Дај боже да имаш позитивен тест,ти држам среќа. Да,да имаме секој ден или втор ден обавезно не чекаме и после овулација имаме се додека не добијам.Тестовите ги правам барем да имам некоја ориентација.Денес имав такво исцедок растеглив и еве го тестот од денес.
@Iris-1234 абе немаш појма колку ќе сум среќна, со свирачи ќе му идам на маж и тест на чело. Ама ајде да не се хајпнувам многу оти аман! @medena147 јас мислам дека вечер ќе имаш две јаки цртки. Евентуално утре сабајле. Како и да е, според сликата си многу близу. @AngelOfArh и јас истото си велам, да биде едно одма друго правам . Земи си за следен циклус тестови, ги има едни 320 денари мислам во Зегин, 5 лентички внатре, ќе знаеш од прилика на што си. Не се разочарувај, штом многу сакаме, ќе биде!
Исто кога останав трудна. Без симптоми со таков исцедок, дали беше 13 или 14 дпо не можам да се сетам. Spoiler: Буцкање Можеш да правиш тест
@DaisyDoo ајде позитивно тестче! други симптоми имаш? @AngelOfArh , и јас истото со велам, дека едно ми е судено. Пред да го добијам си велев само едно да родам, за друго лесно ќе е. Еве не ми е лесно, сега кога го сакам, не може. Понекогаш мислам дека крајност е што верувам некако судбински, ама подруго не можам. А не се помирувам. Како ви влијае состојбата на незначнување? Јас сум нервозна последно, а тоа дека ќе добивам, се карам со блиските, лута сум и некогаш неволна, иритирана. Како реагирате со блиските, ве буцкаат, притискаат? Мене погледот на свеки ме иритира, кога ќе ме погледне во стомак, тоа нејзино дискретно очекување, и како жален поглед, демек дали повторно ќе имаме дете. Уф нервоза ме дрма, извинете
И мене ме фаќа нервоза деновиве, за 2-3 дена треба да (не)добијам. Исто многу се нервирам од тоа што сите како повеќе да очекуваат од мене да останам бремена. И цело време ајде направете едно бебе .. е ајде де... Не сум многу активна низ темиве зошто еден период не сакав да се оптеретувам толку многу. Месецов освен што градите ме болат премногу, имам и слаби грчеви во стомакот, а до сега сум ги немала. Така да за неколку дена ќе знам на што сум.
@Angella7 сполјеров @Iris-1234 дечки уплав имам од тестови. Ќе правам ако доцни. @elenaklasik немам ништо. Градите ме болат како за пмс, еве сега и мигрената предменструална почнува да ме фаќа. Синоќа по исцедокот како да ме болеше долу ама мош се и филмав. Ќе чекам.
Да си кажам и јас Денес ми е 13 ден од циклус, на 16ти ми е овулација. Утре имам закажано кај матичната, намерно истемпирав пред овулација за да види и фоликул. Мајка ми (51 год.) беше месецов за пап и онака да ја ѕирне докторот и и рекол дека е полна фоликули, се надевам дека сум на неа За празнициве нема да сум тука, не знам дали и колку ќе успеам да мерам базална ама па имам Be safe тестови. Ги купив по препорака од трудница @Kate Rina 93 може ќе ме фати мајата Денес у Џамбо трча едно мало прцле накај мене, вика 'мамиии' и ме фаќа за нога. Маж ми вика 'ах ете, зимај ја и да бегаме, да не правиш веќе тестови' Мајкава да ти била до маж ми и му вика 'не ја давам богами, четири години ја чекав'. Се изнасмеавме. Ваљда зошто го слушна маж ми за тестовите што искоментира, ме праша колку време чекаме ние, си разврзавме муабет. Убаво ми дојде. Ако е феминка, сакам да ја поздравам
Со сето срце посакувам да те фати мајата и да ни се придружиш наскоро во труднички За сите што чекате стискам палци
@DaisyDoo @Peanut Butter златни како сте ми? Се ближат вашите денови за (не)добивање, па веќе сум нестрплива за резултатот.
