Kaj sekogo ne e isto, implantacija nastanuva 7-12 dpo, kaj nekoj porano kaj nekoj pokasno, zatoa e ubavo da se poceka barem eden den da zakasni menstruacijata.... Inaku ti kako si? Padna betata?
Сакав само да кажам за тестот дека е добар, да си земе таков. Јас арна, колку што се може Завчера бетата беше рамно 100ка. Вчера бев на ехо, се е супер. Сум се спремала за овулација дури, па да се пазам повеќе. Се чуди и матичната колку брзо заздравува се и се враќа во нормала. И минатиот пат и сега. Барем тоа е добро, покрај се. Испитавме се што можеше, чекам резултати од имунологија и трансфузиологија. Уште кариотип утре и од мене толку е, другото на дедо боже.
Хахахахха Цене ма ме пресмеа. Да ти кажам едно чувство шуби дуби како ме фаќа, стварно ми треба појачање. Ама најмногу сакам да ве видам овде со тестови, радоста заедно да ја шириме.
Ми доцни мене еден ден. Праев тест сабајле, ништо. Осетив симптоми вчера за пробивање еднаш двапати и толку. Денес немам ништо... Едино што ме боли е цистата . Како ќе пукне ако не пробие? Се одјавувам и овој месец, иако очекувано, секогаш боли исто. Не сум имала поголема желба од оваа, не знам зошто е толку тешка за исполнување... Чекам на вас @elenaklasik те мислам
Ако не е утврдена овулацијата на точна дата, шанси има секогаш дур да добиеш. Не можам да ти кажам да не се разочаруваш зошто и мене на секое добивање ми се руши светот, ама нема да е вечно така.
Немам позитивен тест за овулација, немам убава вест од ехо дека имало и што ми рече др Јован Ефремовски "пиле, ништо не кажува прогестеронот на 21ви ден дали имало овулација". Така да секоја надеж што јa имав за месецов, падна во вода. Испаѓа џабе сум мерела, трчала да се боцкам два циклуса по ред. Ајде повеќе среќа, а богами и сила за некој следен месец.
Дами, од кога да ја сметам менструацијата? Од кога почна малку исцедок или кога убаво проби со повеќе крв? 2-3 дена имаше само како кафен исцедок па потоа дојде нагло. Знам, ве отепав со мојов циклус
И јас имав така два циклуса после медикаментозниот и си рачунав од денот баш крв кога ќе има. Нели за хормони проверување така викаат, трет ден откако почнало крварење и јас по таа логика одев.
Уф да сега се сетив извини. Пробај да одмориш од мерења и доктори месецов, да се опуштиш целосно никогаш нема, ама нема потреба од дополнителни активности зошто прават стрес за кој што не сме свесни. Ќе биде еден ден, мора да биде!
Еве сум со тестов Наредна недела во петок сум на преглед, дотогаш ќе измотам сто ленти филмови. Да видам за почеток дали е во "домата" сместено. Прпа сум Шо мислите, ваљда е а? На вакви црта ама шо врска има цртата.. На докторот прееска му велам ај сега преглед, вели не е проблем ама ништо не ќе се гледа. А го прашувам, тоа што мочам почесто е знак дека е на место? Се смешка, вели нема врска. А вака исцедок обичен, на ѓаки малку жолтеникав, а на бришење белузлав, ама нема мирис. Во ред е и ваков исцедок? Имам пецкања во стомак лево десно, ама ваљда и да нешто вон, не би осетило одма. Ќе се истам од кожа. И де ми е топло, де ми студи, нормално е?
@Bella_Stella знам дека сакаше ти да проверуваш прогестерон 7 дена пред циклус. Ако се одлучиш и ако се консултираш со гинекологот, те молам сподели што вели тој/таа, дали прогестеронот е индикатор за дали настанала овулација. Ова што ми го кажа др Ефремовски, не го слушам првпат, иако насекаде низ нет и по форумов читам дека е сигурна индикација (која можеби важи само за жени без пцос). @Suze18992 имаш добро искуство со докторов? Јас мислев накај Систина да фатам, ама секој предлог е добредојден.