Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    И за ова сакам да знам повеќе :D
    Ако има некоја да ни објасни.
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    32.375
    Пол:
    Женски
    Ќе ја тагнам @Anaroz1, да не зборам на памет. Она имаше спонтан заради мутации, после од прв обид го направи бебче.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.351
    Пол:
    Женски
    @Iris-1234 кои мутации ги имаш? Хетерозиготни или хомозиготни?
     
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    35.105
    Пол:
    Женски
    Па ако имат влијание и мутациите за зачнувањето, и кај нас брзо се фати, 6 месеци се обидувавме. Кој знае од што е, кај секоја различно, глава ми прсна од збирање само информации.
    @Anaroz1 и јас имав спонтан најверојатно ради мутациите, ако можеш нешто плус да ни објасниш, ќе ти бидиме благодарни мила. :inlove:

    Туку, земав упат и за хормони да ги испитам девојчиња, ќе ви сликнам секако резултати и од тоа, и закажав на трансфузиолог на 19 Август.
     
    Последна измена: 3 август 2022
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    И такви и такви.
     
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @Angella7 хетерозигот во Factor 13, ITGB3, MTR, MTRR, PAI-1
    Хомозигот во MTHFR677
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    5.684
    @QweenSM првата бременост иако беше се уредно и скрининг и прегледи, во 18 та недела прокрварив и кога отидов на дежурен бебето имаше изгубено срцева акција, направив киретража и ме советуваа да почекаме 3 месеци за да почнеме пак со обиди, докторката што ми ја водеше втората бременост ме прати да испитам стандардно пап, брисеви, хормони, 4д на матка, но она се сомневаше дека имам генетски мутации за кои до тогаш ја немав ни чуено, ми рече чим волку касно изгубило срцева акција најверојатно е тоА, испитав се и маж ми направи спермограм, сите резултати беа во ред, за генетски мутации искочи дека сум хомозигот за МТХФР и уште 7 други хетерозиготни, никој не ми спомна дека би биле проблем за да останам бремена туку само да ја задржам бременоста, после 6 месеци од спонтаниот останав бремена буквално од прв обид, докторката ме испрати одма на консултации кај Јани, терапијата ја знаете истата е за сите, почнав одма со клексан уште пред да има срцева акција, метилирана фолна, б12, аспирин преку еден ден. Аспирин пиев до 30та, клексан боцкав од позитивен тест до ден на пораѓај. редовно еднаш месечно проверував д димери и одев кај Јани, тогаш преварувајќи искуства влегов и на форумов и сфатив дека мутациите не се ништо страшно скоро сите ги имаме само што кај некој прават проблем, кај некој не. фала му на бога цела бременост ми беше уредна, а ја во грч до последен ден, своеволно идев на 2 недели на контрола и цело време се плашев да не ми кажат нешто лошо, но еве не за некој ден бебе прави 8 месеци:D, си одев на работа до последен ден пред пораѓај и немав некои поголеми потешкотии. доколку се само мутациите проблем големо оленување е да знаете дека терапијата со клексан помага и тоа е докажано од многу искуства, ви ја пуштам целата среќа на светов и сите што чекате да си дочекате :hug:
     
    На Vinyl, LiquidLuna, Thinkerbell. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    12.168
    Пол:
    Женски
    Јас го прочитав текстот на докторот и ме поттикна на размислување.

    Навистина има многу разлика во стилот на животот да речеме од пред 60 години и сега, а уште повеќе со минати векови.
    Има неколку фактори.
    1. Стрес. Да, има големо влијание врз здравјето. Секој организам и систем различно го амортизира.
    За волја на вистината, и во минатото луѓето биле под стрес: окупации, војни, глад, опстанок - имам впечаток дека живееле во голем страв. Не постои време нема држава кои не се обележани си лоши состојби.
    И жените сепак успевале да забременуваат и раѓаат многу деца, иако и доста од децата завршувале со лоши исходи. Ама сепак раѓале.
    2. Исхрана и однос кон себеси.
    Храната е влошена, третирањето, одгледувањето, голем број пестициди стана секојдневие. Употреба на преработена храна, слатки производи запакувани, нешто што во минатиот век го немало. Пример во 60ти години овде кај нас и во светот, луѓето се слаби витки, оној период на диско и рок енд рол.
    Денеска дебелината е најголем проблем и кај возрасни и кај деца. Децава само видете ги колкави се, со цициња од мали, за греота.
    Седечкиот стил на живот исто така придонесува премногу. Ако порано жените и мажите работеле на ниви, копале, жените можда и во бременост работеле, денес сме пред компјутери со болки во врат и грб.
    3. Електроника. За ова не знам дали има премногу влијание. Не сакам да верувам, бидејќи премногу сме опкружени и внатре и надвор има антени, сателити и ако навистина нѝ влијае, тешко нас.
    Еве дома имаме еден шпорет, телевизор, лаптоп и телефони.
    Шпоретот можда зрачи кога е пуштен, ама секако до него не стоиш цело време, телевизорот можда зрачи кога е пуштен, можда и згаснат, не знам. Лаптопиве секаде ги имаме, и на работа и дома и за очите сигурно се штетни, ама за подлабоко колку влијаат нејќам ни да мислам. Е сега за мобилниве сакам да ве прашам. Што мислите, имаат удел, имаат зрачење, дека цело време сме со нив во рака.
    Вие колку ги користите? Јас по цел ден и имам грижа на совест.

    Главно мислам дека хранава и стилот на живот придонесуваат во ваква промена на квалитетот на животот како популација. Секако како индивидуи имаме избор што да јадеме, дали да пушиме дали да спортуваме. Ама дека храната влијае и на хормони и тука и стресот, да.
    И порано жените можда и тие имале проблеми со мутации, ама немало медицина толку. Па скрининзи па прегледи, тоа непознат поим. Свекрвата ми има кажано со рака на стомакот ги прегледувале. Денес со ваква развиена медицина и уште повеќе здравствени проблеми, нормално, за да може медицината да има кого да го лечи.

