Многу многу благодарам на сите. Јас сум сега тотално збунета, имавме односи и сабајле и во петокот, ете не знаење дека не треба да се има пред да се оди на преглед. Сега ќе ме изеде грижа на совест дур одам на преглед ама то е, си велам ај исто ко да не сум знаела дека сум трудна и онака напраив тест пред да ми доцни, за да се утешам дека имавме не заштитени односи кога не треба Друго сакав да прашам, да почнам да пијам фолна, и каква? И останати витамини? Сеа имам милион прашалници во глава… и морам да ги решам Матична немам, т.е. Имам ама немам отидено кај неа со години, оти ми направи една грешка, и не сме во добри односи после тоа па од тогаш продолжив да одам во систина, па сега мора и тоа да го решам за да можам да се консултирам за вакви работи, да не сум ви досадна вас…
Ти пишав веќе, не е грешка, таман си ти. Матична одбери си нова и кулирај. За 2 недели и бебе ќе видиш и се
Фемибионот содржи фолна киселина во доволни количини, не мора да земаш дополнително. И плус се има во него што ти треба од витамини за плодот. Крвната слика со него ми е одлична. Матична мораш да имаш за се нешто ќе ти треба. За трудници имаш бесплатни испитувања, ако немаш матична се ќе доплаќаш. Не мораш да одиш кај истата, ако не си задоволна. Навистина е битно да ти се погоди.
На гинеколог оди за две недели. Немаш потреба порано, може да се случи да не види ништо и само непотребни стресови да си правиш, а уствари е многу рано. И односи можеш да имаш комотно, зошто да не. Јас си имав најнормално се дури не ми се појави хематомот и сега паузирам. Кога со бременоста е се во ред, сексот не штети воошто баш напротив.
Немојте вака односи можеш да имаш слободно. Ако нешто практикуваш ти не значи дека е исправно и дека треба да охрабруваш друг да го прави истото. Апсолутно личен избор е, ама кој доктор и да прашаш и каде и да прочиташ, односи не се препорачуваат во првите 12 недели од бременоста. Секако дека членката нема да има проблем пошто имала два пати незнаејќи дека е бремена, ама треба да се има во предвид дека секој е различен и не треба вака да се генерализира со препораки.
Споделив мое искуство и она што ми го имаат кажано двајца гинеколози со оглед дека бременоста ми беше уредна. Сепак секој со свое.
Абе ако сме искрени неа уште не и закаснило, она реално уште го прави бебето, а тоа уште и не е симнато во матка. Е откако ќе се вгнезди во матка со односи се внимава односно доколку нема никаков проблем односи строго без свршување внатре и толку. Ако нема проблем, ако нема крварење, нема зошто да се апстинира. Јас за синко немав желба, никако, со ова имам богами ама бидејќи докторот забележа малку крварење во матка, сеуште немам вака на бришење, апстинирам и ставам утрогестан. Откако ќе добијам дозвола ќе се однесувам нормално мислам.
Мене сите доктори ми кажале дека во прво тромесечие не треба да се имаат односи дури и ако бременоста е уредна. Е сега можеби секој доктор има различен став, не знам.
И мене докторката ми рече исто. Не рече забрането е туку мој совет до 12та недела да апстинирате, а после може ама без свршување внатре. Оваа бременост ми е супер и имавме неколку пати зашто ми полудеа хормоните скроз, а со првото бебе од страв ја послушавме ама и имав 2 пати крварење. Среќа немавме секс, ќе се изедев жива дека е од тоа.
Мене за првото ми рече во прво тромесечие не се препорачува, сега не ни прашав, апстиниравме. И во второ ретко, особено зошто имам јаки контракции во матка после, може пред крај ќе се опуштиме. Во секој случај треба внимавање.
Баш така, ќе се изедеш жив ако се случи нешто по твоја вина. Јас исто сега имав два пати крварење ама веројатно од аспиринот. Е сега ќе си чекам да влезам во второ тромесечие да видам дали матичната ќе даде зелено светло за односи. Мене ми вријат хормоните, а сопругот се плаши да не го повредел бебето, така што и да дозволи докторката не знам дали ќе биде нешто.
Хахахах знам А мене како за белја, ми доаѓа желба ептен, не знам дали е заради хормоните или што е... Порано немав толкава желба
Мојов па не се плашеше на почеток. На крај во 9ти ич не сакаше, буквално го силував. А читав дека односи помагаат да се отвориш и само ми викаше ненормална сум била.
Во 9ти знам дека препорачувааат со свршување за да се отвориш а мажите не можат да сфатат. Ахххх, ќе издржиме...некако
Ви благодарам многу за одговорите. Секое искуство значи и би сакала да го слушнам… денес утре ќе направам уште еден тест да видам жар линија па здравје преглед на следен петок на 27ми мај, се надевам нема да е рано… Срценце која недела слушнавте?
А како да му објасниш дека пред породување стварно треба секс со свршување внатре Мене матичната ми рече односи може со кондом. Ние еднаш сме имале во бременоста.