@Bella_Stella поддршка и гушка најголема! Нема утеха за таквите тажни моменти. Истагувај го тоа бебенце, иако тагата не поминува така брзо. Имаш право сите чувства и емоции да ги поминеш. Тоа е премногу тешко што ви се случило. Бебенце милно и невино секогаш во срцето и мислите со вас. Зборувај си со телото, кога ќе си подготвена за второ. Зборувај со матката кога е спремна да зачне пак. Тежок е процесот на прежалување и подготовка за напред. Затоа помини психички тоа што треба, за да си малку олеснета за понатака, бидејќи е тежок да се носи сиот психички набој. Ќе ве дари бог за сето трпение и болка.
Тромбофилија и 4Д ехо според мене е исто така битно да се направи кај добар доктор да се види убаво дали можда постои некој септум. Мене Трајковски прв ми го виде беше мал септум , од Ганеш докторката кажа не гледам септум (ендометриумот бил прав немало прекршување), Петановски во Ремедика на 4д го виде сигурно и го извадив колку и да бил мал и викаа не е проблем за бременост.
После сите маки и чекање на двете и на сите други тука ни посакувам дупла среќа и да доаѓаме пак тука да се жалиме дека се многу немирни и неможеме глава да кренеме од нив сега. Доста беше само плачење и жалење по нашите бебиња , сигурно и нив не им е убаво кога не гледаат од горе дека плачеме. Денес е точно година откако ми почнаа проблемите со бременоста , сабајлево плачев мајка ми ми вика аман до датуми памтиш се. Како да не памтам кога она беше тоа што ми фали да бидам комплетна , она ќе ме направеше мама, ги гледам околу мене бебињата што ќе беа нејзина возраст и душа ми плаче , гледам како ставаат на инста слики во базен ми текнува дека уште тогаш му покажував на татко и мали базентчиња и викав вакво ќе и купам на ќерка ми и почнувам да плачам. Знам дека е појако од нас, еден дем и ние ќе бидеме исполнети и среќни со нашите сонца.
Фала ви од срце на сите за убавата енергија и поддршката. Иако не ве познавам лично на сите до една што се борите за бебенце најискрено ви посакувам борбата да ви заврши што поскоро. Бидете силни и имајте верба и трпение. Желбата на сите ќе ни биде остварена порано или покасно. Само да останеме на нозе и живи и здрави да си ги гушнеме дечињата што чекаат да дојдат кај нас. ❤️
Девојчиња, апдејт еден. Се јавив кај матичната за тромбофилија, ќе ми даде упат, арно ама нема ни еден термин. Здравје се надевам дека ќе пуштат од понеделник натака. Само ми спомна страна на нет која што можам да следам за термини ама ич не ја разбрав како се викаше. Знаете за која станува збор? Фала❤️
Пуштаат сабајлечки секој ден. http://mojtermin.mk/map/specijalist..._za_transfuziona_medicina&resource=1185306170
Мој термин http://mojtermin.mk/map/specijalist...&clinic=jzu_institut_za_transfuziona_medicina Ако сакаш за поскоро основните мутации можеш и на МАНУ. За таму може да ти даде гинеколог, без термин се упатите.
Девојки хелоу после 2 месеци.. Ми требаше некако периодов да се средам психички. Се надевам сите сте добро, и едно нешто најбажно(бар за мене) што сфатив е дека ако не се држиш психички стабилно и не размислуваш позитивно ќе ти биде се полошо и полошо и се повеќе и повеќе ќе запаѓаш.. Знам дека малку звучи клише но вистина е.. Е вака сеа, 11 дпо завчера прв пат забележав мали влакненца на двете гради( прв пат ми се случува, не сум родила сеуште) Секој ден веќе 2,3 дена проѕирен исцедок како да сум помо*ана, но имам и мала иритација(чешање) долу.. Осетливи брадавици и зголемена само десната брадавица. Омалакснаноста ја препишувам на топлово време и можеби измореност. Еден ден паѓам у сон у 22ч, другиот у 00ч. Ова прв пат ми се случува. Некој со слични симптоми?
Иста сум и јас @Marry M 22 ден од циклус, истите симптоми ама знам дека ќе добијам по тоа што секогаш кога ме пече долу добивам и некоја си тежина во матката....
Мене ми е 26ти ден и печење долу прв пат ми се случува.. Заборавив да спомнам дека сум и настината, нос ми тече, кивам.. алергија ли е, настинка ли е појма неам..
Zdravo treba li pauza od edna do druga insemancija ili moze po red, a mislam lazarevski e na odmor sega dali ke moze kaj drug doktor dase odi
Денес требаше да добијам, ама немам добиено. Се одлучив да си направам тест, и понегативен не можеше да биде. И така…
Не е можно да се заборави. Првото го изгубив во 12 недела, со тешка аномалија беше и го абортирав, а второто ми има година и 8 месеци. И покрај тоа што имам здраво и живо девојченце, одвреме навреме ми поминува мисла како ќе изгледаше, колку ќе беше порасната (и тоа што го изгубив веше девојче), ако беше сѐ во ред. Се мислам на кого ќе личеше, каков карактер ќе имаше. Сега ќе требаше да полни 3 години. Нема болка и тага веќе, но не се заборава дефинитивно. На сите ви посакувам здраво и живо бебенце во најбрзо време
Како е? Како сте? Тивки сте ми. Јас следен циклус најверојатно ќе правам хсг, се мислам кај да правам, ако имате предлози, shoot me. Според мој календар имам уште 12 дена до добивање, 5-6 дена имам лигав секрет, не знам што ми се случува со матка, со тело. Не сме најактивни со маж од причина што... не знам, се осеќам малку демотивирано. @Снегулк@23 па, не би рекла. Да, имам некои болки тапи, ама далеку послаби од циклус.
Чекаме, траеме, како и секој месец. Јас имам 6 дена до недобивање, па ќе видиме. Држам среќа за сите.