Пробај Магнезиум цитрат, тој не омекнува. Јас пиев во бременост оној обичен прашок и почнав да имам мека столица, ама кога го сменив со цитрат се стабилизирав. Сега пијам по 700мг дневно (две апчиња) и супер сум, ми помага зошто имам чести главоболки. Планирам сега да земам Д витамин и Q10 и не знам дали уште нешто. Освен магнезиумот стандард си пијам Ц вит од 1000мг, метил б12 и метил фолат.
За подобар квалитет, а и за регулација на циклусот земи Пикозитол ,Елова, нешто на база на миоинзитол.
Сум пиела Елова и Миоцистин со месеци, и двата се со Мио Инозитол. Сакав нешто друго да пробам овој пат..
Не знам дали сте ја слушнале книгава ама има дел за како да се одберат правилни суплементи. Може ќе помогне на некој.
Витамин Д смее сега во летен период? И од колку планираш да земаш? Матичните доктори по правило треба да препорачаат колкава доза. Не знам, се консултираш со матичен? Јас мојава ич, не ни знае, и сѐ што земам од суплементи на своја рака. Инаку, имаш мутации што земаш метилирани Б витамини?
Имам мутации да и терапија препишана од др.Јани. Д витамин исто имам проверено ради тироидната и имав оптимална количина, докторката ми рече сончање пола саат дневно на слабо сонце околу 11 часот. Ама сега би земала Д вит од 2000 иуи и може преку еден ден да го пијам, не штети зошто не е преголема доза, а и не поминувам премногу време на сонце.
Денес сум 7 дпо имам повремени болки во стомаков и некако од се ми се гади и се ми мириса бљак и + имам повремени вртоглавици а тоа ми беше прв знак во првата бременост. Овој месец мислам дека има надеж.
Вит Д од 2000 Q10 Вит Е од 400 Селен Цинк Пренатални(фемибион што ми останаа) Метилирана фолна Б12 Б комплекс Магнезиум цитрат од месецов
Првиот пат земав од Еурофарм на Џејмисон после земав од Зегин појма немам на која фирма беа. Ми се потрошија сега читав во темата вонтелесно оплодување ги препорачуваат Q10 ubiqinol, ќе видам по аптеките какви има од нив за да земам. Овие првите Од еурофарм ги пиев 2 месеци кога ги завршив проверив пак АМХ и од 0.804 беше покачено на 1.02. @elenaklasik овие се
Денес се договорив со др. Хаџи Лега. Матичниве се запнале остануваш трудна па остануваш трудна. Епа не е поентата да останувам трудна секои три месеци, очигледно има друг проблем. Докторов ми рече да одмарам, таман и да видиме што ќе ни каже самото тело и во четврток да одам кај него. Ако не биде ок ни оваа бременост (големи се шансите), ќе ме упати тој што да испитам. Многу ме смири, ми олесна некако, се осетив сигурно од старт.
И кај мене беше така јас имав два спонтани и направив сите испитувања,вториот пат кога не пројави срцева реакција и реков на матичната да ме прати на хистероскопија испадна дека имам преграда од 2.5 см пола матка и докторот што ме правеше колку да ме направи беше скептик демек нема ништо на Хсг нема ништо ама ајде ќе те направам и испадна сосем друго,ако не бива испитај тромбофилија,генетски мутации,кариотип и на ехо 4д најдобро се гледа матката хсг може да не се види да знаеш,хсг е повеќе за каналите или направи дијагностична хистероскопија воопшто не е страшно. Ти посакувам да биде се добро.
Браво за борбениот дух! Која и да е причината, ќе има решение. Кога се има волја, се има и начин. Ние сме тука за поддршка.
Devojki jas samo da vi kazam deka sum imala ovulacija progesteronot go potvrdi toa. Sega ke si cekam da ne dobijam . Se nadevam ke se izraduvam.