хелоу 3дпо - вчера се осеќав убаво, немав никакви симптоми, минимално пецкање кај јајниците, тоа траеше некои 15 минути само и го снема. температура - 36.5 4дпо - е денеска е друга приказна од вчера пецкањето го нема ама затоа главоболка имам и тоа ме држи од 1 часот прееска, сега се напив апче, неможам да ја издржам веќе. приметив дека повеќе се мочкам, а течности си пијам исто како секогаш, ама ајде нека го тоа, да не си правам само филмови. и расположението ми е врв денес, му се развикав на либе оти не ми врати 2 минути на инста нека има помин ајде температура - 36.6 се читкаме, и се надевам не сум ви досадна со овие мои апдејти
Да не звучам демотивирачки, ама сум многу реална - прерано е за било каков симптом, сеуште сперматозоидите си патуваат први симптоми може, а и не мора да се појават неколку дена пред добивање. Не си прави стресови да забележуваш секаква промена, бидејќи буквално ништо нема значење. Јас после толку години себе-анализирање пред циклус и 2 неуспешни бремености, сфатив дека и пмс симптомите се разликуваат од циклус до циклус и симптомите од една до друга бременост се разликуваат и буквално се може да има значење и ништо да нема значење, единствено меродавно е изостанокот на циклус повеќе од 5 дена и секако позитивен тест Опушти се и уживај си во животот, што е твое ќе си дојде
Ти благодарам на одговорот Јасно ми е дека е рано, ама знаеш како премногу сум нова во ttc па секоја промена ми е возбудлива и ја сметам за позитивна која ќе ме доведи до 2 цртки. Интересна ми е темава што читам детали и како сме сите различна една со друга, па и затоа пишам. Ти благодарам за советот уште еднаш, имај си најубав ден и на сите што се очекување побрзо до позитивни тестови
Јас првпат пишав на темава на 31.10 (17ти ден од циклус) и така се чувствував, имав главоболка буквално цел ден. Непратев температура никако, а таквите “симптоми” за неколку дена ги снема. Сега веќе се чувствувам нормално и супер, додека вчера стомакот си го чувствував како да ќе добијам , а ми беше 2дена до циклус (некако си реков ах..ќе добијам, а и прв пат се обидовме) направив тест поручек и излегоа 2 цртки. Така да опушти се, не се преоптеретувај со мерење температура и барање симптоми, ќе ти се случи тоа што длабоко си го посакуваш! Поздрав
Не знам кога ми беше овулација... Саботата 11 ден од циклус(предходните 2 циклуса по 26 дена) имав болка во јајници ко за овулација и прв пат приметив секрет кој беше само тој ден. Овој ден активни. Нареден ден два немав болка ич. Овие два дена повторно болка,обично навечер. Апликација вика овулација на 13 ден. Односно понеделник. Е тогаш не бевме активни јбг обврски. Но ме чуди зошто и 3 дена после наводен ден за овулација ја имам болки во јајник. За големава точно ми беше според апликација и симптоми и се, сега скроз различно. Дури и на ехо беше околу 12 ден...плус минус. Се осеќам поспано(ама кога не сум поспана хронична поспаност си иам). Апетит нула.... Мускули ме болат, нозе полудев(не рачунам ова ништо како симптом за било што). Прашањето е може тој ден да била овулација? Знам знам дека може да биде и порано и подоцна... Со тестовите за овулација се скарав, секој ден по 2 у исто време немаше разлика у цртките. Многу ми е поразлично правењево на второ... Кој како сака нека ме сфати, ама не можам да темпирам. Дете заспало, не заспало, болно, па јас болна, па маж имал работа .. па обврски куп други... И вака идеме ако биде биде..каква ни е среќата таква. А и искрено многуу ми е глупо еј ај да праиме, овулација е (време тече сад хахаха). И така се искажав. П.с. за големава од плоден ден па до крај си имав болки огромни исто ко за добивање. Не дека никад предходно не сум имала и баш затоа е ми е репер тоа за ништо.
Уште 11 дена за добивање (ако дојде на 28ми ден) и ете го симптомот студење во грбот. Ништо и овојпат
Јас само да си кажам На 16ти ден, (кога минатиот месец ми беше утврдена овулацијата) осетив минимални грчеви во јајници, малку ме заболеа градите и тоа беше се. Денес (најверојатно) 4 дпо јас не осеќам буквално ништо. Од понеделник 23 ден од циклус ќе мерам базална да видам што ќе каже
Еее дури 11 дена до не/добивање имаш, ептен рано е за било какви заклучоци да се носат. Ако настанало оплодување, ембриончето не е ни до матка стигнато, а ти веќе му пресуди. Ајде смени малце накај позитивно размислување
Еј фала ти на поддршка и позитива. Сакам да сум таква, ама мојот немир и анксиозност се такви што не ме оставаат. Туку ете сега и кандида имам изгледа. Па и оваа сувост на вагинава ме иритира. Сигурно е хормонско, ќе треба да направам испитување. Убава вечер, убави нешта да ви се случуваат!
Здраво. Ве читам деновиве, ме примате ли и мене да се дружиме? Да се претставам прво. Во 2019та бев бремена и имав спонтан, па после тоа решивме да одмориме од загубата и да пробаме после некое време. Мм беше многу разочаран и после тоа некако и мене ми требаше време. Се решивме периодов дека е време да пробаме повторно. Веќе 2 месеци се обидуваме, не сме кажале на никого, додека не бидне решивме да си биде наша тајна. Имам поголема ќеркичка, сега пробуваме за второ детенце. Дај боже да биде кај сите што побрзо, да си видиме позитивен тест. Денеска ми е 17ти ден, добивам некаде на 31 ден, па деновиве активно работиме на случајот.
Ако деновиве не полудам, нема кога. Пишав веќе дека има шанси нешто на "упс" да направивме. Со денови имав слабо покачена температура, градите почнаа силно да ме болат многу порано од вообичаено. Други симптоми ко гадење или поспаност немам. Проблемот е што после овулација со денови имав слаби болки во левиот јајник. Бев вчера на матичен ме гледаше на ехо ми вика не се бубрези . Толку сум изгубен случај што не го ни прашав за тоа испитувањето од крв. Си викам рано е, ќе ми се смее ако го прашам. Синоќа едвај заспав од болки морав кафетин менструал да земам. До душа не беа болките толку јаки колку грижите циста да не е, тумор да не е, ендометриоза, не знам шо. Сабајлево сум супер нема болки. Сабајлево (дпо + 11) правев тест за рано откривање на бременост и веднаш покажа втора сина линија. Пред два дена (дпо+9) истиот тест, покажа втора линија дури после пола саат и беше повеќе сива од плава, значи негативен. Еве ги и двата Не е за честитање, бидејќи овие Clear Blue тестови и покрај тоа што се скапи се мнооогу неточни, ама од кај да знам од паника што најдов тоа купив Покажувале често погрешно позитивен. Мора да е грешка серија! Денес запалив колата и сите дежурни аптеки што се во радиус од 50km ги извртев за да најдам подобри тестови . Сите можни марки на тестови ги купив и утре од сабајле ќе ги наредам чашите во тоалетот. Не дека не можам да чекам за да дознаам туку дека ми е страв да не е нешто друго. И секако ќе закажам на гинеколог, без разлика дали е + или -.