6дпо денес, од симптоми нервоза, час смеење, час плачење, ама тоа ми се симптоми секој месец. Се убив од работа деновиве хахаха. Како сте вие женски?
Женски после 1 година слабеење, после 3ипол години напори, после се јас останав трудна месецот кога имавме само 1 односи кога ја “фативме“ овулацијата и кога сменивме поза. Да, конечно е, осеќав ама ете и официјално е, направив тест и 2 цртки имам. Направив ефтин тест, од 25 денари, не ни знаев дека постои толку ефтин тест, ама има 2 цртички и верувам дека е позитивен. Јас барав Би сејф ама немаа па меѓу Шур чек и овој сепак се одлучив за овој. Се водам по девизата Не може да е лажно позитивен зошто хормонот мора да постои за да го детектира нели. Што да ви кажам, ќе си летнам од ципелки, многу сум хепи. Битно исчистив дома тип топ сега, да можам да одмарам прво тромесечје ко што треба. Од симптоми сем желба за благо од вчера имам гадење, ама тоа може да е и од стрес, знае од стрес така гадно да ми се повраќа, да не можам да се приберам и ете, тоа е тоа. Засега знаат мајка и сестра, не можев да издржам да не им кажам, а вечер тато и бато ќе дознаат на специјален начин. Жени убави, жени силни, од овде сите по мене во труднички, јас ќе одам дури откако матичен ќе ми потврди, сепак сакам да бидам сигурна, а тогаш ќе кажеме и на другите. Не сум од оние што чекаат 3м, само да слушнам срценце на срцето на мајка и одма ќе раструбам насекаде и на сите. Многу сум среќна, сакам да се усреќите и вие сите.
Мнооогу се радувам што го читам ова!! Од се срце ти посакувам лесна бременост! И ние овој пат само 2 пати имавме и ја "фативме" овулацијата па како е Господ никој не е! Уживај сега драга! ❤
Лелеее браво! Мнооогу ми е мило, те читав и знам колку го посакуваше ова. Се спремаше и за хсг знам и ете биднало! Со лесно да ти е бременоста, уживај заслужено
@AngelOfArh , честитки и овде! Едвај чекам и на другите да ви честитам! Ќе биде, а бе кај сите ќе биде, мора, кога го правиш, ќе си дојде. Само моментот треба да се погоди. Енџел, како само еднаш имавте? Знам се трудеше, нели рече вредни сте биле? Или тоа од друг пат било? Ахха, сега со прашања ќе те нападнам. А овулација следеше така? И на кој ден ти беше, а на кој односот? А да, и позата кажи ни ја Sorry, ептен љубопитна испаднав.
Претходниот месец бев така, секој втор ден, овој пат така излезе само дента кога ја фатив овулацијата. Може јас грешно сум се изразила, не знам, ама да, овој месец само еднаш и тоа сменивме поза.
Ми го разубави денот До последен ден да ти биде како што треба бременоста,да уживаш и да не се замараш ич за ништо.Изненади ги дома скроз ќе скокаат од радост
Lele soubava vest. Cestitki. E taka pisete da ve ima pogolem broj da ni davate nadez i na nas drugite.
Честитам од срце. Да си дочекаш живо и здраво детенце. Уште еден доказ дека бидува тогаш кога треба, па и од само еден однос.
Честитки @AngelOfArh Многу ме израдува. Супер лесно до крај да истераш и влечи ги сите за нос по тебе.
Прерано. Дури и да си погодила овулација точно, рано е. Почекај доцнење. Морав да се редактирам, ради тоа чекање 3 дена дома куќата ја превртев, се исчистив, се избришав, само да не мислам.