Другарка ја имаше знам дека она зимаше некои сливи чудно име имаа ги купуваше во продавница за здрава храна . https://nmd.mk/dali-ste-slushnale-z...k-za-eshirihija-koli-antibiotik-antioksidans/ Овие се .
Се ми е пробано, буквално се, ќе ја нема некое време и пак ќе се појави. Смачено ми е веќе. Треба да ја оперирам да ја исчистам од бешиката, ама никако со коронава да го завршам тоа. Најверојатно сега мај месец ќе ја средам.
Пробај со Утинорм ќесички, ги има по аптеките. Јас ги имам пиено, не за ешерихија, но и за нив се наменети. Потребно е од 1 до 2 ќесички дневно ама се пијат месец дена. За прочистување на уринарен тракт, знам дека ги препорачуваат и за бактериите кои сметаат при забременување. На природна база се со брусница и уште неколку состојки.
Вчера во аптека побарав неколку различни вакви производи, ми дадоа 3-4 врсти ама се зезнале со цените, од 1000 нагоре, абе ај, а гаранција дали ќе помогне нема. Сега ќе земам едни на база на брусница а ќе ги побарам и овие.
Овие беа 60 ден ќесичка, скапо е, ама концентрирана брусница, па пак подобро од чај. За жал цените се изгор на сите такви производи.
Јас денес добив како за почеток на месец,три дена порано требаше на 4ти Не сум разочарана,очекував дека ќе добијам месецов како што реков претходно Праќам среќа на сите кои сте во исчекување за да НЕдобиете
Дами абе градите ќе ми прснат, што е ова вакво? Инаку, зачудена сум оти како што ви напоменав мене градите скоро никогаш не ме болат Нејќам да се радувам пред време, мензисот дури другиот викенд го очекувам, па ако ми дојде Е дури тогаш ќе му се скарам веќе на симптомите. (кажа квинка и пак нема да му се скара) Сега кога станав ме удари филм да направам тест со прва урина, ама многу е рано бе, не бива, не сакам да си го замарам до толку мозокот, ќе почекам. @Viktorijaaa5 баш ми е жал мила, следен месец е твој!
Пишав некоја страна поназад, обично ме заболувале градите 3-4 дена пред да добијам ама кога останав трудна тој месец одма после овулацијата почнаа и ненормално многу ме болеа. Не можев да спијам, во спиење ми сметаа, е до толку. Не знам дали има врска со забременувањето ама така прввпат се посомневав Почекај си 1 недела за тест, прерано е уште. Ти посакувам две жар црвени линии
Ти благодарам многу за споделеното искуство и да ти кажам многу ме израдува и ми се роди надеж! Секако нема да славам пред време дека биднало, ама ете овој пат многу ми е чудна оваа болка во гради што сум ја немала одамна, па да се надевам на добро, и тест секако нема да правам, ќе почекам оти е премногу рано за било што. Ве гушкам сите и ви посакувам за брзо 2 жар црвени цртиии!
Девојки дали ви се случило да имате бел исцедок скоро провиден цело време после овулација. Јас со тестовите ја утнав работатат ама после неколку дена околу 15 ти ден ја видив таа "белка од јајце" што се растега и ми даде надеж дека тогаш е овулација. Од тогаш помина поќе од една недела, за 5 дена треба да добијам според календарот, а исцедок си имам цело бреме таков бело провиден течен. Па не ми е јасно што се случува
И јас имам ист таков, како млечен, воденикав. Првиот пат кога забременив го имав истиот и се надевам дека и овој пат е тоа.
Девојки дали има некаква врска температура мерена сега, не базална? Обично секогаш ми е 36 или 36.1. Сега ми текна нешто да измерам и е 36.5 Исто така имам болки во десната страна, кичма/колк што и да е и од време на време тој воденикаво млечен исцедок. Веројатно сум негде 8 дпо.
Јас коа останав бремена имав млечно бел исцедокнпред да треба да добијм периодот , дури се плашев да не е кандида . А ден два пред терминот за добивање исти симптоми како за добивање. Држам среќа. Инаку базална се мери наутро пред било кои активности
Денес ми е 8-9 дпо немам никаков симтом не се надевам дека ќе има нешто ама ќе почекаме здравје за 5 ден што ќе биде.
Апсолутно исти симптоми имам со базална 36.9 и плус исцедокот воденикаво млечен е цело време тука, нема никаков мирис ништо затоа не мислам дека е кандида а не знам што би било. Ајде за некој ден ке виидме дали има некаква врска ова или само за џабе си давам надеж