    За крај би рекла дека оној момент кога човекот се одвои од природата, настанаа проблемите. Затоа сакам да се вратам на село пак, природа, бавчичка, слобода, воздух.

    @Anaroz1 сакам да те прашам, дали во првата бременост испитуваше ддимери?
     
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    5.684
    @elenaklasik не, никој не ме прати да испитам димери, ми беа доста високи после спонтаниот, но ги пратев и брзо се вратија во нормала...
     
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    12.168
    Пол:
    Женски
    Значи сѐ до таа недела 18та воопшто немаше испитано?
    Многу веќе почнуваат да ме плашат овие димери. Иако само еднаш имам испитано, и тоа кога имав корона, од 500 горна граница, мене ми беа 690. Здравје ќе прашам дали да испитувам.
    Не почувстува некакви индикации, симптоми? Извини ако те навраќам, сакам превентивно да знам што сигнали испраќа телото.
     
  11. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    3.179
    Пол:
    Женски
    Јас веднаш по позитивен тест испитав димери и беа во нормала, а сепак продолжувам со терапијата од Јани, клексан и аспирин. Има доста членки кои и со нормални димери продолжиле со терапија и така им било препорачано и од трансфузиолог и од гинеколог. Се зависи од мутациите и од претходна историја.
     
    На Anaroz1, Suze18992 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  12. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    И јас ги проверив само што добив позитивен тест во нормала се продолжувам со терапија од Јани и планирам секој месец да ги проверувам.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    5.684
    не испитав, дури после спонтаниот, последно бев на скрининг во 13 та недела во систина и плус на ГАК и приска правев се беше во ред и таму и таму, дури и матичната ме гледаше, ми закажа контрола дури за 5 недели баш вечерта кога прокрврев сабајлето требаше да одам на редовна контрола... нешто се има случено измеѓу што може ќе се видело на ехо ама ете...неколку дена, па може и цела недела беше имав како кафеав исцедок во мала количина и и пишав на матичната на вибер дали да дојдам на преглед, она ми одговори дека не е ништо итно да си ја чекам редовната контрола... не разбирав ништо прва бременост ми беше и си чекав, сега овој памет да ми е ќе одев одма :?: вечерта веќе не беше кафеаво беше свежа крв ,1 саат по полноќ време на корона (2020) не знаевме што да правиме со маж ми и отидовме во Систина, натака веќе ви кажав. вечерта дежурна беше докторката која што ми ја водеше оваа бременост, жената ми остави толку убав впечаток, што си реков ако останам пак бремена кај нејзе ќе се пораѓам, така и беше, она ми ја направи и киретражата ...не сакав пак да оставам на случајност, ја сменив матичната, ставив нова и идев само за упати кај нејзе, бременоста ја водев во систина, мислам дека е многу важно и гинекологот да биде добар.. и на почетокот од оваа бременост имав кафеав исцедок и мал хематом, кога ми се појави одма и се јавив на дојторката не ми рече чекај редовна контрола за една недела, туку дојди одма смената ми завршува ама ќе те чекам, така и беше( мислам нормално тука игра улога и приватно) па почнав и утрогестан да ставам, ме боцкаа со прогестерон... фала богу тоа брзо се среди, 34 та недела ме фатија болки во кичмата одма и се јавив одма отидов на преглед , цтг и слично, сакав да кажам приметував голема разлика во водењето на првата бременост кај матичната и втората колку претпазливо ми пристапуваше докторката, не сакам да мислам што ќе беше ако беше, ама ете си мислам дека ако отидев одма кога ми се појави прв пат исцедокот може немаше да биде касно што знам...ја од страв на сите им викам да испитуваат димери иако ако е се уредно на ехо никој не праќа туку така да испиташ димери особено прва бременост и иако скоро секоја трудница има кафеав исцедок и не е ништо страшно најчесто, кај мене искочи дека е страшно...
     
    На Vinyl, LiquidLuna, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Може да споделиш за која докторка се работи во Систина?
     
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    32.375
    Пол:
    Женски
    Корнелија Трајкова, јас ќе ти кажам :D
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Рано ми е да одлучувам за пораѓај ама сепак совреме сакам да слушам мислења за доктори за да можам да се одлучам полесно кога ќе дојде време:D:D:D
     
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    5.684
    др Корнелија Трајкова :)
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.021
    Допаѓања:
    110.667
    Пол:
    Женски
    Ама ддимери не се испитуваат рано рано, нема потреба. Не мора да значи дека сите ќе имаме покачени. Башка и тие имаат времиња, чуда врагови. Знам тешко е ако веќе се десило нешто несакано ама ниеден доктор не ти дава да испиташ предвреме ако нема индикации. Јас го прашав дали да испитам со оглед на тоа што имам 2 пати прележано ковид, ми рече нема потреба, следна контрола ќе закажеме. А мојот доктор е прилично предострожен и пази многу.
     
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Како сте жени?
    Добри?

    Јас немам овулација месецов :clap: па велам од вас бар арна вест да чујам.
    Следен циклус хсг, септември Кломифен здравје планирам.
    Едино ако не може во ист циклус хсг и Кломифен.

    Ај малку израдувајте ме со вести плс.
     
    На IronLady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Jas sabajle pravev test tri dena pred dobivanje, epteeen bleda ako se gleda duri neznam. Kje pocekam i kje napravam vo nedela nov.
     

    Прикачени фајлови:

    На irencule1980, ivance.., Ceneva и 6 други им се допаѓа ова.