Колку сум среќна за тебе морам пак да ти пишам. Го гледам тестот од прееска, колку е убав... Со лесно нека ти е, мило ми е што ја осети таа среќа најголема. Уживај во неа
Ќе правам сабајле ако ми е слична базалната како денес. Така ми рече @Saba08 , a јас едвај чекам Во градиве имам оган, грчеви како за добивање мислиш во секој момент ќе добијам, а имам уште 3-4 дена до добивање, апетит 0. Не знам дали сум нормална ама имам надеж некако . Ќе видиме што ќе биде сабајле. Си купив Селф, да не ме зафркнат пак оние од 30 денари.
И јас едвај чекам да се тестирам, ама не знам дали имам надеж или не. Некако ептен сум на две.. Од симптоми болка во кичма, исцедок повремен, почнав и често да мокрам, а градите не знам дали да речам дека ме болат, некако како да ми смета градникот. Само ги стискам како луда да видам дали болат. Рано ми е за тест мислам, си викам на 7ми да правам, 11 дпо ќе бидам плус убав ден празник, може ќе се посреќи..
Кога ти ги читам симптомите како да сум ги напишала јас Ама пак не знам има моменти кога викам ќе биде овој пат тоа е, после пола саат си викам нема шанси пак ќе си добиеш, осеќам како да сега ќе дојде и така...Вагам цело време, инаку прееска бев спремна да одам да купам тест и во последен момент се откажав
Очигледно сите сме исто нестрпливи со тестирањето и со мислите. Јас бидејќи сум со поголем стаж на патот до бебе, се научив да не се тестирам импулсивно. Ехее колку ли само негативни тестови сум видела во животов.. И реков доста е, ќе чекам зошто и тоа тестирање прерано не ни носи многу добро. Емоциите се лоши после секој негативен тест, преживуваме стрес за кој што не сме ни свесни, а кој никако не ни треба. Камо да не се лажни симптомите, јас оставам на таа виша сила од горе. Нека биде како што треба да биде.
Овој месец негативен , наредниот месец ќе биде позитивен. Нема разочарување!!! Па мора и ја да имам некоја другарка со која ќе одбројуваме денови после овулација.
Нее нема разочарување. Мора постепено да одат позитивни, нема да биде интересно сите наеднаш Сега @medena147 да се јави на главна каса
Се заебав вечерта станав во 2 и 30 да мочам го заборавив тестот а многу ми се мочаше не можев да издржам да се враќам да барам во што да мочам и сабајле кога станав не ми се мочаше многу го напрвив ама за џабе немаше ништо,утре сабајле ќе видиме здравје ќе правам нов,ќе припремам се за да не ме изненади во доцните часови повторно да ми се мочат.
Се мачам од прееска да ја прикачам сликава. Има црта ама најверојатно и таа не е точна. 12 дпо сум, треба да е појака. Изгледа сите тестови се против мене, не само оние од 30 ден @Saba08 уште сега и не те тагнувам веќе