Честитки, прекраснотија! И тестче и точкиче преслатко и срценце наскоро. Со лесно да ти е бременоста! И за сите нас овде да си исчекаме Следејчиии! Ајде давајте наредна која е, да одиме наредно ниво Ќе има други тестови, ми мириса така, мора да има!
Ќе се слушне Јас сега на 5 +4 некаде слушнав срценце, со вагинално ехо ме гледаше тогаш, ако има нешто врска тоа Уживај во бременоста, дај боже школска бременост да имаш
Колку убаво две II мила убавини за две недели ќе си слушнеш срценце те гушкам и баш ми е мило што конечно и ти ќе ја осетиш оваа убавина
Eeee? Па многу убава цртка за два дена доцнење. Веројатно рано си овулирала. Како и да е, релаксирај се, веќе официјално и потврдено си бремена! Уште да чујам и @Iris-1234 како е
Мила, фала што ме помисли, добра сум, се борам со мачнините. Почнав со Антиметил и малце ми помагаат, барем малку ми ги намалуваат мачнините. Се надевам дека ќе се стабилизирам и на подобро ќе оди. Како си ти мила?
Добра сум јас Ирис, фала. Еве симптоми бројам, гради проверувам дали болат, си замислувам дека имам грчеви некои, бројам дпо, си велам "аха многу сум гладна, сигурно има нешто", а нема веза... Циркузи. Пробувам да не си давам лажна надеж, пробувам и да не се обесхрабрувам. Имам уште 10 дена до (не)доаѓање, натаму е Божја волја очигледно. Слатки мачнини се тоа ајде! Како што знам 13-14-15та недела исчезнуваат.
Здраво женски, втор месец како се обидуваме и ми касни еве денес 5ти ден.. Вчера праев тест од тие најефтините имав дома негативен излезе, нејкам да му вервам секогаш ми идеше на точен датум сега ме буни шо ми касни а нег тест.. Кажете каков тест да земам? Уште имам надеж па да пробам пак...
Пааа.. Self Clear, Fruh тест, SureCheck не го препорачуваат баш. Ајде па пиши тука после. Кои се тие ефтини што велиш?
Касетките од 25 ден незнам на која фирма беа, имав таков од пред некој месец ко имав биохемиска бременост. Не памтам каков зедов со првото ко бев бремена, ми покажа на ден пред добивање.. Ајде ке пишам само нека е тоа оти многу ме мачи од ко ми касни, болки во стомак, вртоглавици, енергија нула, водест исцедок од сношти жива вода сум абе 99% бев сигурна дека е тоа само тестот ми го скрши филмот...