Душаааа! Со две душички! Се наежив, браво! Здрави живи, со убаво и лесно да си биде сѐ! Ме израдува премногу
Па можеш мислам. Не е нешто што треба посебна контрола или не знам што. Само наместо 3 лажици, јас би земала 1 или 2. Јас вака лаички кажувам, а ти можеш конкретно лекар да прашаш или од треварот да ти дадам број. Кога го прашав мојот гинеколог дали смеам да земам вакви алтернативни напитоци, рече можеш, ама тоа не е мое поле на познавање. Умерено не би требало да има некаква штета.
@Suze18992 леле прекрасна вест! Со лесно да ти биде цела бременост и живи и здрави бебчиња да си гушкаш на пролет
Има Бог начин да ја пополни празнината. Многу, ама многу се радувам за тебе и за дуплата среќичка. Чувајте се и да си се гушкате напролет! ❤️
Дојде вештерката ден порано И без да пишам како ми е, вие тука сите повеќе ме разбирате од било кој. Искрено сум си разочарана ептен, либе гледам не се замара, не знам еве како него да бидам. Денеска ми иде така од убајна да си поплачам. Неделава ќе си закажам на гинеколог ионака време ми е за контрола, па чисто да ве прашам освен Пап, брисеви и за хормони друго испитување за мене нешто треба ? А и за либе исто ме интересира.
На овој мој денешен тмурен ден со ваква вест од тебе ми го разубави денот. Чуда се случуваат дај Боже све да биде како што треба ти посакувам се најубаво од се срце. Ти посакувам лесна бременост ❤️❤️❤️
Зависи колку време се обидувате. Во пракса докторите ме советувале под 35 год, испитувања да се прават по една година неуспешни обиди. Над 35 год, испитувања после 6 месеци. Варираат мислења ама некој просек е тоа. Види пап, брисеви, трет ден хормони најпрвин. Ако ти дошло денес, во понеделник можеш тоа да завршиш, ако сакаш да ја убрзаш работата, ако може матичен упат да ти даде во понеделник сабајле. Маж ми спермограм направи на 7-8 месеци обиди, самоиницијативно. Е сеа.. Генетски мутации, јас исто самоницијативно потерав, замолив за упат. Матичната се противеше, сум немала повторувачки абортуси дрн дрн. ХСГ исто така (бар на мене ми препорачаа) да направам, уште не сум, уреаплазмата ми ја стопира процедурата. Треба да имаш чисти брисеви за тоа. Здравје натаму ич да не ти ни треба понатамошно брлавење. Почни си од основното, чисто да мрднеш од точка. Од мое искуство ти кажувам ова. Ама сѐ зависи од тоа колку време се обидувате. Ние отприлика година-годинаипол. Ќе ти дојде да плачнеш, па ќе помини. Ролеркостер од емоции е целиот процес, ама не си сама. Прашање на време е само. Ќе се случи кога тогаш.
Мило ми е што ти го разубавив денот, ова да ти е последен тмурен ден секој нареден да е што посончев и убав.
Вчера му се јавија на маж ми, ако може да почне порано на работа, колегата му се повредил. Еве сме дома, а имавме уште 5 дена за одмор Ама ај нема врска и онака почна да ми иде на нерви, а ми фалеа и моите, сестра ми, животните дома. На тема овулација Не осетив никакви болки за овулација, се до сабајлево. Нормално, ме закопка и одма по тест. Вечер или сабајле ќе биде овулацијата. Како што е редот, на 16 ден. Мечка страв мене не страв ќе пробаме еднаш, атер за тестов Сликава ја ставам да видите колку сум црна, тоа во позадина се моите нозе
Не сум напната ептен дека мора да биде. Ако биде, добредојдено е Први вие дознавате како и да е. Овој пат не кажувам на никој до срцева реакција. Ептен ги уништив моите, баби, дедовци, не ми е баш пријатно. Имам чувство дека мене ми "поминува", а моите остануваат да патат за своето дете. Така да, ако некоја ме знае шшшш.