Значи станав зависна од форумов, незнам за вас. А и многу ме радува кога ќе видам 2 цртки кај некој. Јас по мои математики со изместен циклус мислам дека сум 9дпо и до денес само повремени грчеви во стомак ко за добивање. Денеска некоја јака болка во лев јајник ко со штрафцигер да ме бодеше некој која траеше 30 сек и толку. Посакувам до нова година сите да си видиме II
девојчиња да ве известам, 2 дена ми доцни, негативен ми е тестот, го направив прееска, ако не ми дојде за 2-3 дена ќе го повторам во случај да не сум имала касна овулација, ама фрух правев и неверувам со доцнење да е лажно негативен. сега чекам да ми дојде, па се дружиме другиот месец
Го има во Зегин, 137 денари е. Барај го како “фармавитал“ , а не како Фрух тест. После на паковката ќе прочиташ Фрух тест Еве како изгледа
Јас уште не добив 29 ти ден денес. Во понеделникот беше негативен тестот, па ќе почекам уште некој ден за нов. Чудно се осеќам денес, малаксало и мрзливо, поспано.. ај ќе видиме што ќе биде. Ноќеска ме искина јајник.
и сабајле дојде вештерката почна некоја анксиозност да ме фаќа, не знаев што да очекувам кога првпат се решивме за бебче, мислев ќе бидам од тие среќни девојки кои останале бремени веднаш, ама сум се лажела кога ќе каже Бог - тогаш, не губам надеж воопшто, само ете тоа што ме мачеше си го кажав. ве гушкам сите, тие што си чекаме 2 црти да си видиме што е можно побрзо, се читкаме.
Денес 28 ден од циклус. Не издржав и направив тест иако ми доаѓа на 31-32 ден. Гледате ли и вие многу бледа црта? Ќе проверам и преку крв, но нестрплива сум.
Еве од денес: 4дпо Т 36,9 С° @Цвет88 Ех, колку сакам да не ти дојдееее @QweenSM Бог имал други планови за месецов, па затоа така. Не Му се лути, имај силна верба! Следниот циклус е твој!! Те гушкамм @MrenaRiba Гледам ептееен бледа! Направи утре сабајле пак тест @Erika.greeneyes Може, но и не мора да значи. Ете, тука настанува збунката
Сабајлево направив тест и негативен беше. Којзнае и дали го направив правилно. На фрух беше тестот. Кога го оставив стапчето да чекам резултати нестрплива бев не се покажуваше ниту една цртка и капачето го ставив назад не знам дали го ставате капачето кога чекате да се појави резултатот. Бидејќи од кога го ставив капачето се разлеа црвено внатре(може е нормално тоа).
Колку ми се полни срцево кога гледам се почесто тестови со две цртки! Честитки мила, лесна и школска бременост да имаш @MrenaRiba Ајде повлекувај не' сите што пишуваме тука, да си бидеме другарчиња и во труднички.