@kikikikirika честитки! Да ве прашам вас поискусните за мислење. Според апликацијата овулацијата ми беше на 9ти месецов, но мене завчера во неделата т.е на 14ти имав вагинален исцедок растеглив прозирен како вода тоа беше неделата ноќта, понеделникот и вчера. А денеска кога бев во вц тој исцедок беше погуст побел подебел. Прашањето ми е дали овулација било во неделата а не како што пишуваше на апликацијата. Колку денови трае. И дали исцедокот од денеска значи дека овулацијата завршила веќе. Бидејќи до сега не сум следела тоа не се разбирам искрено.
Ај и од мене една весела математика. Последна менструација 26.10., следно мислам дека треба да (не)добијам 28.11. (не сум сигурна точно зашто последните циклуси ми се 33 дена). Според исцедокот овулација имав на 12.11. Имам цело време некои болки во кичма и десен јајник, знам дека не мора ништо да значи зашто сум ги имала и претходно. Но ме замислува тоа што сум цело време како помочана. Нонстоп имам некој исцедок кога проѕирен, кога бел, се осеќам влажна цело време. Дали дека сум настината или пак има нешто Кога можам најрано бета?
5 дена до недобивање... Ок сум денес. Ништо поразлично од предходни месеци. Сабајле малце болка ко за добивање...синоќа многу ми се спиеше, и си легнав порано, често одам во тоалет...ама се ова е нормално за мене. Не очекувам искрено, слабо некако во последно време работиме. Ама никад се незна. Нели?
Честиткиииии! Ти ја посакувам најлесната бременост и најздраво и најубаво бебче Прашувај си за совети, тука сме ќе помагаме колку можеме Баш ми е мило што го прочитав ова
Јас сум иста,последна добив на 27 октомври, на 11ти ноември на гинеколог имав доминантен фоликул на десен јајник пред пукање, во понеделникот на 15ти бев да види дали пукнал рече пукнал петок сабота, и сега ке чекаме, мене така ме тишти десен јајник во тек на денот по неколку пати, исцедок исто на моменти ко помочана на моменти бел, кичма ме боли на моменти исто,и еве од вчера почна и градата лева на допир само да ја осекам нелагодно, сега и двете денес ги осекам нелагодно, ама мора да чекаме мене термин за не добивање ми е 26ти, бета мислам 10-14дпо може да покаже, а веке и тест тогаш, па ке видиме, мене смачено ми е од тестови и разочарување веке цела година, па решив додека не ми касни неколку дена нема да правам ништо, со среќа, и дај боже да видиме две цртки сите во групава
Знам дека тест може 10-14 дена, па мислев преку крв да не може порано. Јас имам месеци кога правам тестови, се глупирам, а има месеци кога заборавам и ми доаѓа менструација без да направам ни еден. Почнавме на шала во февруари и ете ќе заврши годината и ништо. Што да кажам, ете овој месец ми е таков кога желбата ми е голема и немам трпение ама нема избор, ќе си чекаме. Среќно на сите
Ви благодарам од се надевам ќе биде се добро ! Јас сум со таласемија и еден тинејџерски абортус, дечко ми од предходен брак со години пробувале за деца. Никогаш го немам прашано, но мислам дека проблемот бил кај него. И баш затоа сме многу изненадени и среќни Обично постам пред Божиќ 40 дена , но годинава ќе прескокнам. Тоа не ми смета да се молам како и во секој пост. Годинава желба на молитвата ќе ми е се да помине во ред со мене, и сите што чекате деца Господ да ве израдува И дај Боже да потеглам нога па само позитивни тестови да никнуваат Чудно ми е малку не знам како да се понашам, си резервирав за викендот маса со шише вотка и откако исклучив телефонот ми текна "каде бе јас вака со вотката". Уште и доброволец се пријавив на работа да ги тестирам невакцинираните од корона. Да сумирам симптоми во први две недели после овулација: - односи имавме три дена пред и еден по овулација - тапа болка во јајниците што траеше со денови и ми создаваше грижи дека е некоја болест, пред неколку дена болката исчезна - градите почнаа да ме болат многу порано одколку за менструација , речиси