Јас би ти кажала да си се исплачеш ако ти е тешко, немој да ги собираш и потиснуваш тагата и разочарувањето, пушти ги нека излезат.. А тоа што губиш сила што значи? Ако си уморна и исплашена не го прави тоа, дај си време за себе откажи се, собери сила па продолжи.. И јас исто се чуствувам, лутање по болници, ходници, ништо нема да се врати.. и не знам дали сум спремна и можам да издржам уште една бременост.. па така си викам не мора сега, можеби нареден месец, се плашам, сакам се да преспијам... Те гушкам силно, Никој не знае колку може да издржи и собере срцето на една мајка
За жал нигде не оди тагата, колку и да плачам тука останува, знаеш и сама.. Губам сила зошто веќе се осеќам како да лутам во некој лавиринт од кој што нема излез.. Знам дека морам да сум позитивна, знам дека треба да се приберам за иднината да биде подобра.. и стварно се трудам.. Фала ти и биди силна и ти, на истиот пат сме. ❤️
Нема губење надеж, идеме напред, ке биде,знам дека е тешко и боли,ама нема откажување,со нови сили и позитивна мисла, може уште следниов месец ке биде
@Bella_Stella како си? Ќе биде мила, било еднаш, ќе биде пак. Дали веќе доби менструација? Биди ми добра
Добра Еленке, се занимавам по дома да не мислам. Времето ме спречи денес иначе планот беше да се сеат цвеќиња. Не сум добила уште, а симптоми немам веќе апсолутно никакви, ништо не ме боли. Како си ти?
Исто и јас, километража низ дома правам, неделни активности да се завршат. Неделно попладне, сакам да е бавно, мирно, опуштено. Сакам кога за да растат И во нас да си раснат цвеќенца. Дали ти е почесто точна менструацијата? А бе обично менструација кога доаѓа е со симптоми, а вака без хм ама ајде да видиме.
Да да си треба и дожд, иако јас не го сакам многу. Дај Боже во сите нас да растат цвеќенца заедно со пролетта. Инаку циклусот не ми беше најредовен, почнав со контрацептиви баш ради тоа што од голем стрес се дисбалансираа хормоните и почнав да добивам на 15-20 дена. Откако почнав терапија добивав на 27-8 дена, а последниов пат на 31. Не сакам да се надевам за да не се разочарам по стоти пат. Нека биде така како што треба..
Еве ме и мене девојки, си добив како ништо сабајлево. Ми доцнеше 2 дена што ме зачуди многу дека последниве месеци добивав порано и планирав ако и денеска не добијам утре сабајле да правам тест, ама.... Така требало да биде, тоа е.
Сите заедно сте добиле, а тоа знаете ли што значи? Дека Бог сите ЗАЕДНО наредниот месец ќе ве израдува со 2 цртки и сите ќе си имате бебушки во новата 2023 и ќе ви биде најубавата година во вашите животи дами мои најсакани! Ве гушкам сите до една, бидете силни, вашето време допрва доаѓа!
Само ја не добив, а не сум бремена (се пазиме уште оваа недела се надевам). После хистероскопија скроз се пореметив и ужасно сум нервозна деновиве , сабајле помислив дека добив имав менструални болки али пак ништо 29 ден ми е од циклус
@DaisyDoo миличка еве ме, само што се враќам од преглед, како да си гледаш на прсти дека сакав да пишам сега. Си го видов минијатурното точкиче мое, има бременост и има убаво здебелен ендометриум. И како што ви кажав сакав да си видам 2 жар и желбата ми стана реалност мили мои - еве сликце. Аххх Боже, реалност ли е ова, конечно ли ми се случува и менее?
Фала ти мила. Да, ми рече се гледаме за 2 недели за срценце. Јас планирам да закажам за срценце кога ќе бидам 6+4, а тоа е кон крајот на Април. Ќе се слушне ли тогаш мила или да почекам уште малце? Тестот е од сабајле мила, ми доцни 2 дена. Уште малку ти си на ред за ваква убавина, ајде се ближе 21ви, со душа те чекам.