Како што разбирам имаш 10 дена до добивање, а односи не се само за бебе туку и за уживање, така да опушти се малку. Имај односи пред и по и за време на овулација на 2 дена и уживај. Јас многу добро знам како е да чекаш 2 недели до овулација, ама пробај да олабаиш бар првите денови, не почнувај да шизиш толку рано.
Уживај, знам како ти е, сите сме во иста каша. Мене ме фаќаат така на недела дена пред циклус, последните 2 дена веќе сум само со таа мисла, ама волку рано не ме фатило досега. И јас со години се мачам, ама максимално уживам во процесот.
10.6 бета, 9 дпо, на апликација ми дава 3+2 дена, за 5-6 дена требаше да добијам. Ќе проверам пак за два дена.
Ајде за два дена дуплирана и можеш тест обичен да направиш тогаш не мора бета оти недела се паѓа дали ќе работат,би требало обичен да покаже на 25 чим биде.
@Angella7 Купи си ваков тест многу се добри https://www.annifarm.com.mk/product/livsane-тест-за-бременост/
Леле да. Заборавив дека е недела и плус неработен понеделник. Имам уште два од истиов, и тој мери 25 ама еве дава и порано. Ќе направам измеѓу, а за бета на 3ти ќе одам.
Од срце ти посакав две цртки мила И утре мислам да направиш ќе покаже, малку повидлива од денеска. Ја би ти рекла земи уште еден бе сафе. И на два дена прави тест, ќе следиш како ќе се појачува црвената линија
Да да имам уште два. Во цела збрка не ми текна да купам уште ама ќе ми завршат работа и овие до вторник.