Здраво девојки. 25 ден ми е од циклус, ми доаѓа на 32..33..34 дена. Минатиот месец немав болки у гради. Сеа еве ми почнаа, од вчера а и бодежи у матка.плус и мокрам многу. Да се надевам на убаво. Нели почнав да мерам со тестови за овулација ама не ми беа јасни и задоцнив ваљда ама бевме активни.. Ке видиме
Девојчиња здраво на сите Ве поздравувам сите. Не знам дали ќе се сетите на мене, бев тука еден период кога доживеав биохемиска и малку се дистамцирав оти ми беше тежок период после тоа… Но ете ме пак, во тешките денови за чекање… Праев тестови за овулација, ама не стигнав до пикот, на 12ти ден од циклус имав скоро иста боја што значи најверојатно на 13ти ден де случила овулацијата (обично ми е тогаш… но фатив стомачем вирус на 13ти ден и не бев во моќност да продолжам со тестовите покрај тоа повраќање). Односи имавме на 12тиот ден, па се надевам може има нешто, кој знае… симптоми имам, болни брадавици и доле како затегање и тапа болка… се плашам повторно заради таа биохемиска… Е сега во мисла ми е, дали смеам да возам точак периодов додека чекам? (Одам и се враќам од работа со него ништо претерано спортски)… Си правам филмови, немој да нема имплантација (ако се случило оплодување) ради возењето… ваше мислење?
Не си скратувај ништо додека си во обиди. Терај како да ништо не се случува. Ако решило да се фати, ќе се фати секако, ако не, и да лежиш 24 саати џабе ќе е. Без потреба не се оптеретувај.
Убаво ми доаѓа да слушнам совет од тебе, искрено. Ти си сила силосана и светла точка си ми.. верувам и дека ми го разбираш стравот…
Кажав и претходно, во периодот на 2 weeks wait месецот кога забременив јас бев поактивна од било кога. Возев точак и тоа брзо со група, не само за да стигнам од една до друга точка. Пешачев по жешко илјадници чекори дневно, трчав, ама буквално трчав 5+ киломентри низ аеродром за да се качам од еден на друг лет и пак се фати. Кога треба да биде ќе биде така да не се оптеретувај непотребно.
Јас со позитивен тест веќе 2 недели возам точак за на работа, некаде 20 км дневно ми се собираат со точак. Ако се чувствуваш ок нема потреба зошо да не возиш.
Фала ви многу на советите девојчиња. Знаат да ме опседнат мисли сега да не правам нешто погрешно што ќе наштетит па ова па она… еее мислачки еден куп! треба да не добијам околу 05/06 септември ако се има фатено, ама ќе правам порано тестови да фатам ако има нешто. Страв ми е поради таа биохемска, да не се повтори пак, за да знам да продолжам со испитувања…
Исто значи како мене. Ме фати стомачниот на 3 дена пред овулација. Кај мене како да се одложи овулацијата за цела една недела. Ова според исцедокот зборувам, зашто си ги истрошив лентите пред да настапи овулацијата. Е сега ми доцни во моментов едно 4 дена (а очекувам да ми доцни една недела). Инаку не сум бремена, сабајлево правев тест. Ако продолжи да ми доцни повеќе од недела дена, пак ќе направам тест.
Ако ти била доцна овулација, покасно е зачнато… ти пуштам среќа да не изненадиш со позитивен… Се надевам кај мене не се одложи овулацијата… па оплодивме една јајце клетка со тој единствен однос на 12тиот ден
Тивки сте ми нешто денес. Ова како затишје пред бура. Јас сум за (не) добивање во понеделник. Има некој друг за понеделник, или тука некаде, да си се бодриме?
Јас треба за 5 дена да добијам. И почнувам од почеток со сите испитувања, па здравје се надевам еден ден ќе дочекам две црти
Здраво девојки, ве читам и ви се радувам и бодрам сите на темата бременост. Имам едно детуле скоро две години ќе пуни и полека но сигурно се спремам за второ. Ме фаќа бејби треска и се осеќам спремна. Со првото видовме малку мака додека да останам а и немав баш најлесна бременост, тоа е се зад мене и со нови сили ќе се подружиме со вас тука.
Ајде израдувај не денес си позотивен тест и завлечи нога… И јас чекам… треба да не добијам за една недела…
Ви отстапувам место на вас за 2те цртки, јас официјално добив Сеа и така започнувам нова низа испитувања, па здравје.. Ајде скршете го мразот женски, ни фалат 2 цртки у групава
Мојава борба трае скоро 3 години. Не си давам надеж, зошто секогаш потоа многу се разочарував. Не сум многу активна тука, но постојано следам што се случува. Пред 7 месеци се преселив надвор од Македонија, па си реков сега ќе почнам со испитувања од почеток. Ново место, нови сили. Се надевам ти ќе ја разубавиш групата со две црти
Здраво женски дојде денот да пишам и јас дека сум бремена. Вчера 16дена по прва инсеминација си ги видов најубавите цртки на светот и тоа на најубавиот празник! Денес испитав бетата е 216. Ви посакувам ваква среќа на сите кои чекате а на тие кои веке сте бремени ви посакувам лесна и школска бременост
Честитки мила и лесна бременост да си имаш. Баш кога пишав некој да го скрши мразот . Многу се израдував навистина