и направив тест позитивен Се надевам дека и кај тебе ќе биде така, со среќа
Два дена после однос нема шанси да се појават симптоми, едноставно прерано е за симптоми. Како следиш овулација?
Знам, затоа ми е чудно некако... овалуацијата ја следам така што имам болки во јајник и бубрег. После тие болки секогаш 15тиот ден добивам. Но овој месец прв пат ги немав тие болки па по календар пресметував дека всушност овој месец односи имавме веднаш нареден ден по менс, и 3 ден по овалуација... е сега дали се фати нешто од двата пати, не знам
Дај Боже да се фатило Јас топло ти препорачувам да почнеш да користиш тестови за овулација затоа што болките и календарот може да те излажат. Со тестовите или базална температура ќе си на чисто и ќе си знаеш секој месец кога ти била овулацијата
Дечки, 9ти ден од циклус рано е да одам на мерење на фоликул? Циклус ми варира од 27-30 дена, последниов ми беше 30. Ако е рано, ќе се види нешто? Или? Првпат ќе одам на мерење, не знам како оди.
Другаркииии Ради ногата и ради менструалните болки уште од отварање очи направив тест сабајлево. 7 дпо. Можно ли е?