@elenaklasik е многу ме израдува,многууу убава и лесна бременост имај,уживај и до последен ден да биде се во ред.Мило ми е што веќе нема да се мачиш и мислиш,ајде една по една да се испраќаме од овде во труднички
Cestitki devojce, so lesno i srekno do raganje na bebence❤️ Ete gledas, ispadna deka ni poluproodni kanali ako pamtam dobro kako te citav ne sprecija bremenost. Koga gospod saka da bidne, bidnuva pa makar i medicina da kazuva deka e potesko ili nevozmozno. Ne se sekiraj, ke bide se ok na pregled i ke si bide bebe bas na mesto.
@elenaklasik конечно позитивен тест Честито лесна бременост да си имаш. Сега имаш задача да ни пишеш тука по ред се што правеше и што користеше.
Сите не интересира изгледа. Да пијам чаеви ми е страв, ама еден Спа третман на репродуктивни органи нема да дојде лошо. @elenaklasik кажи ни и какви симптоми имаш, јас сум на 7 дена до добивање, па да си направам малце филм во глава.
@elenaklasik пиши ако можеш постапката со парење каков чај колку се става што како,да си ја пробам среќата ,таман пред овулација сум
Фала ти, да ти се враќаат радости! А па јас сум со еден канал кој на хсг испадна дека е затворен. Ама бидејќи бев без анестезија и докторот мој ми рече дека можело и лажно тоа да биде, всушност да се затвори од грч во моментот, добив волја сама да се потрудам со некои алтернативи. Така сега овојпат вака испадна, па здравје ехото да потврди. @Suze18992 @Bella_Stella со душа ќе ви кажам и да ви биде и успешно Почнав со чајот на феми микс, го има во зегин во мерифарм... И го комбинирав, по препорака на треварот, со тие два чаја за чистење токсини од телото. И тинктурата од горчица од истиот човек. Требаше 4 недели да ги земам, ама некаде на крајот од 3тата како столицава да ми стана посува, бидејќи и храната ја намалив малку, со цел третманов да има ефект. И онака сум слаба цел живот, не јадам којзнае што мрсно или благо, ама сега тој рече сирења не, кашкавали не, благо ич и ниту месо ниту јајца. Благо вистина не зедов, ама јајце си земав. И исто лебот бел го намалив. Демек брашно да не земам. Ок. Откако така како тежина како запек осетив ги баталив. А којзнае можда тогаш во овулација бев, па затоа така. А деновите од менструација до овулација (вие ќе правите по ваш циклус, ама почнете си од крај на мензис), правев во тенџере зовриена вода со чај. Тенџерето може емајлирано или инокс и измиено претходно со сода. Јас варев во поголемко ко за компири варење, и еднаш ставив 10 кесички чај од камилица, а другпат измешав од рефус камилица, нане и ајдучка по една лажица од сите. И клекнуваш како на колена, ко да седнуваш над тенџерето секкао да ви е удобно, се покриваш со голем пешкир и се париш. Ќе пратите, водата да не е топла многу, туку пријатна, на пулсот пробајте. Ако е топла ептен откако ќе се покриете со крпа, бидејќи топлината тогаш е поголема, оставете да се олади малку. 20 минути така. Или пократко на почетокот. Па се облекуваш, се виткаш со ќебе и одмараш. Нормално е да капка вода од вагината, ради пареата. По сат време имаш односи. Со облога од рицинусово. Зедов од Ревокс органско 100 посто. Прво правиш малку масажа кружна, во движење на стрелки од часовник. 5 минути масажа и после ставаш едно крпче тенко фланелче натопено со истото масло и згора термофор со пријатна топла вода. Над тоа со крпа, ќебе или слично се виткаш за да ви е топло, да влијае маслото. Околу пола час седев така и се миев после. Битно е и нозете да ви се топли. Истовремено знаете и јога правев на Јутуб шо наоѓав. Тоа е тоа. Верувам во ова дека помага. Само уште да сум сигурна дека е на место и слободно да кажам дека ми помогна и мене. Овие третмани се користеле од векови назад, затоа знам дека се ефикасни. Ајде ќе пробате, ќе кажете впечатоци колку релаксира. Ќе ви пратам и видео од масажата како ја правев.
А за симптоми, имам издржливи повремени болки, бодежи, така сепнувања, и како да ми се превртува малку во стомакот. Гради не осеќам. Гадење немам, онака слабо наутро, ко за будење можда од празен желудник. Ми кркори стомаков. Тоа е, најмногу во стомаков што осеќам. Исцедоков на бришење ми останува, иначе на ѓаки ист ко секогаш при цел циклус. Затоа и чудно ми беше, делми треба убав обилен бел да е... Како ќе помине една недела ах...
Фала ти многу! Се надевам дека месецов ќе има нешто и нема да има потреба да правам Спа, ама ако нема секако би пробала следен месец. Чувај се и труди се да имаш позитивни мисли, не сме свесни колку привлекуваме со енергијата што ја носиме. Чекам убави вести за недела дена!
Го најдов во аптека Мерифарм. Мислам дека во Скопје ја има? Или во добро снабдени аптеки сигурно ќе го има. Можеби и во ДМ.
Еве текст за третманот со пареа. Околу два литри вода доволно е. https://nmd.mk/zoshto-e-potrebno-i-kako-da-napravite-dlabnsko-chistene-na-vaginata/ И линк од масажата како се изведува. Не можело сама масажа да си правиш на стомак...пфф нема врска. Прашував баш и на инстаграм инфлуенсерки да не именувам, божем самата не требело да се масирам. За да давам 1000 денари. Како да не! Еве ви го стомакот пред вас е, легнуваш и си кружиш со прстите. Не мора сложени потези. И плус. Еве рецепт за истите три чаја со кои се парев, безбедни за употреба, ги знаеме сите. Го видов на друг форум.