Фала, да се враќа побрзо Овој месец од 8 до 18 ден, секој ден (некогаш и два пати) овулацијата на 15 ден беше. Така се погоди, да се сакаме повеќе Минатиот пат од два пати во неделата се фати. Од сите месеци обиди, ова беше прв пат да имаме односи секој ден во плодните. Сум читала за ова и секаде различно пишува. Негде дека спермата преживува до пет дена, негде два, три итн. Читав дека и не е убаво секој ден затоа што спермата немало да биде јака. И тоа е индивидуално ваљда.
Ќе даде бог кај сите. Верувај и немој да се нервираш. После спонтаниот сфатив многу работи. Не можеме против судбината. Ќе биде се
Денес е денот Д ама уште немам добиено, вообичаено околу 10 добивам, ама мене ми е страв да правам искрено тест. За да не мислам на тоа се фатив генералка да чистам веќе втор ден, рибам, чистам, за секој случај избегавам средства. Од симптоми за добивање само нервоза, од симптоми на бременост осетливост на мирис и апетит, додуша апетитот и за добивање вообичаено ми е симптом. Ќе почекам искрено до вторник, тогаш ќе правам тест.
Уф дајбоже, сега имам некој секрет бел, леплив, дали од што се оптеретив, дали некоја инфекција имам и затоа ќе ми касни... Се надевам тоа третото што ми е страв да го кажам е. Премногу пати се имам разочарано, и со синко и сега, стварно ми е страв да не се разочарам пак. Упорно работам цел ден за да не мислам и у сред работа се фаќам како си мислам, ако сум трудна вака ќе му кажам на маж, вака на синко, ова ќе напраам, она ќе направам, ако е женско ќе се вика вака, ако е машко... и ќе си речам Доста, не си фер! Не можам јас да се олабавам, јас сум од тие што мислат нон стоп. Немав ич болки ама еве сега ме засекува, изгледа дека многу се оптоварив и ме подобрува сега. Ќе ме фати вечер и леукоплакијата, осеќам, ќе се тркалам по кревет. Еден туш сега и ќе си легнам, ќе се умотам убаво, ќе се згреам и ќе помине. Само да не дојде вештерката и да ми се исполнила најголемата желба.
@Angella7 девојче, те следам со месеци и потајно стискав палци. Ти се восхитувам на убавата енергија што ја ширеше минатиов период на темава. Нека е со лесно до крај овој пат. Многу ми е мило. @AngelOfArh нема разочарување. Да се опуштиш е тешко кога тоа тоа ти е најголема желба, ама мораш да веруваш дека ќе ти се случи и тебе. Едноставно мора да се случи еднаш. Ќе видиш.
@Angella7 женска многу ми е мило. Со лесно да ти оди цела бременост и да продолжиш со пријатната енергија во труднички . Нека и лекне и на таа од Џамбо шо нема да и ја украдеш ќерката
Јас сум тука, не мрдам од темава. Морам на сите да ви ги видам двете цртки Таа од Џамбо може да здивне (освен ако имам син)
амин за цртките за секоја од овде! А за последната реченица ме изнасмеа што знаеш, можеби и ќе си се посватите еден ден
Може ли да ми пишеш лп јас тебе неможам @AngelOfArh како е кај тебе денес ? Ти праќам среќа ако сеуште нема ништо воопшто да не добиеш Јас добив денес 4ти ден.Точна како швајцарски саат ми е
Не добив уште. Утре сабајле ќе купам тест и ќе направам, на одење на работа. Се надевам дека е позитивен ама откако прележав Ковид знае да ми дојде порано, па и да ми задоцни, така да затоа најмногу сум скептик. Ќе видиме утре, ако не добијам до утре де. Иначе од симптоми остана само желбата ,а благичко, друго ништо не ми се јаде, дури а ми текне на храна ми се одјадува, ама еден сникерс пепел го направив овие 3 дена, 4 мали парчиња смуфтав. Многу работев, многу бев активна, не мислев колку што би мислела вообичаено, сникерсот се потроши и во минус дури сум. Шо фино вака под стрес 120 квадрата исчистив за 3 дена.
Уште 5 дена до датумот за добивање. Претходните 2 месеци приметив дека деновите пред да добијам немам никаков исцедок месецов не е така имам некој некогаш проѕирен некогаш погуст исцедок. Уште сум само некако многу надуена во стомакот, градите воопшто не ми се осетливи и зголемен апетит на моменти а на моменти ништо неможам да јадам. Неможев да издржам вчера направив селф клиар по негативен не можеше да излезе(мм ме искара како мало дете зашто не чекам, рано било ). Треба неделава да правам некои испитувања, докторот ми стави да испитам и бета па се надевам таа ќе испадне позитивна.