Еве и јас сум 3 дена до менс, од вчера почна стомакот да ме боли, онака по малце, ваљда иде.. Не издржав вчера купив еден лабоквик.. Не требаше ама го направив... Здравјенце, да добијам, го праќам мм на спермограм, ако е се во ред, хсг ќе праам. И така
Јас сум 6 дена до добивање. Знам дека ќе добијам месецов, не очекувам ништо друго. Освен што ме мава јака нервоза друго ништо нема
Јас хсг правев во Систина и океј поминав. Околу 4 или 6 илјади е не сум точно сигурна, не памтам баш.
И јас да пишам, 5ти месец ни беше Јуни како пробваме ама пак ништо, еве ме со трет ден од менс. И јас така планирам да ми заврши и одам на хсг а маж праќам да испита спермограм, не чекам веќе… Со среќа на тие што сте во исчекување, а и на нас со резултатите
@Thinkerbell. @Iris-1234 да да 8300 е 'најпресната' сума. Тинкербел ти веројатно си правела многу одамна.
Девојќи да прашам дали ви се случило да имате поосетливи гради(посебно брадавици) околу 8 дена после овулација и ризичен однос? Толку бев убедена дека сум бремена заради симптомов, се уфилмав ептен..И секако се разочарав после 3 направени теста за бременост сите негативни На 9 ти треба да добијам, знам дека е рано но нели тој self clear покажува и 8 дена после зачнување??
Навистина е прерано. Купи си лабоквик најефтин тест 30 денари од зегин и почекај бар до петок и направи го со прва урина.
Како што ти кажа @fana, навистина ти е прерано за тест. Дури и за тестот преку крв треба да се поминати 10 дена од ризичен однос а пак камоли за тест преку урина. Причекај некој ден па пак направи.
Знам дека е рано, но осетливите брадавици некако ми збркаа ум. Ај ке почекам, ако не до петок бар до четврток сигурно . Со месеци пробуваме и никогаш немам направено тест, чекав дали ке добијам. Ама ова со градиве ептен некако ми даде надеж иако свесна сум дека може да е и пмс. ама пуста желба
Комплетно те разбирам како се осеќаш. Ама почекај ете барем до четврток и направи си Лабоквик од 30 ден. Како што ти кажаа членките не земај само Селф Клиар (дава лажни цртки, цела серија изгелда им е утната) и немој Шур чек (тој пак и на висока бета може да не даде цртка).
Во ноември лани. Имам приватно осигурување и од таму ми покрија затоа не памтам точна сума а и ми се меша со сумата кај Толовски. Ама повеќе од 6000 мислам не беше. Малце повеќе претерале со цениве..
Значи тоа е причината. Не сум знаела дека приватното осигурување покрива ХСГ. Супер, во секој случај, бар си ја завршила таа работа. Се надевам се' е во ред Мислам тек сега ќе растат...
Е баш селф клиар го имав направено.. сега ми светнаа очите значи сепак има надеж. Ке земам тој што ми го препорачавте и ке пробам и четврток и петок. Фала ви на сите
Не знаев стварно за тестовите дека може да има и што не чинат. Ке земам од тој што ми го препорачаа членките горе. Ги имам сите аптеки во близина, сигурно ќе го најдам
Селф клиар мене и на повеќе членки ни даде ептен бледа втора линија, а отпосле ни проби мензис. Шур чек на @fana не и покажал црта на веќе висока бета. Гласна сум за неквалитетот на овие два теста и ќе бидам и понатаму Може станува збор за лоша серија, ама пак, некоректно.