одма по овулацијата - со дигитален термометар на чело што мери обично имам температура 36,2 сега имав минимум 36,6 ; на деновите одма после овулација имав дури 37,2. ОК, не секогаш после будење мерев, но на покачена температура осеќав горење на образите - болки во крстот што скоро никогаш ги немам - на 8 ден од овулација не ми се појави крв, но секретот беше појак и леплив - немав промена на расположение, дури чудно ни пред ПМС овој пат не бев нервозна. Еднаш за безвеза се удрив на плачење ама тоа не верувам дека од хормоните ми било - гадење повраќање ништо од тоа немам - не одам почесто во тоалет - тест прв пат правев на дпо+8 или 9 не знам точно беше неуспешен, но наредниот ден покажа позитивен. Уште еднаш најголемо Благодарам и извинете на долгиот пост
Хахах ова ме потсети на мене. Се договарав со другарки за седенка/пиење и добивам II цртки после неколку негативни тестови и си викам "чекај бе вака требаше да изгледа позитивниот?" Ништо од пиењето И ќе биде се добро
Некогаш таков исцедок се јавува и после овулација, ама ако не си го приметила претходно, многу веројатно е дека околу неделата ти биле плодни денови. Не се води по апликацијата, макар и да ти е редовен циклусот, секогаш кога ќе видиш таков исцедок се препорачуваат односи. Инаку при овулација, јајце-клетката излегува од фоликулот и е спремна за оплодување околу 24 часа. Бидејќи спрематозоидите може да преживеат подолго време, плодни денови се сметаат 4 дена пред, денот на овулација и ден потоа и од односите во тие денови може да се забремени. Меѓутоа, бидејќи не може со сигурност да се знае кога ќе биде овулацијата (освен ако не се следи растот на фоликулите со ехо), односи се препорачуваат секој 2-3 дена.
@Angella7 Мила, не се загрижувај за носот. Не е страшно, но ако зачести, тогаш обрати се на лекар. Ама од еднаш-двапати не се плаши. Што направи со базална Т? Мериш ли овој циклус, и ако да, како иде? Ти стискам палци да знаеш @QweenSM Како си, мила? Денес ако не се лажам 11 дпо си? Имаш некаков симптом? Пуштам среќааа
Јас недела дена пред датум за добивање имав крв од нос. Мислев дека ми е од замор башка работев наведната надоле. Ама после една недела две цртки. Никогаш инаку не ми течело крв од нос без некоја причина. Ја онака, чат пат ќе ме заболи јајник, си викам ете го ко за добивање. Тт јас не мерам. Си чекам дата.
фала ти што ме помисли мила @*Лаванда* да денес сум 11дпо, од симптоми имам температура покачена 36.8 и цело време сум поспана треба во недела да не ми дојде, ама ќе направам тест само ако ми задоцни, да не се стресувам без врска, ќе ви кажам за 2-3 дена што бидна ти како си ми, што има апдејт кај тебе? ве гушкам сите и стискам палци за вас девојки
Супер, како што мислеш дека е најдобро -така да направиш! И температурава нека остане високааа Јас сум добра, пред мене е нов циклус - нова надеж
И мене во првата бременост, на почеток од бременоста ми течеше крв од носот. Еднаш двапати се сеќавам, можеби и трипати да било. Сите симптоми да водат кон две црвенки, ви посакувам!
Јас да си кажам треба за 7дена да не добијам, овулацијата заврши пред околу 7 дена, симптоми имам како боцкања доле во стомакот секој ден по неколку пати,болки во кичма од време на време, градите отечени болни,апетит голем, или е пмс или е другото,и сега останува да си почекаме до 26ти месецов, дајбоже да не добијам
Според апликацијата сум 10 дпо. Од симптоми имсв мала болка во грбот денес. А сега почнува да ме боли главата (имам мигрена). Сега не знам дали смеам да се напијам апче бидејќи не знам дали сум бремена на 24 ми е датата за циклус. Овој месец прв пат пробуваме за бебе може од прв пат нема и да се фати ама никогаш не се знае. Ама ако не се напијам сега апче на време ќе ме боли 2,3 дена главата, а болката е стрес за целиот организам. Едно апче може да му наштети на плодот? Ве молам за мислење поискусните