Има некоја за Велигден недобивање? Јас сум за во недела, ќе добијам осеќам, такви ми се симптомите. Ама ајде вие овде што си очекувате, да ви се оствари наскоро
Квииин добра сум. Имам симптоми за добивање така да очекувам да пробие. Си го знам телото и знам дека ќе дојде. Пред два дена имав некаков исцедок кафеав шо не ми се случил, ама одма после тоа ми почна и мигренозната пмс главоболка. Живи здрави тоа е! Ти како си? @elenaklasik ќе добијам и јас симптоми немам. Гради ме болеа, сега ни тоа. Имам болки долу класични за добивање. Единствено шо ми мати акл е тоа што сонувам многу, секоја вечер без исклучок, ама веројатно од стрес, од пуста мисла. Првпат кога останав трудна, сонував сон што до ден денес го памтам и тоа ми беше еден од првите симптоми иако мислам дека го сонив откако веќе неколку дена ми доцнеше, а сега имам уште два дена до доаѓање. Не знам, сума сумарум и овој месец сум аут. А за тебе !
И ти ми си "сомнителна". Кога треба да не добиеш? А и тоа со соништата, и тоа е знак ако сонуваш повеќе? Јас пак мислев дека пред менструација повеќе сонувам, и само велам да добијам и ќе пратам цело време колку сонувам, и заборавам. Јас стандард, нервозна, жолт исцедок што си го имам пред идење, сега и тежина во долниот дел на стомакот и си знам дека црвените цртки на влошка се ближат.
За соновите читав по интернет дека може да е симптом, а и лично искусив. Така vivid dreams што ги памтиш до детал. Еве нека споделат членките која искусила. А инаку бев трудна, пред неколку години, заврши со спонтан. Буквално се осеќав различно, чудно, не својствено. Знам во еден момент му кажав на маж ми "јас не се осеќам веќе бремена". Затоа знам дека не сум зачнала ништо оти се осеќам буквално како пмс. Исто, секојдневно, воопшто не различно. Сеа јесте дека не мора да значи дека ќе е исто како претходното зачнување ама.. Очекувам нешто слично. Ете и јас, исцедок како за пред мензис, bursts на нервоза, (си ги познавам веќе знам), ете како шо викаш тежина долу. Знам дека сме во игра се додека не ни дојде, ама ми е преку глава секој месец да се разочарувам, буквално како делче од мене да се кине со секој негативен тест. Со секое ѕверење и барање цртка. Секој месец да се осеќам fooled и наивно што две недели сум мислела дека нешто уствари ќе е различно... Извини на негативата што ја сеам ама така ми дојде... Пошо you know... Мачничко е.
Оф на слични мисли и чувства сме. Токму и јас во првото зачнување, се осеќав како некако мрсно во мене, не се сеќавам да имав класични симптоми, ама заврши вонматерично. Потоа при второто зачнување, кое беше успешна бременост, пред да забременам осеќав дека моментот се ближи, имав некоја интуиција дека сме блиску до целта и вистина за два месеци бидна. Тоа што велиш, знам дека треба поинаку да се осеќам кога ќе се деси, вака немам такво чувство, не и не. Ексик. Хормони тоа е. Сега немам осет, немам интуиција, т.е имам чувство на згрченост, закоченост, затоа сакам алтернативно да си помогнам. Да дадам сигнал на телото дека сум спремна, да го исчистам прво, имам чувство дека ми треба чистење на репродуктивниот систем. Ќе купам некоја билка, дали чај или капсули, сакам и со масло топло да се мачкам на стомакот, сакам да се одблокирам, ќе правам и јога вежби и видеа има на јутуб fertility yoga, осеќам дека треба да се опуштам, како во грч сум. И на хсг-то можеби бев згрчена, да знаев бар дека е битно да си опуштена скроз, ќе земев нешто дијазепам или седација кај нив. И тоа си мислам, можеби и при однос се грчам, можеби се грчи тој мускул кај јајцеводот и не дава на спермата да пробие. Мислам и со тревки со маж ми да се опуштиме, па нек се угоде Ќе биде пак и кај вас, било еднаш ќе биде пак. Пробај и ти алтернативно, со чистење на телото, со јога пример, а?