Знам, со денови и покрај болките се трудев да не земам лекови, вчера си реков имам симптоми за ПМС, сигурно ќе ми дојде а и не можев да издржам земав кафетин. Нема да си го простам тој кафетин ако стварно сум бремена. Инаку по твоја препорака почнав да земам витамини за пред-бременост уште одма после овулација. Тоа многу ме смирува, со оглед на тоа што имам таласемија, добро е што веднаш почнав со витамини. Ќе се јавам на лекар, ќе направам тестови и ќе ви пишам. Ако е +, бар ќе знаеме дека и болки во јајници може да бидат симптом. Ви држам среќа на сите нови и постари членки на темава.
Сигурна си? Јас колку што знам сите Clear blue се со две линии т.е. Плуска треба да има…ама не тврдам…имаш упатство прочитај за сигурно Ако си трудна не се секирај,еден кафетин менструал ништо нема да ти наштети
Ги имало на неколку видови, и сите биле супер точни освен овие со две паралелни цртки што сум ги купила јас и на секоја втора и покажувале позитивно . Ви благодарам на подршката.
Земи најобичен тест за бременост. Ако си бремена, било кој тест ќе ти покаже. Без грижи, опуштено и со среќа
Прелошо ми е денес 6 дпо според апп, 8 според симптоми. Болка во јајници се уште има, некогаш повеќе некогаш помалце. Денес главоболка, чудно чувство во глава. Тт 36,9 дата за не добивање 21-22. 11
Јас да се пријавам денес ми е 19ден од циклус, 4дпо, бев во четвртокот на гинеколог тогаш ми беше 16ден од циклус, имаше доминантен фоликул на десен јајник од 23,6x17,2мм,утре сум исто на гинеколог да видиме дали прснал,битребало да прснал,следам овулација со тестови баш тогаш четврток и петок ми покажа најпозитивно, симптоми немам ништо посебно освен тоа што ме пецка десен јајник, ама со оглед на тоа дека ми е таму фоликулот нормално ми е, јас секоја овулација така си осеќам,вчера и денес нагло ми се слоши ми се гади ама не го поврзувам со ништо зошто е многу рано за било каков симптом, и така си имам проблеми со желудник веќе подолго време така да, останува да чекаме само, и ке видиме утре што ке каже докторката, ве гушкам сите
Според апликацијата сум 5 дпо но немам никакви симптоми. Искрено јас и пред менструални симптоми ретко имам. Така да, неколку пати само стомак ме болело и некогаш грбот. Повеќе имам проблем со мигрената за време на циклус. Ќе следам и ќе споделам наредниве денови симптоми.
Правев вчера два : еден позитивен и еден негативен. Ама решив да не се оптеретувам со тестови. Утре треба да (не) ми дојде. Закажав кај гениколог за две недели ако овој месец не биде ништо од другиот поздраво да си ја фатам работата. Додуша па и освен градите шо ме болат неам друг симптом на ПМС. Решивме да не оставаме веќе така на случајност, туку да почнеме веќе "намерно" да правиме дете Ете секоја "грешка" била за нешто убаво, како па ќе се решевме да почнеме со обиди ако не ни се случеше ова.
Не би требало да постои лажен позитивен тест. Како и да е, ајде утре израдувај не со едно позитивно тестче Јас што да кажам, ништо ново, еден период реков да не се преокупирам со второ дете и пак не сака. Менструација редовна, овулација редовна, на преглед се ок (освен пцос ама веќе не ги рачунаат за проблем) и така месец веќе не знам кој - бебе нема. Сега болна сум ама не идам на лекар зашто знам дека ќе препишат антибиотик, а имам мала надеж и не сакам да пијам Ајде нека изненади некоја, па да не повлече сите
Jas sum 18den od menstruacija so ovitrelle bocnat. Nikakvi simtomi za razlika od prvoto bockajne so bolki na jajnici i polovinata ali sepak vo mene ima nadez
Еве се пријавувам да ве изненадам ! Сабајлево два теста направив и двата позитивни! Од вкупно 8 теста деновиве само еден беше негативен . Денес требаше да ми дојде абер нема! Ете на случајно, на пијано, на "грешка" бидна. Јас немам зборови со кои можам да ви се заблагодарам на сите што ми дадовте совети и поддршка овие две три недели. Најмалку што можам е да се молам што побргу сите да ги видите двете цртки . Посебна благодарност до @*Лаванда* @Angella7 @Iris-1234 @doubleinfinity @stsmua05 @LiquidLuna @jarec6 за советите А на оние што не им се допаѓал мојот стил на изразување, нека се навикнат, ќе бидам сега почесто присутна на категоријава Од симптоми веќе ништо неам, освен што ме болат градите и малку чат пат стомакот ниско ама многу малку и многу ретко. Ајде стискам палци да да имам големо друштво! Закажав кај гинеколог за две недели , а деновиве ќе одам и кај матичен за тој хормонот да прашам
Честитки душо ! Имав интуиција дека ќе пратиш фотка од позитивно тестче , имај си лесна бременост и дружи не почесто
Lesna bremenost da si imas cestitki!!! I lesna noga daj boze da imas edna zena da ne ostane na temava
Денес 9ти ден по овулација. За чудо овој месец немам желба да правам тест, за ралика од другите кога почнувам да правам од 9 дпо. Градите почнаа да ме наболуваат од 7 дпо и имав слаби грчеви. Јееес Прв позитивен тест во темава, земи не сите Честитки, со лесно и убаво