Не се брои тоа така. Ако имаш порано овулација, порано ќе почне и циклусот и обратно. Втората фаза по овулација најчесто е 12-16 дена, плус-минус два дена, различно е за секоја жена, но речиси секогаш постојана кај една жена. Значи, ако добиваш на 32 дена, овулација веројатно имаш меѓу 14 и 22 ден од циклус, во зависност од должината на втората фаза. За колку порано си имала овулација овој циклус, толку порано го броиш денот до добивање или позитивен тест. Ние овде навиваме за позитивен тест . Ти ги прочитав претходните постови и според моите пресметки за 3-4 дена можеш да правиш веќе
Можеш да направиш Фрухтест, тој покажува и 4 дена пред добивање. @elenaklasik Како си? Денес ти беше ден за (не)добивање, така? Стискам палции
10ден од циклус и идеме со нови сили. Земав од овие ленти за овулација од ebay, само не знам дали делот кај пишува sample треба да се одлепи. Врска немам со овие работи.
Ја читам темава и многу се радувам што почнаа позитивни тестови. Нека ви се лесни, безгрижни и многу убави бременостите. Сакам само да дадам поддршка на сите останати кои се во исчекување, бидејќи тазе ми е чекорен вашиот пат и знам колку е тешко кога секој месец си во трка за позитивен тест, а упорно е негативен. После година и 4 месеци активно обидување, направени сите можни испитувања, мерења овулации, базална температура и многу молитви, во месецот кога решив дека ќе кренам раце од се кога сака тогаш нека биде, останав бремена. Не ја потценувајте моќта на психата. Знам колку звучи клише муабетот опушти се, не мисли на тоа итн. ама кај мене навистина се покажа како добитна комбинација. Ве гушкам силно сите и се молам сите да бидете наградени со најубавата титула МАЈКА
истите секој месец ги користам, не треба ништо да се одлепува, до таа цртка треба да ја потопиш лентичката во сад со урина. Јас сум задоволна од нив до сега
@*Лаванда* , добив утрово, одма на бришење не дочекав да видам, кога гледам црвена жар. Дај Боже цртките да се такви нареден месец. Си знаев, едноставно, дека не може да е лесно. Сега хормони ќе испитувам, ама прво да се консултирам со докторот. Кај тебе како е? Фала на мислата
Честитки! Со лесно бременоста, ако си сега бремена, и мајчинството. Има врска опуштеноста. Ама што правиш, како се опушташ? Што значи тоа, се пијанчиш хаха се напушуваш, стварно не знам како? Не мислиш на тоа, ами на што мислиш? Сигурно си свесна кога имаш обиди, па после следствено си очекуваш, бар еднаш ќе помислиш... Прашање. Инаку, да ве прашам, дали се погодило кај некоја менструацијата да е баш точна, а сепак да има изместени вредности на некој хормон? Денес точно ми дојде на 28ми ден, сепак се мислам да направам испитување или да чекам.
27 ден утре. Се надевам дека нема да добијам до викендов, па ќе правам тест. Си купив јас 2 теста, дома залиха направив за секој случај. Ми се спие некако повеќе деновиве и апетит имам повеќе. Ама препишувам на психата, дека сакам да си барам симптоми.
Едноставно не правевме дете тој месец. Сфатив дека ако продолжам со тоа темпо на замарање ќе побудалам, а и физички почна циклуси да ми доцнат при сите уредни наоди. Не следев ништо и не форсиравме односи. Маратонски си гледавме серии, уредувавме по дома, полагав за возачка, правев се друго освен бебе. Буквално се однесував како кога бевме пар и не планиравме дете. Си дадов одмор и си реков ќе биде кога треба да биде. На крај дури бев "изненадена" пошто рандом го правев тестот спремна да не се разочарувам од уште еден негативен, а искочи позитивен. Се роди 3 дена по мојот роденден и е најубавиот поклон што сум го чекала. Затоа сакав да споделам дека не секогаш 2+2 е 4 и некогаш треба да си дозволиме да ни се случи "магија". Тешко е знам ама функционира.
Прв знак кога се разбудив повторно млечен исцедок од дојка. Дали е можно да покажи позитивен од овитреле инекцијата?
Зависи од дозата, ама не ми се верува да е од неа, мислам дека си бремена. Најдобро утре или другиден пак да направиш тест, ама ист ваков и ќе знаеме.
Секогаш редовни менструации на 28. Еден месец доцнеше испитав хормони и тсх покачено. Последниов период исто редивни а тсх пак качено. Еве на терапија а и денес уште немам, 28ми ден денес.
Девојки се јавив кај матичната и ми потврди дека позитивниот тест не е од овитрелето што значи бремена сум според плодните денови веднаш после една недела ми излезе втората цртичка, ќе повторам деновиве уште еден тест. И предходниот пат исто толку рано ми покажа тестот според исцедокот од градите. Сеуште сум исплашена бидеќи треба да се боцкам со клексани, посакувам кај сите што побрзо да се враќа
Честитки од срцеее!! Со лесно да си износиш, да си здрава и жива! Леле, пресреќна сум!! Нека продолжи магијава, нека се заредат позитивнивеее По колку точно дена од овулација е направен тестот?
Ти благодарам мила Инакцијата ја примив на 11ти месецов овулацијата како што ја осетив ми беше 12ти-13ти Ноември. Тестот го направив сабајлево што значи по 10 дена покажал.