Не е малку рано за симптоми? Врска немам, имам некои мали болки во јајниците цело време, градите ми се отечени, ама градите ми се такви и пред менструација. Ептен погодивме овулација, ама ај да не се надевам. Како си ти?
Рано е бааги ама fishing for symptoms цело време, па да видам само јас ли претерувам . И ние трефнавме овулација, благодарение на тестовите. Имам некои болки долу чат пат, буквално може да е пмс или премрзнати нозе. Да не бев во ситуацијава гарант немаше да ги приметам. Сѐ си земам со резерва оти безброј пати се разочарав. Ајде гуд лак! стискам палци за двете.
Девојки како сте,има ли нешто ново? Јас сеуште немам добиено позитивен тест за овулација во теков на неделава би требало да ми е,ама ќе видиме.
Добра јас, ништо посебно од симптоми. Вчера единствено на 12-13 дпо на бришење имав многу многу малку како кафеавко лигавко. Буквално 3-4 точкички беа, а за 3-4 дена очекувам мензис. Тоа, друго немам ништо. Гради нормално како во пмс... @medena147 ако вие пробувајте си, безразлика на тестовите.
Јас сум моментално во овулација, или ми е на крај, ама чудно имав само 1 ден секрет лигав. Не сум мирна, мора да има нешто. Следен месец добивам и закажувам одма ехо, мене ми е многу чудно ова, не овулирам секој месец и знам, не секој месец овулираме, ама до толку на 3-4 месеци овулација ми е чудно. Се фати еве 3г откако пробуваме за второ.
Јас од секогаш сум имала само 1 ден лигав секрет како белка од јајце. Тој ден ми е овулација знам дека и болки сум имала. Ама никогаш не ми се фатило бебе на денот на овулација кога пробувавме и ден после овулација.
Многу трпеливи овие сперматозоиди биле 3,4 дена пред овулациј имавме односи и баш не верував дека тој месец ќе има нешто ама ете Држам среќа сите да се израдувате
Мислиш ради она кафенкото? Ама многу многу малку беше, точкички што не се повторија пак. @AngelOfArh не знам дали си користела тестови за овулација, ако не си, те советувам да почнеш. Јас мислев дека кога го имам лигавото тогаш всушност е овулацијата. Тестовите ми покажаа дека отпосле овулирам. Баш се сеќавам имав лигав исцедок и направив тест, негативен ми излезе. Се разочарав многу мислев воопшто не овулирам. Ама продолжив да се тестирам и за ден-два ми покажа јака втора линија. Е сега негде низ темиве прочитав дека ни тестот за овулација не е гаранција дека овуалција настапува, ама да се почне од некаде. Ете јас со лигавото месеци месеци наназад бев во заблуда.
Висока седиментација втор месец по ред, не можам да направам. Следен одам на ехо и ќе видам Систина што ќе кажат со колку седиментација они ќе ми дозволат. Не сум користела, се надевам дека и кај мене било ден два потоа. Надежта последна умира. Искрено почнав да си мислам, па може толку е за мене одредено, едно детенце и толку. А многу сакам уште едно бепче, ептен сакам, ма уште 2 сакам. Да се фати сега за трето не чекам, одма ќе почнам после 6м да пробувам.
Па поради тоа, тоа и треба оскудно да биде. Пуштам среќа и едвај чекам да закачиш еден препозитивен тест