Баш се радувам на сите што имате позитивен тест, камо и ја да имав. Секој месец се повеќе се разочарувам бидејќи од почетокот на годината се обидуваме ама ништо. Најголема желба ми е ама ете тоа е.
Бев и ме прегледа се е во ред. Ми кажа дека фоликулот е пред пукање и дека секој втор ден треба да имаме секс, и да се надеваме дека нема да добијам следниот месец.
Следам според една апликација ама незнам колку се точни. Искрена да бидам не сум следела толку, туку цело време ние си имаме незаштитен секс. Бидејќи и двајцата сме решени дека сакаме бебе.
Купи си тестови за овулација и почни да мериш базална температура. Имаш такви теми на форумов. Едната е Тестови за овулација, а другата е Базална температура. Разгледај таму, имаме доста пишувано. Стискам палци побрзо да се оствари желбата!!
Ти благодарам многу за советите ќе ги применам. И секако чим се оствари желбата ќе ја споделам со вас. l:
Еве ме... Денес 26ти ден. Последни циклуси на 26 дена. Предходно 27-28.. сега за сега мирно. Ноќеска ме болеше јајник ко за добивање. Ама ќе видиме....
Здраво женски Да ве прашам колку дена по овулација имате покачена тт? Односно колку дена пред циклус паѓа? Јас по некои математики пред 7 дена ми беше овулација (барем така се осетив по грчеви во стомак и леплив исцедок) Инаку сум после вакцина со нередовен циклус. Тогаш си бевме активни, но не мерев температура...е сеа сабајлево пред да станам измерив 37.1, никогаш не ми била вака висока претходно ко сум мерела, обично 36,6.
Обично, еден или два дена пред да ми иди, температурата паѓа. Твојата е супер висока и нека остане така
девојки јас само да се пријавам, денес ми е ден за не добивање од симптоми имам болки во јајниците како секој месец кога треба да ми дојде, ама сестрата сега за сега ја нема, до вечер ќе видиме ако не ми дојде денес, ќе почекам барем 2 дена и тогаш ќе правам тест, оти минатиот пат направив 1 ден пред време и утрето си пристигна со среќа на сите, ве гушкам
Еве го мојот тест од денес. Денес требаше да добијам, сега имам на бришење жолто-кафен исцедок, најверојатно се имплатира. Сакам да знаете дека немам никаков симптом. Ама баш никаков. Направив тест поради крварењето од нос и повисоката базална температура. На мајка ми во понеделникот Св. Петка и се јавила на сон и и рекла дека ќе имаме бебе, девојче. Ќе одам сега да си однесам дарче во црква. На сите ви посакувам позитивен тест од се срце.
Честитки најмила, многу сум среќна за тебе, конечно ти се оствари сонот, ми се разубави денот Со лесно до крај