I jas prv pat imav spoting minatiot mesec i pisav tuka mislev pak mi se sekna ciklusot i deka pak ke mi podrani vesterkata, a toa bese na 19 ti den od ciklus i zatoa otidov na ginikolog da vidam so e i op izliv veli ovulacisko krvarenje si imala.
Ја не знам ни минатиот месец дали имав овулација. Имав исцедок таков подолг период, баш и правев од тестовите за овулација ама ниту еден не беше позитивен, и си викам зар е можно месецов да сум немала овулација. Секако не се замарав многу, а и сеа гледам да не се замарам туку дојдов да ви се пофалам дека сеа сум официјално госпоЖа ( си се потпишавме) Е , од месецов ќе гледаме поактивни да сме, само ете некако ми е тешко периодов само слушам сите околу мене труднички дека се. Ама ваљда ќе ја бидне некад, што му ја знам.
Каков ви е исцедокот во овулација, строго таков растеглив како белка или може да биде и различен? Јас месецов околу деновите кога се сомневам дека беше овулацијата бев вонредно мокра цело време. Водено бел исцедок имав и многу бев влажна и при односи исто. Ја прашав докторката рече тоа било од покаченото ниво на естроген за време на овулација.
Мене секој месец до сега ми бил воден исцедокот. Само после однос некогаш сум имала растеглив. Прв пат вчера да имам растеглив пред овулација и денес на ехо ми потврди докторот дека ноќеска настапила овулацијата.
Мене ми е воден. Знам дека е тогаш овулацијата зошто сум следела фоликули на гинеколог. Инаку не би знаела. Густ исцедок еднаш или два пати до сега.
Фала ви на сите, ми дадовте малце надеж. Ќе видиме за 10ина дена плоден ли бил исцедокот и ќе има ли нешто.
Да се пријавам и јас Втора неуспешна инсеминација на 08.07 и 09.09 два пати правена Вчера негативна бета .......то е сега чекам недела да ми дојди ...... мора да се оди на трета Кај да се зема силата ја немам веќе ако има некаде кажувајтее не се издржува
Бела со иста проблематика сме јас и ти. 2-3 дена ќе е воден, 1-2 дена белка, 2-3 дена како лизгав. Јас не можам многу да го разграничам и сите тие денови се однесувам како да се плодни. И при односи тие денови сум икслучително мокра. Сигурно и по нет си читала, еве сликава вели дека кога е воденест овулацијата ќе се случи скоро. Мислам дека е добар знак Ајде жено едвај те чекам и тебе, ти праќам многу многу многу среќа
Жал ми е Лејди. Силата е во желбата, она ќе те води. Вчера се скршив и јас, ама еве денес е подруго, утре ќе биде уште подобро.
Знае ли некој веќе што е што. Толку анализи, толку мозгање.. се изморувам веќе.. Фала Дејзи и јас те чекам и тебе и сите девојки тука, да ни се скратат маките веќе. Јас месецов како и минатиот сум со минимална, скоро никаква надеж. Да се тестирам нема сигурно овој пат. Зошто негативните тестови повеќе ме трескаат од земја отколку добивањето. Таман нема да сум дома 1-2 август кога ми се денови за добивање и се надевам нема да ми е паметот само во тоа..
Моја блиска другарка имаше три неуспешни инсеминации и веднаш после тоа остана бремена по природен пат. До толку беше разочарана што мислела дека во менопауза рано почнува да влегува Глава горе и најклише муабетот што сите го мразат, опушти се Ќе се наредат коцките во вистинското време. за сите!
Немојте да ми се разочарувате, еден ден ќе се радуваме сите заедно, ви ветувам! Ве гушкам силни мои жени.
Задодуша на денот на инсеминациите не беа пукнати фоликулите ,но и во понеделникот или вторникот да пукнале ке покажеше бетата на 9 дена одприлика барем над нула нешто Незнам бетата од кој ден покажува знае ли некој
Ако не си примала инекција фоликулите може и покасно да пукнале, па затоа да имаш негативна бета. Затоа се препорачува и после инсеминацијата да се продолжи со односи како што знам. 9ти ден после инсеминација ли ти е? Почекај уште 2-3 дена барем па провери пак.
На 07.07 примив стоп инекција овитрелле на 08.07 и 09.07 правев инеминација во понеделникот на 11.07 бев на контрола од двата на десниот јајник беше пукнат само еден а на левиот остана едниот во петокот пак бев на контрола на 15.07 беше пукнат на десниот вториот фоликул, а на левиот ми рече сеуште не е ама можно е како циста ние си продолживме со односи втората контрола (комплицирано е знам ) а за инекцијата и претходната инсеминаци ја примив во петок во понеделник ми пукнаа нз што да речан изгл не ми делува нз дали е можно да сум некој таков изрод
Нормално деке нема да мислиш на тоа,опушти се и релаксирај се. ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ДЕН Мораме некако да си го одвлекуваме вниманието,да уживаме во љубовта која ја добиваме а водењето љубов да не го гледаме само како чин дека ете сега мора/може ќе се фати... да бидеме малку поспонтани и позитивни тоа најмногу ни треба. Не сме сами,многу не има со иста мака ама пак и посилни сме кога се тешиме и храбриме една со друга. Главата горе само
Со среќа нека ви е ❤️ Цел живот да сте си среќни и радосни исполнети со љубов и ви посакувам близначиња од се срце ❤️